Промовирани огласи »

Идејата за промена на времето најпрво доаѓа од Бенџамин Френклин. Тој пишува писмо до уредникот на весникот "Париз журнал" во 1784 година. Тој му нуди на ПСЖ да стануваат и да си легнуваат порано. Во пракса идејата е приложена од германската влада за време на Првата светска војна во периодот од 30 април - 1 октомври 1916 година а Велика Британија е втората држава, која во почетокот воведува летно сметање на времето од 21 мај до 1-ви октомври 1916 година..

Преминувањето од летно кон зимно сметање на времето освен што штеди енергија, чисто економски, им обезбедува на луѓето повеќе светлина и ја зголемува активноста. Според многу експерти сепак, промената на времето има негативно влијание врз нашето здравје, бидејќи промената го вознемирува внатрешен биолошки часовник. Некои сметаат дека враќањето на часовникот за еден час наназад може да доведе до заострување на хроничните заболувања и депресија, додека други експерти објаснуваат дека тоа се должи единствено на авто-сугестија.

Всушност преминот кон зимно време не влијае значително влијание на здравјето на луѓето, но може да го расипе нивното расположение, објаснуваат научниците. 

Истражувањата покажуваат дека еден или два дена по промената на стрелките, луѓето можат да го уништат расположението. Транзицијата од летото кон зимата може да му предизвика на организмот дефинитивно напон, нарушување во спиењето, зголемен ризик од ментални болести и сообраќајни несреќи. 119 земји го преместуваат часовникот секоја пролет и есен. Има и земји кои не го прават тоа - Јапонија, Кина, Сингапур, Естонија, Узбекистан, Таџикистан, Туркменистанци, Казахстан, а од неодамна и Русија.

Промовирани огласи »

Трошоците за домување се прекумерен товар за 12,3 отсто од македонските домаќинства, покажуваат податоците на Евростат. Овие трошоци ги вклучуваат давачките за комунални услуги како струја, вода, греење, гас и друго, но исто така и станарините, кириите или ратите за станбен кредит. Според статистичките норми, овие трошоци се сметаат за прекумерен товар кога тие претставуваат повеќе од 40 отсто од расположливиот приход на едно домаќинство.

Спо­ред по­да­то­ци­те на Др­жав­ни­от за­вод за ста­тис­ти­ка, ед­но про­сеч­но ма­ке­дон­ско до­ма­ќин­ство во 2016 го­ди­на има­ло на рас­по­ла­га­ње 364.070 де­на­ри (5.919 ев­ра), а од нив нај­го­лем дел или 40,7 от­сто троши на хра­на и без­ал­ко­хол­ни пи­ја­ла­ци. След­на­та го­ле­ма трош­ков­на став­ка за ма­ке­дон­ски­те до­ма­ќин­ства е пла­ќа­ње­то на ста­на­ри­на­та, во­да­та, елек­трич­на­та енер­ги­ја и дру­ги ко­му­нал­ни ус­лу­ги. Таа зафаќа 13,6 отсто од вкупните приходи.

Пресметката покажува дека от­ка­ко ќе се пот­ро­шат повеќе од по­ло­ви­на од при­хо­ди­те за да се на­пол­ни сто­ма­кот и да се пла­тат смет­ки­те, ос­та­ну­ва мно­гу мал­ку за дру­ги­те пот­ре­би, па за­тоа и про­цен­тот што се од­во­ју­ва за тоа е мно­гу ни­зок.

Промовирани огласи »

Утре е понеделник, тимот на КАРИЕРА.мк одлучи да ви укаже на некои работи кои ви го одвлекуваат времето и ве прават помалку продуктивни.

Дозволувате мејлот да ви го одвлекува вниманието

Во средина на завршување на обврските, ви пристигна мејл и веднаш скокнавте да видите која е нговата содржина. Престанете да го правите ова. Мејлот е впрочем алатка која е измислена да чека.

Ова е комуникација која во модерниот свет чека до 24 часа за одговор според некои бизнис стандарди.

Не знаете кога да се исклучите

Канцеларијата знае да биде многу не продуктивно место токму поради гласните колеги. Понекогаш е многу тешко да се исклучите од разговорите кои ги прават колегите.

Посебно, кога една од колешките зборува како си поминала викендот во новиот кафич во градот или пак каква била свадбата која толку многу ја очекувал братот на невестата кој ви е најдобар колега.

Почнувате многу обврски оддеднаш

Колку пати влегле странки кога сте биле најмногу фокусирани и тотално ви го одвлекле вниманието? Имајте на ум дека некои обврски имаат приоритет и направете редослед на задачите кои ги имате во текот на денот.

Сите успешни луѓе прават листа на задачи а уште подобро ќе биде доколку поставите и редослед на истите.

Промовирани огласи »

Кога помислуваме на крстарење со брод, првите нешта кои ни паѓаат на памет се морските бранови, сончањето, многубројните забавни активности и лудиот ноќен живот.

Малкумина помислуваат на вредните луѓе коишто работат на бродот со цел да ви ги обезбедат сите удобности за кои сте платиле.

Доколку помислувате да станете дел од екипажот којшто се грижи за бродот и неговите патници, добро е да размислите пред да ја прифатите работната позиција, бидејќи како и секоја работа, така и оваа има свои предности и недостатоци.

Негативни страни од работата на брод:

Договорите за работа на брод најчесто се склучуваат на неколкумесечен период (од 4 до 6 месеци, со можност за продолжување до 9 месеци). Бидејќи ова подразбира подолго отсуство од дома, доколку сте мажени/женети или со деца, ова дефинитивно нема да ви биде лесна одлука.

- Носталгијата по родната земја и домашните, како и пријателите е само уште еден дополнителен аспект за оние кои тешко се одвојуваат од блиските.

- Морската болест е само еден од проблемите со кои може да се соочите при првото стапнување на бродот, особено доколку станува збор за помал брод. Секако, постојат апчиња кои ќе ви помогнат да го надминете проблемот со гадење и мачнини, и сè е до навиката, иако има луѓе кои навистина тешко се соочуваат со брановите.

- Заборавете на зборот приватност додека работите на брод. Најчесто треба да ја делите кабината со минимум еден, а понекогаш и повеќе членови на екипажот. Подгответе се за фактот дека ќе имате најмалку еден или повеќе цимери, кои многу лесно може да не ви се погодат.

- Кога сме кај цимерите многу веројатно е дека тие ќе бидат од друга држава, па проблемите со комуникацијата на почетокот се многу реални поради јазичните бариери. Дополнително, сосема различните распореди за работа може исто така да создадат проблем.

- Нема да имате премногу слободно време како што си замислувате. Заборавете на 40-те работни часови неделно на кои сте навикнати. Многу често откако ќе го завршите својот работен ангажман ќе добиете и други задолженија, така што работата на брод е навистина напорна.

- Немате исти привилегии како патниците. Всушност, прилично ограничени сте со забавните активности, и наспроти популарното убедување и верување нема да може да го поминете целиот слободен ден сончајќи се покрај базенот. Ограничени сте и со изборот на храна.

Позитивни страни од работата на брод:

- Ќе заштедите прилично многу пари. Со оглед на фактот што сместувањето и храната ви се веќе обезбедени и немате сметки за плаќање, освен ако не се расфрлате на некои луксузи, навистина немате на што да ги трошите најголем дел од парите.

- Ќе запознаете многу нови луѓе. Бродскиот екипаж е составен од многу националности од целиот свет, ќе остварите многу контакти, ќе ви се отворат погледите и ќе основате многу пријателства.

- По успешното завршување на еден работен договор на брод, доколку сте се покажале како добар работник, многу веројатно е дека веднаш ќе ви го обноват договорот или ќе ви понудат нов и подобар.

- Доколку сте биле сингл кога сте ја започнале работата на брод, многу веројатно е дека ќе си пронајдете партнер, или вашиот иден сопруг/а. Романсата на брод е секако неизбежна.

- Секако, постојат многу дополнителни бенефиции за некој којшто работи на брод:

Ќе добиете дополнителни попусти и поволности за крстарења на брод за вас и вашето семејство.
Бесплатно одржување на облеката.
Бесплатно медицинско осигурување и обезбедена нега на бродот.
Попусти во продавниците, баровите и рестораните на бродот.

Многу луѓе сметаат дека работата на брод е прилично кул идеја, без оглед на неколкуте негативни аспекти.

Но, никогаш нема да знаете како се чувствувате во врска со овој тип на работа додека не пробате, бидејќи може да испадне совршениот избор за вас.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »