Лидерството постои врз основа на ефективна комуникација, водење од почетокот и будење на најдоброто во индивидуите во согласност со нивните способности. Една суштинска карактеристика која лидерот мора да ја поседува е умешноста на дипломатијата.
Единствено одличен лидер може генерално да ги разбере барањата на водење или режирање на начин кој сите ќе го следат без чувство на инфериорност или изоставеност. Тактиката или дипломатијата може да биде искористена за да се оствари огромна цела, но намерата позади дипломатијата игра клучна улога. Почнувајќи со преговарањето до заклучокот, сите процеси во меѓувреме може да бидат склучени со дипломатија. Ова, не само што доведува до подобрување на врските но води и до меѓусебна доверба и почит. Оттаму доаѓаат и зголемените шанси за успех и прогрес.
Што е дипломатија?
Дипломатијата во лидерството се однесува на користењње на фактите на таков начин што преговарањето, политиките, конфликтите, интересите и користите се согласно донесени однапред и двете страни се задоволни од донесените одлуки. Ова е уникатен збир на вештини кои некои луѓе ги поседуваат природно додека другите ги учат и развиваат преку практика и грешки. Во дипломатијата се се врти околу разбирањето дека сите страни имаат чувства, мислења и идеи вклучени во процесот на работа.
Кои се бенефитите кои еден дипломатски лидер би можел да ги оствари како за себеси, така и за својата организација?
Градење доверба и почит
Ниту една организација не може да функционира беспрекорно доколку не постои меѓусебна доверба и почит помеѓу вработените, работодавачите и нивните клиенти. Се додека не постојат овие клучки карактеристики во компанијата, пакетот на цели и стандарди на компанијата не може да биде оформен. Дипломатските лидери знаат кога и колку далеку да одат, а кога не. Нивната цел не е штета на себеси ниту на било која страна, само да дојдат до врвот на чесен начин. Ова е причината зошто обрнуваат внимание на секој детал и дека се подготвени на прифатат критики кои може да доведат до успех. Најдобриот дел е што дипломатските лидери ја знаат вредноста на ценењето на вработените, покажувањето на добро завршената работа и нивното охрабрување.
Етика од највисок ранг
Една од најдобрите работи кои дипломатскиот лидер е способен да ги прави е да ја одржува етиката на највисоко ниво. Тие имаат стандрадизиран сет од правила и регулации. Можеби од страна да изгледаат како едноставна задача, но може да се покаже доста комплицирано затоа што компромисот помеѓу двете страни мора да биде донесен. Согласувањето на барањата на двете страни додека се поседува највисоко ниво на етика може да биде остварено само од добар лидер.
Потрага по прифатливи решенија
Лидерот има разбирање дека сите кои се вклучени во работата имаа почит и идеа за тоа какви треба да бидат нештата. Тие се отворени кон слушање на секаков вид на мислења и предлози без да исклучат никого. Но, она што го одделува лидерот од менаџерот е дека тие се способни да направат сите да работат со нивниот полн капацитет на начин да нема корист само компанијата, туку и тие самите. Дипломатските лидери знаат дека само среќен работник е продуктивен работник и тоа е причината зошто се интересираат за вработените уште од самиот почеток.
Комуникацијата е клучна
Ова е најважно - ако постојано употребувате ваши идеи и мислења, никогаш нема да сте способни за слушнете што другите имаат да понудат. Дозволете им на дадат нивни сугестии, предлози, мислења, идеи и разработете ги. Никогаш не знаете кога некој од вработените би смислил нешто подобро или попродуктивно.