Промовирани огласи »

ИТД Дистрибуција станува официјален дистрибутер на Check Point Software во Македонија (МАК регион)

Check Point Software Technologies, водечката компанија која нуди сајбер-безбедносни решенија, за корпоративни клиенти и владиниот сектор на глобално ниво, ја назначи ИТД Дистрибуција ДОО Скопје за свој официјален дистрибутер во Р. Македонија.

ИТД Дистрибуција сега може да ги понуди сите безбедносни решенија на Check Point.

Check Point Software Technologies Ltd. е водечки провајдер кој нуди решенија за сајбер безбедност за корпоративни клиенти и владиниот сектор на глобално ниво. Infinity портфолиото на Check Point ги штити компаниите и јавните организации од сајбер-напади од 5 - та генерација со висока индустриска стапка на идентификација на malware, ransomware и други закани. Infinity се состои од три основни столбови кои обезбедуваат бескомпромисна безбедност и спречување на закани од генерација V:

  • Check Point Harmony за далечински корисници;
  • Check Point CloudGuard за автоматско обезбедување на Cloud;
  • И Check Point Quantum за заштита на мрежните периметри и податочни - центри, сите контролирани од најсеопфатното, интуитивно унифицирано безбедносно управување во индустријата.

Исто така таа го нуди пакетот Check Point Horizon за превентивни безбедносни операции.

„Горди сме што можеме да им го понудиме целосното Check point портфолио на нашите партнери. Сигурни сме дека ќе придонесеме кон зголемување и проширување на нивната застапеност и позиција на пазарот во Македонија и МАК регионот. Заедно играме клучна улога се со цел да им помогнеме на нашите партнери, да ги заштитат своите клиенти и од најнапредните напади.“ - вели Александар Велевски, директор на секторот за големи корисници во ИТД Диструбуција ДОО Скопје, во врска со објавата.

За ИТД Дистибуција

ИТД Дистрибуција ДОО Скопје е големопродажен дистрибутер на ИТ производи и услуги, потрошен материјал, хартија за фотокопирање и графички материјали. Компанијата е овластен дистрибутер на DELL, IBM, HP, Microsoft, Gigabyte, Verbatim, TP-Link, Tysso, Netis, Genius, Marvo, Xerox, Fabriano, MURATLI Karton, Artic Paper, Lepenka и многу други. На македонскиот пазар почнува со работа во 2007 година, како дел од Infosoft Group. Infosoft Group. има повеќе од 30 години искуство, со компании на пазарот во Македонија, Албанија и Косово. За повеќе информации посетете ја веб-страницата на ITD на www.itd.mk.

Промовирани огласи »

Поговорката вели дека се е работа на договор, но малку кој се држи до неа. Многумина во преговори се впуштаат без страв, други со резерва, а трети пак не се ни обидуваат да преговараат. Преговорите се составен дел од секојдневието.

Еве неколку практични совети како да ги подобрите своите техники на преговарање и да ги свртите работите во своја корист.

  • Делете комплименти

Пред да преминете на главното, обидете се да го „омекнете” соговорникот. Бидете љубезни, веројатноста да го добиете тоа што го сакате е поголема.

  • Прашајте дали постојат исклучоци

Дури и ако соговорникот цврсто стои на својот став, не се откажувајте. Следно што треба да направите е да прашате дали постојат исклучоци и дали никогаш до сега не отстапил од договореното.

  • Понудете решение

Кај преговарањето понекогаш е важно да знаете точно да го составите и да го кажете тоа што го сакате. Ако, на пример, се жалите на услугите на некоја компанија, понудете им предлог како да се реши проблемот. Ако не го прифатат вашиот предлог, ќе мораат да ви понудат алтернативно решение.

  • Повикајте се на правилата

Ако, на пример, се обидувате да решите проблем со некој продавач затоа што се чувствувате измамени, инсистирајте вашиот соговорник да ви ја објасни политиката на работењето или поставените стандарди на стоката што ја продава, притоа потсетувајќи го колку долго сте негов потрошувач. Поставувајте прашања како „Дали е тоа официјален став на компанијата?” или „Како ќе ја вратите мојата доверба?”

  • Бидете самоуверени

Кај преговорите, покрај пријателскиот настап и насмевка, секогаш е важно до крај да останете самоуверени и сталожени. Дури и во ситуации кога вашиот соговорник ќе почне да ви се обраќа на повисок тон, останете мирни.

  • Моќта на тишината

Бројните искуства велат дека некогаш, откако во преговорите ќе слушнете „не”, неколку секунди молчење од ваша страна можат да бидат многу корисни.

Промовирани огласи »

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ШТИП
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ТЕТОВО
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИ СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk спонзор и поддржувач на настанот EPC Скопје.

За сите љубители на тјунирани автомобили, дрифтинг, добра музика, скара и пиво по четврт пат се организира Extreme Power City Tunning Show NO.4.  Кариера.мк беше спонзор и поддржувач на настанот.  На настанот за сите посетители тимот на КАРИЕРА.мк подели кафе и чоколатца за освежување во текот на топлиот ден.

Посетителите имаа можност да се информираат за активни огласи за работа и кариерени можности кои се активни на нашиот сервис. Сите посетители на настанот беа заинтересирани за новите кариерни предизвици што ги овозможува МојаКАРИЕРА картичката. Во прилог повеќе детали и фотографии од настанот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »