Промовирани огласи »

Фирмата ЦетралИнвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори.

Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW(мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата. 

Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега случува-да има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна. 

Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%. 

Промовирани огласи »

Ариљеметал ДОО опфаќа производи изработени според најстрогите DIN и ISO стандарди, а исто така и специјални производи изработени според потребите на купувачиte како што се завртки, навртки, подлошки, нитни и др.

Моментално вработува:

ОПШТ РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
КОМЕРЦИЈАЛИСТ - ОХРИД-СТРУГА
ОПШТ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Сите менаџери кои што се одговорни за вработување знаат дека фазите на интервјуирање на еден кандидат можат да бидат навистина тешки. Кандидатите кои сте ги избрале може да бидат навистина одлично квалификувани и вешти на хартија, но сепак начинот на кој што ќе се претстават за време на интервјуто често претставува одлучувачки фактор.

Личното интервју со кандидатот може да открие многу работи, од карактерот па се до нивните мотиви за работа. Иако многумина може да кажат слични работи за нивната работна позадина и професионални цели, некои кандидати може да дадат уникатен и импресивен одговор што ќе докаже дека тие се вистинската личност за таа позиција. Неколку менаџери советуваат за тоа шо е правилно да се зборува за време на едно интервју.

  • Докажете го она за кое зборувате

Секој кандидат за работа сака да направи да звучи одлично, но понекогаш тие знаат да ја прошират вистината или пак да даваат нејасни одговори. Важно е да може да го потврдите она што е напишано во вашата апликација за работа и да дадете проверени резултати за да ги поткрепите своите тврдења.

  • Определете која е вашата цел за работното место за кое аплицирате

На интервју за работа може да ви постават многу прашања, но менаџерите секогаш имаат неколку клучни прашања кои може да одлучат дали вие сте соодветен кандидат за таа позиција. Едно од тие прашања може да биде кои се вашите цели за вработување во компанијата. Секогаш менаџер би сакал да има кандидат кој што ќе биде посветен на работата и ќе може да создава големи вредности за компанијата.

  • Бидете смели да кажете што не ви се допаѓа

Кога ќе разговарате со менаџерот за време на вашето интервју, покажете му дека сте смел кандидат кој има свои ставови и дека би можеле да ја подобрите компанијата со тоа што ќе го известите кога нема да се согласувате со неговите ставови и одлуки.

  • Дадете им до знаење дека сте спремни да учите нови работи

Ниту еден менаџер нема да биде согласен со кандидат кој мисли дека знае се. Доколку не го знаете целосно одговорот на некое прашање за време на вашето интервју, подобро е да се обидете да размислите на таа тема и да не го лажирате својот одговор. Тоа може да му даде до знаење на менаџерот дека размислувате и сакате да учите нови работи

  • Бидете запознаени како функционира компанијата во која аплицирате

За секоја компанија е важно новиот вработен да може културно да се вклопи со останатие колеги. Затоа, убаво би било доколку прашате какви вредности има компанијата или пак ќе ги откриете самите преку истражувања на нивната веб страница.

Промовирани огласи »

Кинескиот јуан e нов избор за блокот држави од Регионалното сеопфатно економско партнерство (РЦЕП).

Десетте членки на АСЕАН, плус Кина, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Австралија и Јапонија, се согласни да биде проширена употребата на јуанот во прекуграничната трговија.

Банката на Кина неодамна објави извештај, во кој се наведува дека Кина треба дополнително да ги привлече растечките интереси за користење на јуанот преку регионален трговски договор и офшор-трговски центри, во контекст на напорите на Пекинг да ја зголеми глобалната употреба на валутата.

Според извештајот на банката за 2022 година, членовите на 15-членото Регионално сеопфатно економско партнерство (РЦЕП) сочинуваа 18,9 отсто од дознаките (во јуани) во Кина минатата година, во споредба со 15,9 отсто во 2021 година и само 7,1 отсто во 2020 година.

Над 90 отсто од домашните и од странските компании што работат во Кина, според податоците на сеопфатното истражување на државната банка, се изјасниле дека „се уверени оти користењето на јуанот за прекугранични плаќања би можело да биде стабилно во Азископацифичкиот Регион“.

На глобалните пазари вредноста на доларот се намали во однос на кошницата со валути минатата недела. Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута падна за 0,4 отсто, па цената на еврото достигна 1,0750 долари. Доларот ослабе и во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто, на 139,40 јени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »