Промовирани огласи »

Жените се посклони кон расправии на работното место со друга жена, отколку со колега, тврдат резултатите од едно истражување.

Мажите и жените се подеднакво склони кон проблематични односи со колегите, но жените се тие кои почесто се караат меѓу себе.

Од друга страна, жените кои имале пријателки на работното место полесно ги решавале проблемите и не влегувале во кавги, покажала студијата објавена во списанието “Organization Science”.

Џенифер Мерлузи, професорка на Универзитетот во Вашингтон испитувала 145 вработени на највисоките позиции во менаџментот во две големи компании. Одговорите подразбирале дека жените се оние кои имале повеќе проблеми меѓу себе, за разлика од нивните машки колеги.

Мерлузи истакнува дека познавањето на меѓусебните социјални односи на вработените може да помогне да се спречат потенцијалните кавги и проблеми на работното место.

Инаку, сосема спротивно на оваа студија, посебна студија објавена во списанието “INFORMS” покажала дека жените кои го истакнуваат своето деколте се многу подобри шефови бидејќи изгледаат помоќно.

Промовирани огласи »

Денес е петок, уште еден крај на работната недела.

Токму заради тоа, KARIERA.mk ве советува вечерва да посветите внимание на вашите стапала за се почувствувате целосно релаксирани:

1 чекор: Ревитализирачка купка

Отстранете го лакот од ноктите и потопете ги стапалата во ревитализирачка купка, пет до десет минути. Купката за стапала можете и сами да ја подготвите. Наполнете поголем леген со еднакво количество млеко и вода и додајте неколку капки масло од лаванда.

2 чекор: Обликување на ноктите

Втријте малку средство за заноктици во коренот на ноктите и потиснете ја здебелената кожичка во тој дел – тоа направете го со специјалната алатка од педикир-сетот, направена од природно дрво. Со турпија обликувајте ги ноктите за да спречите нивно враснување.

3 чекор: Пилинг

Наполнете го легенот со чиста вода и добро истругајте ги стапалата со турпија или со камен за петици, за да го отстраните мртвиот слој клетки од кожата.

4 чекор: Маска

Откако ќе ги измиете со чиста вода, во стапалата и во потколениците втријте хидратантна маска. Почекајте десетина минути и измијте ги нозете под млаз вода.

5 чекор: Хидратација

Избришете ги стапалата со крпа (никако со енергично триење!) и намачкајте ги со хидратантен крем, нежно масирајќи ги. Потоа, раширете ги прстите со мек сепаратор, отстранете ги остатоците од лосионот со памукче и намачкајте ги ноктите со основниот слој од лакот.

6 чекор: Лакирање

На секој нокт лакот нанесувајте го во три ленти – централна, и по една од секоја страна – и тоа од коренот до врвот на ноктот. По две минути, нанесете втор слој од лакот, па трет, завршен.

Промовирани огласи »

Живот е навистина краток, па споделуваме неколку работи за кои не треба да размислувате пред да ги направите туку комплетно да му се препуштите на животот:

Превземете нешто што никогаш не сте го направиле

Ако секогаш одите на исти места или патувате по истиот пат, животот ќе ви биде здодевен. Тргнете каде што вообичаено не одите и подгответе се за нови и интересни доживувања.

Ризик од одбивање

Ви се допаѓа некое момче? Па тогаш, зошто чекате? Пријдете му, запознајте се! Не мора да чекате тој да ги направи првиот чекор. Најлошото што може да ви се случи е да бидете одбиени, односно да не ви се случи нешто со него.

Во никој случај не смеете да бидете егоисти и да се плашите од одбивање, бидејќи така секојдневно пропуштате шанси да ви се случи нешто неверојатно.

Ризикувајте за да истражувате

Повеќе не сте среќни на вашето работно место или пак со сегашниот партнер? Животот е многу краток, не дозволувајте да ви помине по прописи кои на вас не ви одговараат. Живејте слободно и дишете со полни гради!

Ризикувајте да не ја добиете работата

Сте завршиле додипломски, пост-дипломски и курс за некој странски јазик. Следен чекор е да ја најдете работата од соништата, но тоа не оди баш така како што сте си замислувале додека бевте дете. Бидете подготвени да одите на многу разговори, интервјуа, да бидете одбиени и разочарани, па дури потоа може да ги остварите своите соништа.

Важно е да не се откажете на почетокот, бидејќи така сигурно нема да го добиете тоа што го сакате.

Ризикувајте да пропуштите нешто

Се плашите дека ако се вработите ќе станете досадни во друштвото, дека нема да имате ниту сила, ниту време за излегување и дека само ќе сонувате за луди авантури и непреспиени ноќи.

Веројатно тоа е точно, но мора да жртвувате нешто за да добиете нешто повеќе. Ако претходно сте се забавувале, сега е време за работа, а потоа ќе може да уживате во она што сте го заработиле.

Промовирани огласи »

Од ЕВН Македонија велат дека работат на подготовките за воведување на евтината тарифа, но како што потенцираат од таму пред да се почне со прилагодување на 800.000 броила, треба да се направат одредени тестирања и дека целиот процес би требало да заврши до крајот на октомври.

Евтината струја ќе станува достапна за граѓаните етапно, според читачките групи или практично некои од потрошувачите ќе добијат евтина струја во текот на денот на петти, други на петнаесетти, а трети на 25. октомври.

Целиот процес ќе биде спроведен во реони и во отчитувачки групи. Ќе го информираме секој корисник поединечно во кој период ќе му биде адаптирано броилото за мерење на евтината дневна тарифа. Мора нашите екипи да пристапат на терен, да има физички контакт со броилото за да може да се направи сетирање на броилата. До крајот на месец октомври ќе биде спроведена целата операција, велат од ЕВН Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »