Промовирани огласи »

Кога помислуваме на крстарење со брод, првите нешта кои ни паѓаат на памет се морските бранови, сончањето, многубројните забавни активности и лудиот ноќен живот.

Малкумина помислуваат на вредните луѓе коишто работат на бродот со цел да ви ги обезбедат сите удобности за кои сте платиле.

Доколку помислувате да станете дел од екипажот којшто се грижи за бродот и неговите патници, добро е да размислите пред да ја прифатите работната позиција, бидејќи како и секоја работа, така и оваа има свои предности и недостатоци.

Негативни страни од работата на брод:

Договорите за работа на брод најчесто се склучуваат на неколкумесечен период (од 4 до 6 месеци, со можност за продолжување до 9 месеци). Бидејќи ова подразбира подолго отсуство од дома, доколку сте мажени/женети или со деца, ова дефинитивно нема да ви биде лесна одлука.

- Носталгијата по родната земја и домашните, како и пријателите е само уште еден дополнителен аспект за оние кои тешко се одвојуваат од блиските.

- Морската болест е само еден од проблемите со кои може да се соочите при првото стапнување на бродот, особено доколку станува збор за помал брод. Секако, постојат апчиња кои ќе ви помогнат да го надминете проблемот со гадење и мачнини, и сè е до навиката, иако има луѓе кои навистина тешко се соочуваат со брановите.

- Заборавете на зборот приватност додека работите на брод. Најчесто треба да ја делите кабината со минимум еден, а понекогаш и повеќе членови на екипажот. Подгответе се за фактот дека ќе имате најмалку еден или повеќе цимери, кои многу лесно може да не ви се погодат.

- Кога сме кај цимерите многу веројатно е дека тие ќе бидат од друга држава, па проблемите со комуникацијата на почетокот се многу реални поради јазичните бариери. Дополнително, сосема различните распореди за работа може исто така да создадат проблем.

- Нема да имате премногу слободно време како што си замислувате. Заборавете на 40-те работни часови неделно на кои сте навикнати. Многу често откако ќе го завршите својот работен ангажман ќе добиете и други задолженија, така што работата на брод е навистина напорна.

- Немате исти привилегии како патниците. Всушност, прилично ограничени сте со забавните активности, и наспроти популарното убедување и верување нема да може да го поминете целиот слободен ден сончајќи се покрај базенот. Ограничени сте и со изборот на храна.

Позитивни страни од работата на брод:

- Ќе заштедите прилично многу пари. Со оглед на фактот што сместувањето и храната ви се веќе обезбедени и немате сметки за плаќање, освен ако не се расфрлате на некои луксузи, навистина немате на што да ги трошите најголем дел од парите.

- Ќе запознаете многу нови луѓе. Бродскиот екипаж е составен од многу националности од целиот свет, ќе остварите многу контакти, ќе ви се отворат погледите и ќе основате многу пријателства.

- По успешното завршување на еден работен договор на брод, доколку сте се покажале како добар работник, многу веројатно е дека веднаш ќе ви го обноват договорот или ќе ви понудат нов и подобар.

- Доколку сте биле сингл кога сте ја започнале работата на брод, многу веројатно е дека ќе си пронајдете партнер, или вашиот иден сопруг/а. Романсата на брод е секако неизбежна.

- Секако, постојат многу дополнителни бенефиции за некој којшто работи на брод:

Ќе добиете дополнителни попусти и поволности за крстарења на брод за вас и вашето семејство.
Бесплатно одржување на облеката.
Бесплатно медицинско осигурување и обезбедена нега на бродот.
Попусти во продавниците, баровите и рестораните на бродот.

Многу луѓе сметаат дека работата на брод е прилично кул идеја, без оглед на неколкуте негативни аспекти.

Но, никогаш нема да знаете како се чувствувате во врска со овој тип на работа додека не пробате, бидејќи може да испадне совршениот избор за вас.

Промовирани огласи »

Според извештајот на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), со оглед на бројот на активната работна сила, бројот на жители и работните места, овие земји нудат најдобра перспектива за лицата кои бараат работа. Ова е редоследот на земји во кои е најлесно да се дојде до работа:

Исланд

Оваа земја има ист сооднос на вработени мажи и жени, но и најголем број на ново отворени работни места. Покрај тоа, во Исланд, повеќето луѓе работат две или повеќе работни места истовремено, со скратено работно време. Стапката на невработеност изнесува ниски 4 отсто.

Шведска
Втората по ред земја е Шведска каде стапката на невработеност изнесува околу 7,4%. Причина за малку поголемата стапка на невработеност лежи во големата помош за невработените.

Норвешка

Оваа земја е оценета како една од најперспективните во потрагата по работа и за жените и за мажите. Факултетските дипломи се сметаат за голема предност при вработување. Стапката на невработеност изнесува 4,39%.

Колумбија

Оваа земја е погодна за брзо вработување, но само за мажите, кои го сочинуваат поголемиот дел од активната работна сила, додека за жените е многу потешко да најдат работа. Стапката на невработеност е околу 9%. Единствената пречка? Понизок животен стандард.

Естонија

Поранешната комунистичка земја денес покажува развојни трендови и станува лидер на Источна Европа. Стапката на невработеност изнесува околу 6,2%. Останатите пет земји се следниве:

Русија, каде стапката на невработеност изнесува околу 6,2%.

Нов Зеланд, каде стапката на невработеност изнесува околу 5,25%

Швајцарија, каде стапката на невработеност изнесува околу 4,46%.

Финска, каде стапката на невработеност изнезува околу 9,5%.

Канада, каде стапката на невработеност изнесува околу 6,9%.

Промовирани огласи »

„До вработување се доаѓа со: Партиска книшка, врски, образование или напорна работа?“. 

Ретко кој ги пропуштил рекламите кои деновиве кружат низ Скопје и ги “скокоткаат“ политичките елити.

Прашањето (или поточно кажано рекламната-провокација) е дел од промо кампањата за емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија, која покрај автобусите како комуникациски канал ги користи и социјалните мрежи.

Copy-то, пак, кое навистина вроди со плод е „До кога политичарите ќе бегаат од дебата?”. Кога пред очи постојано ви кружи ова “прашање кое содржи и констатација“, ќе сфатите дека да, досега политичарите навистина долго ги избегнуваа политичките дуели и соочувањето со неистомислениците и опонентите. Оваа провокација очигледно беше сериозно забележана и од самите политичари, па ете, придонесе кон значителен чекор напред кон подобро веќе по една недела од кампањата.

Во студиото на „Само вистина“ предизборно се соочија скоро сите противнички кандидати за градоначалници, а изминатата недела имаше дебати, односно присуство од двете најголеми политички партии.

Гостуваа aналитичари, експерти и политиколози кои до вчера не ни помислиле да се појавуваат на телевизија. Острата реторика на веб и Out Оf Home кампањата на „Само вистина“ вроди со плод!

За поздрав е вложувањето во овој тип комуникација, вложувањето во промена на свеста кај политичарите и општо на медиумската сцена кај нас. За поздрав е одлуката да се “агитира“ за демократизирање и објективност. Се надеваме дека и останатите ќе го следат овој позитивен пример на дебатната емисија.

Извор: https://marketing365.mk/

Промовирани огласи »

Ерата на Apple како омилена компанија на Американскиот народ може да се приближува кон крајот. Според истражување спроведено од The Verge, Apple се наоѓа некаде на средината помеѓу Facebook, Microsoft, Google и Amazon кога се работи за инспирирање на страст и доверба кај потрошувачите. Apple се наоѓал позади Google во две категории и далеку позади Amazon, што добил позитивни одговори во скоро од секоја од наведените категории. 

Истражувањето, кои било извршено од 28 септември до 10 октомври и вклучувало 1520 луѓе како национален репрезентативен примерок. Добиените резултати покажуваат дека, иако се уште една од највлијателните компании на пазарот, испитаниците поретко покажале позитивни искуства од производите на Apple, а и во неколку случаеви имало и повеќе негативни мислења.

Она што зборува повеќе за моменталната ситуација на Apple се појавило во категориите на желба кон производот и социјално влијание. За желба. која била мерена преку прашањето колку на испитаниците би им било грижа ако компанијата исчезне утре, Apple била последна на листата, каде помалку од 40% од испитаниците одговориле дека би им било многу грижа. 

Фактите зборуваат дека и покрај постојаните докази за зачувување на приватноста на корисниците, рекордни приходи и вреднувања на производите како и репутацијата на самата компанија, Apple се чини дека била надмината од компании кои секојдневно ја зголемуваат својата вредност кај потрошувачите. Ниту Google или Amazon навистина се натпреваруваат со Apple кога се работи за одредени категории како десктоп компјутери и smart часовници, но и двете компании имаат доминатни позиции во области далеку порелевантни за нашето дигитално постоење

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »