Промовирани огласи »

Јуни е месец на вработување во Мајорел. По тој повод, Мајорел ве поканува да ги посетите нивните канцеларии и да ги истражите можносите за работа кај нив. Од 9-ти до 30-ти јуни се денови кои Мајорел ги резервира само за вас! Затоа одвојте време за да се запознаете со регрутерите на Мајорел и добиете информации како може да станете дел од тимот.

Настанот е наменет за сите оние кои зборуваат германски јазик да добијат шанса да се приклучат на тимот. Без разлика дали сте искусен професионалец или сакате да ја започнете вашата кариера, овој настан претставува одлична можност да се поврзете со регрутерите и да ги истражите можностите за работа во Мајорел.

Мајорел обезбедува исклучителна корисничка поддршка за своите клиенти и бара кандидати кои ја споделуваат страста за обезбедување на врвна услуга. Со приклучување на тимот, ќе станете витален дел од глобалното семејство на Мајорел, работејќи во опкружување со поддршка што го негува личниот и професионален раст.

Со учество на настанот:

  • Ќе се поврзете со Мајорел: ќе разговарате еден-на-еден со регрутерите и ќе добиете информации за кариера и можности за раст во Мајорел.
  • Ќе дознаете повеќе за Мајорел: ќе ја откриете културата на Мајорел, вредностите и возбудливите проекти на кои тимот на Мајорел работи.
  • Aко зборувате германски, овој настан е одличен за да го покажете вашето владеење на јазикот и неговата примена при извршување на работната позиција.

За учество на овој настан, заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот за регистрација на следниов линк https://bit.ly/43tPDJo , до 30.06.23

Ги охрабруваме сите што зборуваат германски јазик да ја искористат оваа можност.
Не пропуштајте ја шансата да станете дел од тимот на Мајорел!

Промовирани огласи »

Хонг Конг го заврши своето четиригодишно владеење и ја загуби титулата најскап град во светот за иселениците во Њујорк.

Најновото истражување на ECA International „Cost of Living“ рангира 207 градови врз основа на потрошувачката кошница составена од најважните стоки и услуги неопходни за живот.

Параметрите по кои се рангирани градовите се храната, комуналните услуги, јавен превоз и основни потреби како што се покуќнина.

Цената на стоките и услугите во Хонг Конг се искачи на повеќегодишен максимум, што покажува дека градот не е поштеден од бранот на инфлација забележан низ светот во изминатата година. И покрај ова, Хонг Конг падна во рангирањето, бидејќи зголемувањето на цените на секојдневните стоки и услуги беше ублажено со падот на трошоците за сместување во градот - изјави Ли Куане, регионален директор за Азија во ECA International, пишува CNBC.

Сепак, Хонг Конг ја задржа својата позиција како најскапа локација во Азија.

Втората најскапа локација во Азија е Сингапур, кој се искачи за осум места во однос на минатогодишното рангирање. Сингапур е исто така петта најскапа локација во светот, покажа истражувањето. Неодамнешниот извештај на Азиско-пацифичкиот центар за домување на Институтот за урбана земја покажа дека приватните куќи за изнајмување во Сингапур имаат највисока месечна кирија во Азија Пацифик од 2.600 долари, „далеку повисока од другите градови“.

Токио, кој беше во првите пет во светот во последните пет години, падна пет места, сега е на 10-тото место, соопшти ECA.Според истражувањето, Њујорк се искачи за едно место, па сега е на врвот, додека Сан Франциско се искачи за четири позиции. Ова се 10-те најскапи градови за живеење доколку сте странец.

1. Њујорк

2. Хонг Конг

3. Женева

4. Лондон

5. Сингапур

6. Цирих

7. Сан Франциско

8. Тел Авив

9. Сеул

10. Токио

ФОТО: Unsplash

Промовирани огласи »

Најголем дел од потрошувачите приклучени на централното греење во Град Скопје, кои ги плаќаат фактурите на 8 и 12 месечни рати, дури 97 отсто, оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење споредено со авансните фактури, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина. 

Причина за тоа, како што посочуваат, се значително повисоките просечни надворешни температури од прогнозираните во текот на грејната сезона, која почна на 15 октомври 2022 година, а заврши на 28 април 2023 година. 

Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.

Нагласуваат дека потрошувачите, во текот на грејната сезона, во фактурите за топлинска енергија добиваат податок колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија. 

Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако, пак, потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш може да побара поврат на разликата доколку нема заостанати долгови, прецизираат од ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје. 

Промовирани огласи »

Водечкиот партнер на Microsoft во Македонија, Axapta Masters на 22 јуни ги отвора вратите за сите идни и амбициозни професионалци. Отворениот ден ќе се одржи во новите канцеларии на компанијата во центарот на Скопје, со почеток од 16 часот.

За време на настанот присутните ќе добијат можност да се запознаат со тимот, да бидат дел од информативни предавања и работилници, да откријат нови и потенцијални позиции и да ги истражат детално можностите кои ги нуди компанијата.

На овој отворен ден, посебно внимание ќе биде посветено на три позиции - Business Analyst, Data Consultant и Software Developer. Позиции кои се од исклучителна важност за успехот на компанијата и нудат одлични можности за професионален раст и напредок.

За учество на настанот потребно е да се пополни форма за регистрација која е достапна на www.careers.axaptamasters.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »