Промовирани огласи »

Водечкиот партнер на Microsoft во Македонија, Axapta Masters на 22 јуни ги отвора вратите за сите идни и амбициозни професионалци. Отворениот ден ќе се одржи во новите канцеларии на компанијата во центарот на Скопје, со почеток од 16 часот.

За време на настанот присутните ќе добијат можност да се запознаат со тимот, да бидат дел од информативни предавања и работилници, да откријат нови и потенцијални позиции и да ги истражат детално можностите кои ги нуди компанијата.

На овој отворен ден, посебно внимание ќе биде посветено на три позиции - Business Analyst, Data Consultant и Software Developer. Позиции кои се од исклучителна важност за успехот на компанијата и нудат одлични можности за професионален раст и напредок.

За учество на настанот потребно е да се пополни форма за регистрација која е достапна на www.careers.axaptamasters.com

Промовирани огласи »

ЛЕАР КОРПОРАЦИЈА е комопанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

OPERATORË NË PRODHIM
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
PRODUCTION PLANNER
РАКОВОДИТЕЛ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Не секој може да ја избере најдобрата работна понуда. Затоа, доколку имате повеќе понуди за разгледување бидете смирени и насмејте се. Тоа значи дека сте барани и дека вашето искуство е потребно. Најдобар начин да ја изберете најдобрата понуда за работа е прво да ги видете вашите приоритети и да одлучите што точно барате, дали голема плата, добар углед на компанијата или луѓето со кои ќе работите.

За да ви бидат полесни работите, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го изберете најдоброто меѓу многуте понуди за работа:

  • Дознајте повеќе за компанијата

Сигурно веќе  сте истражувањувале за компанијата пред да присуствувате на интервјуто. Прочитајте повеќе за компанијата. Во денешно време повеќето од фирмите имаат свои веб-страници кои имаат детални информации за нивното минато, сегашност и иднина. Разгледајте ги различните аспекти на компанијата и ако имате конкретни прашања за компанијата, обидете се да ги најдете.

  • Разгледајте добро како изгледа канцеларијата

Сигурно канцеларијата ви оставила некој впечаток кога прв пат отидовте таму на интервју.  Дали имаше доволно дисциплина и дали чувствувавте дека луѓето таму работат страсно и ентузијастички? Затворете ги очите и замислете дека работите во таа канцеларија. Ако ви се допаѓа она што го визуелизирате, тогаш можеби тоа е работата за вас.

  • Споредете ги поволностите и платите

Компаниите функционират поинаку кога станува збор за платата и другите поволности. Проучете ја внимателно понудата и видете какви поволности и придобивки ги нуди секоја компанија. Погледнете ги сите дополнителни бенефиции што можеби ги даваат. Ваквата споредба е корисна при изборот на најдобрата понуда за работа.

  • Балансот помеѓу работата и приватниот животот

Најважниот аспект на една компанија е балансот помеѓу работата и приватниот животот што го нуди. Работа која е стресна и не ви дозволува да посветувате време на семејството и најблиските не вреди да ја прифатете дури и ако ќе заработувате повеќе. Можеби ќе сакате да прифатете таква работа поради платата, но со текот на времето ќе се чувствувате стресно што можеби ќе после тоа ќе размислувате за отказ.

Промовирани огласи »

Дел од граѓаните не се оптимисти дека нè чека светла иднина. Во анкетата што ја спроведе националниот Демократски институт, 40 отсто од испитаниците веруваат дека економската состојба, животниот стандард, висината на платите и пензиите ќе се влошат во наредните 12 месеци. Токму овие работи ги посочуваат како најголем проблем во државава. Но, и криминалот и корупцијата, инфлацијата, иселувањето и невработеноста.

Речиси половина од испитаниците, најголем дел од семејниот буџет го трошат само за храна. Исто така, речиси 50 отсто од анкетираните се изјасниле дека или повремено или често имаат потешкотии да платат сметки на крајот на месецот, досо дека, пак, оние од пониските социјални категории и од руралните средини, се соочуваат со поголеми проблеми да ги покријат трошоците за живот.

Како опција за спас од тоа што домашниот буџет не им е доволен, помладите испитаници се изјасниле дека би барале дополнителни приходи, а повозрасните би ја намалиле потрошувачката. Поголем процент од етничките Албанци би се потпреле на помошта од роднини и пријатели од странство, за разлика од етничките Македонци и останатите етнички групи. Мнозинството испитаници во истражувањето веруваат дека Владата незадоволително се справува со главните економски предизвици, критикувајќи ги ефектите од неодамнешните антикризни мерки.

Голем дел од испитаниците сметаат дека треба да се продолжи со субвенциите за прехранбени производи и за сметките за струја. Сметаат и дека намалувањето на цените на одредени производи има ефект, но дека тоа треба да биде надополнето со долгорони мерки, односно со натамошно зголемување на платите и пензиите.

Во извештајот стои и дека значителен дел од граѓаните не биле информирани за повеќето мерки кои се спровеле. Се наведува и дека голем дел од граѓаните ниту слушнале за програмата за заштита на потрошувачи, ниту имаат доверба во судството, институциите, во случај на спорови со компании за купен производ. Голем дел не ги знаат ниту своите права.

Се наведува и дека поголем дел сметаат дека земјава се движи во погрешна насока, заради корупцијата и криминалот, а само мал дека одиме во правилна насока поради евроинтергациите.

Анкетата е спроведена на 1.003 испитаници, во период од 13 до 24 април годинава. Истражувањето е квантитативно теренско лице в лице.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »