Промовирани огласи »

Од ЕВН Македонија велат дека работат на подготовките за воведување на евтината тарифа, но како што потенцираат од таму пред да се почне со прилагодување на 800.000 броила, треба да се направат одредени тестирања и дека целиот процес би требало да заврши до крајот на октомври.

Евтината струја ќе станува достапна за граѓаните етапно, според читачките групи или практично некои од потрошувачите ќе добијат евтина струја во текот на денот на петти, други на петнаесетти, а трети на 25. октомври.

Целиот процес ќе биде спроведен во реони и во отчитувачки групи. Ќе го информираме секој корисник поединечно во кој период ќе му биде адаптирано броилото за мерење на евтината дневна тарифа. Мора нашите екипи да пристапат на терен, да има физички контакт со броилото за да може да се направи сетирање на броилата. До крајот на месец октомври ќе биде спроведена целата операција, велат од ЕВН Македонија.

Промовирани огласи »

Искуство

Најважната работа кај неуспехот е тоа да не го доживувате како нешто лошо и трагично, туку како ново искуство. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од неуспехот. Најпознатите луѓе на светот постојано доживувале порази за да ја научат својата лекција.

Кога еден новинар го прашал Томас Едисон како е чувството да доживееш неуспех 10.000 пати, тој му одговорил: „Јас не доживеав неуспех, јас само најдов 10.000 начини кои не функционираа.“

Флексибилност

Луѓето кои проаѓаат низ период на неуспех подобро се прилагодуваат на новите промени и предизвици. Кога е неуспехот во прашање, треба да се огледаме на бебињата.

Тие живеат во сегашноста. Иако паднале 100 пати, дури и на глава, тие стануваат и продолжуваат да одат, затоа што не размислуваат на минатото, на неуспехот или на идните порази. Затоа секое бебе ќе научи како да оди.

Растење

Во ред е да се доживее неуспех, но никогаш не е во ред да се откажете. Секоја личност има период на стагнација на развој и растење, а тоа најчесто го именуваме како неуспех.

Но, доколку неуспехот го искористите како поттик за раст и развој, можете да стигнете до незамисливи врвови, затоа што постојано ќе ги гледате работите од подобра перспектива. Последно нешто што треба да го направите е да се блокирате себеси со неуспехот.

Промовирани огласи »

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.05%. 

Најголем број слободни работни места, односно 2 807, има во петтата група занимања - Работници во услужни  дејности и продажба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.53%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4.50%, додека најмала е стапката во секторот Љ - Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.04%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.14%.

Промовирани огласи »

Вип со гордост го објавува почетокот на соработката со државниот рекордер во атлетика Дарио Ивановски, со што уште еднаш ја докажува посветеноста на компанијата на македонскиот спорт и на младите таленти кои бележат исклучителни резултати.

На Дарио му посакуваме добредојде во големото Вип друштво во кое владее позитивна енергија, посветеност и меѓусебна доверба насочени кон постигнување врвни успеси. Убеден сум дека овие карактеристики кои не зближуваат ќе придонесат за уште поголеми успеси за двете страни во индина, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.

20 годишниот Дарио го постави новиот државен рекорд на 3000м на атлетскиот митинг што неодмана се одржа во Нови Сад, Србија. Со резултатот од 8.17.92 го сруши рекордот стар 25 години на македонската легенда Јонуз Јонузи. За само две сезони Дарио постигна рекорд на 1000метри, на 3000метри во сала и 3000метри на отворено.

Чест и задоволство ми е што во индина ќе се натпреварувам под покровителство на еден од најуспешните брендови во земјата, познат поддржувач на спортот. Ова е мотив повеќе и голема одговорност да продолжам во освојувањето на престижни награди на кои ќе се гордее целата Вип заедница, изјави Дарио Ивановски.

Резултатите се постигнати под водство на тренерот Игор Јакимовски, познат македонски маратонец кој е дел од професионалната атлетика повеќе од 20 години. Тој е сеуште активен и покрај тренинзите активно учествува на натпревари што го прави овој тандем уникатен во своето функционирање. Игор  го држи рекордот за најмногу истрчани трки и тоа со над 40 настапи во сезона.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »