Иако Google тврди дека оваа промена е направена на барање на корисниците, не е сигурно како мнозинството ќе реагира на нив.
Ако ја користите услугата за е-пошта на Google, Gmail и друга услуга за е-пошта во исто време, веројатно сте забележале дека пребарувањето со Google е многу побрзо и попрецизно отколку кај другите услуги.
Имено, од Google најавија дека ќе го променат начинот на кој работи пребарувачот во рамките на Gmail. Така, резултатите веќе нема да се подредуваат хронолошки, од последната примена е-пошта со пребаруваниот клучен збор, до постарите. Не, Google воведува „врвни резултати“, односно на самиот врв на страницата со резултати од пребарувањето ќе има мејлови кои Google мисли дека корисникот сака да ги види, односно да ги бара.
Како што објаснуваат од оваа компанија, ќе ги анализира мејловите кои пристигнале последни во комбинација со терминот што го бара корисникот, како и „некои други релевантни фактори“ за да го даде најдобриот резултат од пребарувањето. Но, прашањето е – за кого најдобро?, пишува хрватски Дневник.
Останатите резултати, според Google, ќе се појават во долниот дел на екранот, подредени хронолошки, како што се појавуваа до сега.
Google тврди дека оваа промена дошла од самите корисници кои сакале „подобри резултати од пребарувањето“.
Како и да е, промените се неизбежни, па корисниците кои користат Gmail преку мобилната апликација први ќе уживаат во новите резултати од пребарувањето Inbox. Промените треба да бидат имплементирани ширум светот во следните две недели.
Она што Google не го кажа е дали и кога овој начин на прикажување на резултатите од пребарувањето во Inbox ќе биде видлив и на компјутерите.