Промовирани огласи »

Трендот за „тивко напуштање“ е термин кој се однесува на фактот дека е во ред да се каже не на некои дополнителни одговорности. Најчестите примери на „тивко отпуштање“ вклучуваат одложување на покачувањето, запирање на унапредување или на пример обиди на работодавачот да го спречи вработениот да преземе одредени проекти.

Покрај тоа „тивкото напуштање“ е знак за справување со исцрпеноста, особено за денешните млади, особено за генерацијата Z кои се ранливи на депресија, анксиозност и разочарување. Исцрпеноста е негативна состојба на прекумерна работа која долгорочно има силно влијание врз менталното здравје и работниот капацитет.

„Тивкото откажување“ ја охрабрува секоја компанија да обезбеди подобри услови за работа за своите вработени, особено како да го задржат балансот помеѓу работата и животот за своите вработени.

„Тивкото Откажување“ не е нешто ново. Она што стана тренд е промената на ставовите на вработените кон работните места по пандемијата и зголемувањето на менталното здравје. Масивната реакција на тивкото откажување ја охрабрува секоја организација да обезбеди подобри работни услови за своите талентирани вработени, особено политика за рамнотежа помеѓу работата и животот.

Промовирани огласи »

Кафе пауза со Извршниот Директор на Webhelp Balkan

Webhelp, глобалниот лидер и партнер за end-to-end услуги фокусирани кон B2C и B2B, продолжува да го проширува своето присуство на Балканот. Време е да го претставиме умот кој стои зад сите активности на Webhelp во југоисточна Европа. За време на кафе-паузата со Оливер Дерлер, Извршен Директор на Webhelp Balkan, дознаваме кој е тој, што го мотивира и зошто нашиот регион е толку посебен за CX професионалците.

Кој е Оливер Дерлер во една реченица?

Тоа е тешко прашање за почеток! Сосема спонтано би кажал: го негувам пионерскиот дух и не би можел толку да уживам во шаренилото на мојата работа, доколку би работел класична работа од 9 до 17 часот. Мојата најголема пасија е да ги мотивирам луѓето да го дадат својот максимум, а притоа го користам мојот виенски акцент.

Господине Дерлер, Вие сте родени и израснати во Виена, како ве донесе патот на Балканот?

Долго време бев одговорен за Австрија, а потоа моето поле на делување се прошири на меѓународен план, вклучувајќи  ги земјите како: Германија, Грција, Полска и Турција. На почетокот на мојот ангажман на Балканот, мојот фокус беше орентиран само кон Косово. Со порастот на побарувачката  на ваков тип на решенија,  се зголеми и нашето присуство на пазарот, а јас се најдов во средината на процесот и имав прилика да растам заедно со компанијата.

Искрен одговор: Дали ви недостасува Австрија?

Јас всушност сè уште живеам во Виена. Можеби и малку на аеродром. Поминувам многу време во патување, но тоа е е дел од мојата разновидна работа - и навистина уживам во сето тоа. Сметам дека без локалното присуство, никогаш немаше да успееме да ги споиме нашите глобални стандарди со културата на Балканот.

Што мислите дека е клучно за брзиот раст на Балканот?

Комбинацијата на локален менаџмент и интернационални ресурси е причината која ни овозможи огромен раст, но исто така не изгради во атрактивен работодавач. Физички или психолошки оддалечен стил на управување,  нема да ве одведе многу далеку. Важно е да се разбере и живее културата на земјата. За среќа, јас имам и природна поврзаност.

Дали вашата природна поврзаност со Балканот е и причината зошто сте толку успешни овде?

Можеби јас сум диригент, но нашето присуство на Балканот е тимска работа. Да сум сам по дефиниција, тоа не би било можно. Голем дел од успехот се должи на фактот што едноставно сакам да бидам близок со луѓето со кои работам. Уживам во заедничкото надминување на професионалните предизвици, но и славењето на личните успеси и случувања.

Што Ве мотивира, господине Дерлер?

Имам свои комерцијални цели, но тоа не е главниот двигател на мојата мотивација. Она што навистина ме испирира е да ги поттикнам луѓето секогаш да одат чекор подалеку. Мора да им верувате на своите луѓе  и  да им овозможите сами да носат одлуки, за да можат да се развиваат и растат. Гледајќи ги луѓето како се надраснуваат себеси, тоа е мојата најголемата мотивација. Со секој успешен вработен и Webhelp станува посилен, се развива и станува поуспешен.

Што го прави Балканот толку посебен за Webhelp?

Морам да кажам дека Балканот и Webhelp навистина одат добро заедно. Освен економските причини, луѓето овде се исклучително ентузијастични, секогаш размислуваат позитивно и сакаат да се движат напред. Исто така, повеќејазичноста и културниот афинитет се многу вредни за концептите на услугата на Webhelp. Ова се само дел од многуте  причини.

Каков совет им давате на луѓето кои штотуку почнуваат во Webhelp?

Webhelp ги пружа сите алатки кои се потребни за личен и професионален развој. Нема многу компании во нашата индустрија, кои имаат способност и волја да го спроведат тоа. Едноставно мора да го сакате тоа, да ги следите вашите интереси и да знаете јасно да комуницирате. Така добивате навистина кул работа која ве предизвикува, ве промовира и ви носи среќа.

Промовирани огласи »

Германија го олеснува влезот на работна сила. Бундестагот го усвои законот за работни визи. Се бараат 400.000 работници.  Германските власти велат дека недостигот на квалификувани работници е еден од најголемите успорувачи на растот на германската економија. 

„Затоа, неопходни ни се имигранти. Потребни ни се скоро 400,000. Но, мора да се намалат бирократските процедури. Недозволиво е да треба да пополнувате 17 различни апликации за да доведете нов негувател во земјава'', изјави Ненси Фејзер, министер за внатрешни работни во Германија.

Новиот закон се базира на системот на поени, со кој ќе им се овозможи на странците да побараат работа ако имаат најмалку 6 поени од бараните критериуми. Меѓу нив се познавање на јазикот, универзитетска диплома или стручност. На високо квалификуваните ќе им се дозволи покрај брачниот партнер да ги донесат и роднините. Кандидатите кои ги имаат бодовите ќе добијат таканаречена картичка на можности, која нуди привремена работа, па дури и за пробно вработување.  Македонија дополнително ќе остане без работна сила. Работодавачите и сега се жалат дека тешко наоѓаат работници. 

foto freepik.com/anyaivanova

Промовирани огласи »

Во Шведска е покрената истрага поради високите цени во продавниците.

Истрагата во трговијата на мало и големо со храна откри „загрижувачки“ знаци во профитот на трговците. Регулаторот ќе ги објави прелиминарните наоди од истрагата за цените на храната и конкуренцијата што ги побара Министерството за финансии.

Гледаме причина за загриженост во развојот на маржите во трговијата на мало и големо, изјави за Ројтерс Мартин Мандорф, раководител на единицата за злоупотреба на пазарот во регулаторната агенција.

Но, тешко е да се изолираат факторите на трошоците, како што се цените на енергијата и војната во Украина, од конкурентниот пејзаж.

Агенцијата го истражува целиот синџир на снабдување со храна, од производители и трговци на големо до малопродажниот сектор и собра податоци од водечките супермаркети во Шведска за цените и маржите.

Се подготвува да побара дополнителни информации, а ажурираните наоди ќе бидат објавени до крајот на годината.

„Во шведскиот прехранбен сектор доминираат три големи компании, што е доказ за „олигопол“, рече Мандорф.

Прехранбениот синџир ICA имаше пазарен удел од 53 проценти во 2022 година, според податоците од регулаторот, а остатокот скоро целосно го покриваат Axfood и Coop. Германскиот Lidl влезе на шведскиот пазар во 2018 година, а во 2022 година имаше само 5,7 отсто од пазарниот удел.

Фото: Шутерсток

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »