Промовирани огласи »

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.

Моментално вработува:

SYSTEM ENGINEER
SOFTWARE ENGINEER
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ - СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 221 непрописно паркирано возило кое го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 12.06. до 18.06.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 118 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, велат од општината. 

Промовирани огласи »

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.

Сѐ уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.

Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.

Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири. 

Промовирани огласи »

На 25 Јуни (Недела) по четвртти пат во Скопје се случува меѓународната манифестација за модифицирани автомобили под името “EXTREME POWER CITY TUNING SHOW NO. 4” на паркингот пред Kromberg & Shubert. Кога ќе погледнеме назад, ова е и најголемото tuning show што и’ се случило на Македонија во ново време. Многу гости од балканот и пошироко се враќаат на настанот без исклучок.

Од организацијата нагласуваат:

Огромен број на пријавени возила за натпреварување во 2 категории (изглед и озвучување). Секако ги немаме заборавено и нашите посетители. За нив подготвивме атрактивни игри за кои што за најдобрите следува награда. А кога сме кај наградите, оваа година од настанот ќе си заминат над 80 наградени возила. Во времетраење од 8 часа (од 11:00 до 19:00) ќе има што да се види, чуе и проба. DJ Goce го имаме повторно со нас на наше задоволство, исто така и DJ GOGI, Кристијан Бенито со своја аниматорска точка, храна, пијалоци и се’ она што ви треба за да уживате целосно во настанот.

За сите оние кои што сакаат да присуствуваат, но немаат како да дојдат, обезбедивме бесплатен автобуски превоз со панорама автобус на ЈСП кој што поаѓа од пред трговскиот центар ‘Capitol’ во 11 часот и истиот тој ќе ве врати на местото на поаѓање во 17 часот.

Ве покануваме на една поинаква проекција од она на што досега сте навикнати кога станува збор за автомобилизам. Ние ветуваме многу добра забава, Ваше е само да дојдете.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »