Промовирани огласи »

Понекогаш навистина не ни се работи на сите нас. Особено кога позади нас е напорно завршена работна недела.

KARIERA.mk ви дава идеи што да правите, кога немате идеја, не сте фокусирани и не ви се работи:

1. Обидете се да се заинтересирате што работат колегите и дали им е потребна ваша помош за нешто. Ќе се зближите со колеги, а може и ќе направите нешто корисно.
2. Пронајдете он-лајн курсеви за вашата струка или литература која ќе ви помогне да се надоградите.
3. Прочистете го Inbox-от. Избришете ги старите мејлови, организирајте ги по фолдери, средете
4. Истражете го пазарот на работни места. И да ви се допаѓа вашата работа, треба да бидете во тек колкава е потребата од вашата професија и во што да се усовршувате.

Промовирани огласи »

Сонот е нешто што не може да се замени со ништо друго. Кафето и стимулансите можеби краткотрајно може да помогнат, меѓутоа сонот е едно од малкуте работи за кои човековото тело не е спремно за компромис.

Американката Ренди Гарднер постави рекорд за максимално останување будна, без користење на стимуланси од било каков тип. 18-годишната средношколка била будна точно 264,3 часа, односно 11 дена.

Една недела без сон сериозно може да наштети на говорот. Во оваа фаза, човекот кој не спиел не може да извршува многу активности, освен основните. Невроните во мозокот стануваат неактивни, срцето е изложено на поголем ризик од болести, а имунитетот прекинува да ги одбива вирусите.

Најдете време за одмор и одморете било кога ќе ви се отвори шанса за тоа. Освен изгледот кој е очигледно од сликите дека драстично се изменил, не може ни да замислите низ што поминуваат внатрешноста и функциите на еден човек

Промовирани огласи »

Вештачката интелигенција (ВИ) веќе рационализира и извршува многу од процесите наменети на луѓето. Овој месец, Саудиска Арабија даде државјанство на робот именуван Софија. Волмарт воведува нови вработени и тоа се роботи. Се повеќе се забележува вклученоста на оваа вештачка интелигенција во секојдневниот живот. Овие софистицирани компјутерски програми се одлични во препознавање на модели, планирање и адаптирање на начини еднакви на човековите мисли. За разлика од луѓето, кои може да се изморат, да им здосади работата дури и да донесат непромислени одлуки, ВИ се брзи, неуморни и ефективни. 

ВИ се повеќе се користат за да автоматизираат многу од човековите проекти. Некои од начините на кои ВИ може да ја подобри ефективноста на човековите ресурси се следниве:

  • Разгледува илјадници апликации побрзо - Празната работна позиција ја исцрпува вашата постоечка работна сила и го повредува моралот на компанијата. Кога доаѓа време за вработување, важно е да се пополни местото со вистинскиот човек што е можно побрзо. Разгледувањето и проверувањето на многуте апликации и биографии е напорна задача која неретко завршува со грешка кога се работи за луѓето. Но ВИ може да им заштеди на департманите за човечки ресурси дури и 23 часа работа по вработување преку анализирањето и користењето на софистицирани алгоритми со кои ќе им пристапи и евалуира на искуствата, знаењето и вештините на апликантите. 
  • Го зголемува процентот на задржување и продуктивност преку вработување на поквалификувани кандидати - Не само што ВИ го забрзува процесот на избор на кандидат и нуди непроценлива анализа, исто така ги користи тие податоци и за да го доведе вистинскиот кандидат на вистинското работно место. Алгоритмите на ВИ може да ги идентификуваат трагите на успешните работници и да бара кандидати со слични карактеристики за одредени работни позиции.
  • Ги намалува предрасудите во вработувањето - Додека дискриминацијата во процесот на вработување и потоа е противзаконски, вработените во секторот за човечки ресурси понекогаш не реализираат дека дозволуваат личните предрасуди да влијаат на процесот на вработување. На крајот на краиштата, ние сепак, сме само луѓе.  Од друга страна, ВИ воопшто не се програмирани да одбираат или не кандидати во зависност од годините, расата или полот. Исто така, ВИ немаат никакви програмирани предрасуди за или против одредени географски области, универзитети или организациони карактеристики. Овие фактори може да играат потсевсна улога во одлуките за вработување кога луѓето ги читаат биографиите. Со користењето на ВИ може да се намалат предрасудите и да се креира повеќе културно различна работна атмосфера. 
  • Рационализирање на вработените луѓе - Ново-вработените вообичаено имаат многу прашања кои се однесуваат за бенефициите, платеното време надвор од работно време и за политиката на компанијата. ВИ може да ги одговори сите овие прашања кои постојано се повторуваат, ослободувајќи ги одговорните во човечки ресурси од овие задачи за да може да се посветат на тренинзи и обуки. ВИ исто така може да асистира и со документацијата за ново-вработените, дозволувајќи им на на нив за работат побрзо. 
  • Создава опис на работно место - Денешниот софтвер на ВИ може да им помогне на рекрутерите за го креираат совршениот опис на работно место. Постојат програми кои препознаваат родови предрасуди во огласите и на тој начин може да им помогнат на рекрутерите да одберат неурален говор. 
  • Ја подобрува и гради подобра врска на вработениот со компанијата - ВИ не е само корисна кога се работи за вработување, туку може да го збогати и веќе постоечкиот однос со претпоставените. Од организирани состаноци до тренинзи за вработените, денешната технологија на ВИ ги скенира честите бизнис процеси и ги елиминира шансите за човечка грешка. 
  • Заштедува време - ВИ им помага на рекрутерите и одговорните во човечки ресурси да заштедат време и да ја зголемат ефикасноста. Менаџерите за човечки ресурси кои не користат автоматизам за задачите како потрага по апликации, објава на отворена работна позиција, тренинг и слично, губат просечно 14 работни часови неделно завршувајќи ги овие обврски рачно. ВИ може да ви заштеди време и пари, доколку ја поседувате во вашата компанија.

Зошто се уште се потребни луѓето?

ВИ е беспрекорна кога се работи за процесирање на податоци и препознавање на модели, комплетирајќи ги овие функции побрзо и поефикасно отколку што би можел човекот, правејќи ја многу корисна алатка за сите аспекти на департманот за човечки ресурски.

Но делот „човечки“ од терминот човечки ресурси не треба да се потценува. Од процесот на донесување на конечната одлука до пронаоѓање на креативни начини за да се задржат вработените, директорите на човечки ресурси ги знаат нивните вработени и нивната организација на начин кој за ВИ е непознат. ВИ е авотматизирана во повторување задачи, давајќи им на тимот за човечки ресусри повеќе време за да ги запознае вработените, да ја сподели културата на компанијата и да обрни внимание на проблеми и нивно решавање. 

За крај, на секој вработен не му одговара прифаќањето на непознати технологии. Вработените во човечки ресурси може да ја олеснат оваа транзиција кон ВИ, покажувајќи им на нивните вработени дека користењето ВИ во департманот за човечки ресурси може да им помогне скоро на сите во работниот простор да станат попродуктивни и поефикасни. 

Промовирани огласи »

Идејата за промена на времето најпрво доаѓа од Бенџамин Френклин. Тој пишува писмо до уредникот на весникот "Париз журнал" во 1784 година. Тој му нуди на ПСЖ да стануваат и да си легнуваат порано. Во пракса идејата е приложена од германската влада за време на Првата светска војна во периодот од 30 април - 1 октомври 1916 година а Велика Британија е втората држава, која во почетокот воведува летно сметање на времето од 21 мај до 1-ви октомври 1916 година..

Преминувањето од летно кон зимно сметање на времето освен што штеди енергија, чисто економски, им обезбедува на луѓето повеќе светлина и ја зголемува активноста. Според многу експерти сепак, промената на времето има негативно влијание врз нашето здравје, бидејќи промената го вознемирува внатрешен биолошки часовник. Некои сметаат дека враќањето на часовникот за еден час наназад може да доведе до заострување на хроничните заболувања и депресија, додека други експерти објаснуваат дека тоа се должи единствено на авто-сугестија.

Всушност преминот кон зимно време не влијае значително влијание на здравјето на луѓето, но може да го расипе нивното расположение, објаснуваат научниците. 

Истражувањата покажуваат дека еден или два дена по промената на стрелките, луѓето можат да го уништат расположението. Транзицијата од летото кон зимата може да му предизвика на организмот дефинитивно напон, нарушување во спиењето, зголемен ризик од ментални болести и сообраќајни несреќи. 119 земји го преместуваат часовникот секоја пролет и есен. Има и земји кои не го прават тоа - Јапонија, Кина, Сингапур, Естонија, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистанци, Казахстан, а од неодамна и Русија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »