Просечната плата во Црна Гора без даноци и придонеси во април, според податоците на Монстат, изнесувала 786 евра и била за 0,6 отсто повисока од март.
Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 11,2 отсто.
Просечната бруто плата во април била 978 евра.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во април во однос на март бележат раст од 0,2 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат раст од 0,4 отсто“, се наведува во соопштението, пренесува Мина.
Просечните плати без даноци и придонеси во април се зголемени во однос на март во секторите уметнички, забавни и рекреативни дејности за пет отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,1 отсто, здравствена и социјална заштита за 1,8 отсто, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 1,7 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство и стручни, научни и технички дејности по 1,6 отсто.
Раст е забележан и во секторите управни и помошни услужни дејности 1,5 отсто, рударство и вадење камен 1,4 отсто, државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување 1 отсто, градежништво и транспорт и складирање по 0,6 отсто, преработувачка индустрија и услуги сместување и храна 0,3 по проценти и образование 0,2 проценти.
Пад на нето заработката во април, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите бизнис со недвижности за 5,6 отсто, информации и комуникации за 3,1 отсто, останати услужни дејности за 2,7 отсто, финансиски и осигурителни дејности за 0,5 отсто, вода снабдување и управување со отпадни води 0,1 отсто.