Промовирани огласи »

Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место од 66 во тетовскиот регион и 28 во гостиварскиот.

Осум од нив односно пет во Тетовско и три во Гостиварско биле за над 70 километри повеќе од максималната брзина, меѓу кои двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. СВР Тетово со апел до возачите да не возат пребрзо, зашто најголемиот број и од годинашните сообраќајни несреќи се резултат на неприлагодена брзина според условите на патот и пред се оние со најтешки последици, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Во контролата 21 возило пречекорило од 50 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-11) и така натаму.При контролата санкционирано е едно пречекорување на пропишаната брзина во населено во Тетово и осудм други видови сообраќајни прекршоци во истиорт град. 

Промовирани огласи »

Просечната нето плата во Македонија изнесува 34.925 денари, односно околу 568 евра, а според податоците на „Н1“ тоа е најниската плата во споредба со останатите земји од поранешна Југославија.

Пред нас е Босна и Херцеговина со просечна нето плата од 644,23 евра, по што следи Србија со 729 евра и Црна Гора со 781 евро.

Во Хрватска просечната нето плата е 1.130 евра, додека во Словенија се заработува највисока плата од дури 1.423,75 евра месечно.

Промовирани огласи »

Сите оние кои со своите автомобили тргнуваат кон омилените грчки летувалишта се заинтересирани за цените на горивото. Информациите велат дека на српските бензински пумпи горивото е поскапо во споредба пумпите во Македонија и Грција.

Српските медиуми деновиве информираат за цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот. Според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од мај, најевтин бензин се плаќа во Македонија,а Србија е некаде на средина. Најскап е бензинот во Грција. Дизел во Македонија се точи по најниски цени, а најска во Грција и Албанија.

Цени на бензинот евро премиум БМБ 95 за литар во Македонија чини 1, 308 евра, во Бугарија 1.288 евра, Босна и Херцеговина 1.322 евра, Хрватска со 1.450 евра, Словенија со 1.380 евра, Србија 1.518 евра, Црна Гора 1.490 евра,

Албанија 1.571 и Грција 1.865 евра.

Според податоците на GlobalPetrolPrices.com цени на дизелот за литар во Македонија се 1.121 евро, во Бугарија со 1.236 евра,Хрватска -1.440 евра, Босна и Херцеговина -1.245 евра,Црна Гора- 1.340 евра, Србија -1.578 евра, Грција- 1.556 евра, Албанија – 1.571 евра и Италија 1.662 евра.

Промовирани огласи »

Просечната плата во Црна Гора без даноци и придонеси во април, според податоците на Монстат, изнесувала 786 евра и била за 0,6 отсто повисока од март.

Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 11,2 отсто.

Просечната бруто плата во април била 978 евра.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во април во однос на март бележат раст од 0,2 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат раст од 0,4 отсто“, се наведува во соопштението, пренесува Мина.

Просечните плати без даноци и придонеси во април се зголемени во однос на март во секторите уметнички, забавни и рекреативни дејности за пет отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,1 отсто, здравствена и социјална заштита за 1,8 отсто, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 1,7 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство и стручни, научни и технички дејности по 1,6 отсто.

Раст е забележан и во секторите управни и помошни услужни дејности 1,5 отсто, рударство и вадење камен 1,4 отсто, државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување 1 отсто, градежништво и транспорт и складирање по 0,6 отсто, преработувачка индустрија и услуги сместување и храна 0,3 по проценти и образование 0,2 проценти.

Пад на нето заработката во април, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите бизнис со недвижности за 5,6 отсто, информации и комуникации за 3,1 отсто, останати услужни дејности за 2,7 отсто, финансиски и осигурителни дејности за 0,5 отсто, вода снабдување и управување со отпадни води 0,1 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »