Промовирани огласи »

Стопанската комора им препорачува на стопанските субјекти, доколку се остварат заканите на УЈП за блокирање на исплатата на платите преку единствениот централизиран систем, да ги заштитат своите вработени преку исплата на нето-платите во форма на паричен трансфер, без плаќање социјални придонеси и данокот на личен доход.

Во насока на остварување на целите на своето постоење и застапување на заедничките интереси на членовите, во услови кога државната администрација наместо да ја извршува својата основна функција – да биде сервис за бизнисите и за граѓаните, ги прави нивни заложници, доколку се остварат заканите на вработените во Управата за јавни приходи за блокирање на исплатата на платите преку единствениот централизиран систем за плати под контрола на овој државен орган, во соработка со Здружението на финансиските организации и МБА, им препорачуваме на стопанските субјекти да ги заштитат своите вработени со исплата на нето-платите во форма на паричен трансфер, без плаќање социјални придонеси и данокот на личен доход. Плаќањето на социјалните придонеси и на данокот на доход да се изврши по создавањето на механизамите под контрола на Управата за јавни приходи, со анулирање на делот за ефективна нето-плата за износот на претходно исплатените парични трансфери, препорачуваат од Комората.

Воедно додава дека со оваа активност, најголемата и најбројна бизнис-заедница уште еднаш потврдува дека е во целосна функција на своите членки, компаниите, како и дека нема да дозволи приватниот сектор и неговите вработени да бидат играчка на државната управа.

Ова се предлага како превентивна мерка – за да не се дозволи повторен економски шок кај компаниите и нивните вработени, кои се главниот носител на македонската економија, а со тоа и главни кои го полнат државниот буџет.

Инаку, овој заклучок е донесен од страна на Управниот одбор на СКСМ на седницата одржана на 21 месецов, а во соработка со Здружението на финансиски организации и со Македонската банкарска асоцијација.

Не навлегувајќи воопшто во оправданоста на барањата на вработените во УЈП, укажуваме дека тоа е спор меѓу Владата и вработените во органите во нејзин состав и затоа целосно е недозволиво и неприфатливо вработените во УЈП, организирани преку Синдикалната организација, да се закануваат со некакви блокади за исплата на платите на стопанските субјекти и на нивните вработени. Такви закани и мерки може да си преземат спрема вработените во Владата и спрема нејзините функционери, а не спрема стопанските субјекти и спрема нивните вработени, кои се, всушност, главни полначи на државниот буџет, наведуваат од СКСМ.

Промовирани огласи »

Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален, информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Проектот беше најавен во септември 2021 година во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, а стартен датум за примена е 1 јули годинава.

Ќе функционира на начин што наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини и во Северна Македонија и во Србија.

Реализацијата на проектот Отворен Балкан е во завршна фаза, се врши тестирање и проверка на системот, во реално време и со реални податоци. Системот ги помина успешно тестирањата, спремен е за употреба и е функционален. Изминатиов период се правеше подготовка на интеграција на системите за наплата на патарина на Република Северна Македонија и Република Србија. Исто така, се вршеше подготовка и изработка на безбеден и ефикасен начин за реализација на трансакциите во двете земји. Во интеграцијата на системот е ангажиран кадар што и досега работеше на воспоставување на електронската наплата, објаснуваат од ЈПДП.

ТАГ-от (микробранов транспондер) треба да се регистрира (преконфигурира) на веб пoрталот openbalkan-etc.com.
Од ЈПДП истакнуваат дека со примената на т.н „еден таг“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали метежот на автопатиштата.

Промовирани огласи »

Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи која беше воведена за време на кризната состојба.

Од организацијата на потрошувачи велат дека Владата мора од 1 јули да внимава затоа што трговците ќе имаат „одврзани раце“ и ќе можат да ја зголемат цената на лебот, шеќерот, млекото, јајцата и другите производи.

Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија. 

Промовирани огласи »

Култниот американски портал BuzzFeed неодамна објави листа на термини и однесувања што Американците ги поврзуваат со Европа и Европејците , составена од американски Redditors .

Веројатно и самите ќе се согласите со некои од нив.

Скоро секој има во главата идеја за (негативно и позитивно) однесување кое го поврзуваме со одредени луѓе .

Стереотипите за глупавите Американци и лабавите Европејци кои шетаат голи на плажа се далеку од вистината и често се генерализирачки стереотипи, а тие се широко распространети во медиумите и другите нации.

Но, што кога тие генерализирани идеи навистина удираат во сржта на нечие однесување и култура?

Заедно со стереотипите за кои многу Европејци мислат дека се лажни, оваа дискусија на Reddit откри неколку со кои европските коментатори се согласија.

Еве листа на некои повеќе и некои помалку точни идеи и концепти кои Американците ги поврзуваат со Европа и европеизацијата.

 1. Мажите носат гаќички „Speedo“ на плажа или во базен

Спидо шорцевите се тренд кој долго време им ги уништи летните денови на многу Европејци кои решија да се одморат покрај плажа или базен, но се чини дека ваквите костими за капење стануваат се помалку и помалку на овие простори (за среќа на сите присутни).

Проодни градови

Градовите што може да се шетаат се еден од позитивните термини што ги мислат странците кога мислат на Европа. Близината до сите потребни капацитети е дефинитивно фактор кој радува голем дел од граѓаните и им го олеснува животот.

3. Седење со часови во кафулиња и ресторани

Пиењето кафе и неколкучасовното уживање во оброците е дел од европската, а особено балканската култура. Сè може да се направи на кафе и со оброк овде, дури и деловен состанок или пријателско дружење.

4. Американците живеат за да работат, а Европејците работат за да живеат

Лесно е да се заклучи дека разликите во културите се јасно видливи во начинот на кој пристапуваме кон работата. Поради идејата за Америка како земја на соништата, многу Американци ја живеат својата работа, додека за Европејците работата е аспект што им обезбедува финансиска сигурност.

5.Фанатизам кон Американците

Нетолеранцијата кон Американците е добро познат факт во овие региони. Многу Европејци не се ентузијасти што Американците ја посетуваат Европа како туристи, а некои чувствуваат нетрпеливост кон целата нација поради нивната влада, што на многу Европејци не им се допаѓа.

Претпоставките за туѓата култура, иако понекогаш се докажани како точни, секако не се од помош при запознавање нови луѓе и заедници, па за да се создаде поразумна и посреќна средина, треба да се игнорираат што е можно поскоро.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »