Промовирани огласи »

Искуство

Најважната работа кај неуспехот е тоа да не го доживувате како нешто лошо и трагично, туку како ново искуство. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од неуспехот. Најпознатите луѓе на светот постојано доживувале порази за да ја научат својата лекција.

Кога еден новинар го прашал Томас Едисон како е чувството да доживееш неуспех 10.000 пати, тој му одговорил: „Јас не доживеав неуспех, јас само најдов 10.000 начини кои не функционираа.“

Флексибилност

Луѓето кои проаѓаат низ период на неуспех подобро се прилагодуваат на новите промени и предизвици. Кога е неуспехот во прашање, треба да се огледаме на бебињата.

Тие живеат во сегашноста. Иако паднале 100 пати, дури и на глава, тие стануваат и продолжуваат да одат, затоа што не размислуваат на минатото, на неуспехот или на идните порази. Затоа секое бебе ќе научи како да оди.

Растење

Во ред е да се доживее неуспех, но никогаш не е во ред да се откажете. Секоја личност има период на стагнација на развој и растење, а тоа најчесто го именуваме како неуспех.

Но, доколку неуспехот го искористите како поттик за раст и развој, можете да стигнете до незамисливи врвови, затоа што постојано ќе ги гледате работите од подобра перспектива. Последно нешто што треба да го направите е да се блокирате себеси со неуспехот.

Промовирани огласи »

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.05%. 

Најголем број слободни работни места, односно 2 807, има во петтата група занимања - Работници во услужни  дејности и продажба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.53%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот З - Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4.50%, додека најмала е стапката во секторот Љ - Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.04%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.14%.

Промовирани огласи »

Вип со гордост го објавува почетокот на соработката со државниот рекордер во атлетика Дарио Ивановски, со што уште еднаш ја докажува посветеноста на компанијата на македонскиот спорт и на младите таленти кои бележат исклучителни резултати.

На Дарио му посакуваме добредојде во големото Вип друштво во кое владее позитивна енергија, посветеност и меѓусебна доверба насочени кон постигнување врвни успеси. Убеден сум дека овие карактеристики кои не зближуваат ќе придонесат за уште поголеми успеси за двете страни во индина, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.

20 годишниот Дарио го постави новиот државен рекорд на 3000м на атлетскиот митинг што неодмана се одржа во Нови Сад, Србија. Со резултатот од 8.17.92 го сруши рекордот стар 25 години на македонската легенда Јонуз Јонузи. За само две сезони Дарио постигна рекорд на 1000метри, на 3000метри во сала и 3000метри на отворено.

Чест и задоволство ми е што во индина ќе се натпреварувам под покровителство на еден од најуспешните брендови во земјата, познат поддржувач на спортот. Ова е мотив повеќе и голема одговорност да продолжам во освојувањето на престижни награди на кои ќе се гордее целата Вип заедница, изјави Дарио Ивановски.

Резултатите се постигнати под водство на тренерот Игор Јакимовски, познат македонски маратонец кој е дел од професионалната атлетика повеќе од 20 години. Тој е сеуште активен и покрај тренинзите активно учествува на натпревари што го прави овој тандем уникатен во своето функционирање. Игор  го држи рекордот за најмногу истрчани трки и тоа со над 40 настапи во сезона.  

Промовирани огласи »

Истражувањето на Glassdoor  покажува дека за стандардот во различни европски земји, како критериуми се земени и фактори како цените на основните производи и услуги, времето за одмор, трошоците за транспорт и комуналните услуги.

„Бизнис инсајдер“ ги претставува седумте евтини градови за живот во Европа. 

1. Тарту, Естонија

Вториот по големина град во Естонија е најевтиното место за живот во Европа. Овој град уште го викаат и „интелектуалната престолнина“, затоа што е дом на најстариот и реномиран универзитет во земјата.

2. Порто, Португалија

Вториот најголем град во државата е релативно евтин за живот, тука трошоците се околу 70% пониски од оние за жителите на Њујорк (основен град во споредбата на Гласдор).

3. Солун, Грција

Вториот најголем грчки град нуди доволно работа. Тој е и популарна туристичка дестинација.

4. Талин, Естонија

Трошоците за живот тука се многу ниски, особено имајќи предвид дека главниот град е политички и финансиски центар на земјата. А платите растат.

5. Атина, Грција

Грција неодамна забележа дека е надвор од рецесија, и покрај високата невработеност во земјата и должничката криза во последните години, ако имате работа, главниот град е поевтино место за живот во споредба со многу европски градови.

6. Лисабон, Португалија

Просечната номинална плата во Португалија според Гласдор е околу 15 500 евра, но трошоците за живот тука се ниски.

7. Барселона, Шпанија

Градот е и седми по број на населението во Европа. Привлекува професионалци и туристи од целиот свет, но трошоците за живот се уште се на ниско ниво покрај платите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »