Промовирани огласи »

Основачот на „Мета“, Марк Цукерберг вчера ја лансираше долгоочекуваната апликација Тредс (Threads) како главен конкурент на Твитер на Илон Маск, распламтувајќи го соперништвото меѓу двајцата технолошки мултимилијардери.

„Ајде да го направиме ова. Добредојдовте во Тредс,“ напиша Цукерберг во својата прва објава на апликацијата, дополнувајќи ја со емотикони со оган.

Тој рече дека апликацијата забележала пет милиони пријави во првите четири часа од своето постоење. Слично на Твитер, апликацијата дозволува кратки пишани објави со копчиња за допаѓање, преобјавување и одговори. Објавите може да бидат долги до 500 знаци и да вклучуваат линкови, фотографии и видеа до пет минути.

Тредс засега е достапен во околу 100 земји на „Епл ап стор“ и „Гугл плеј стор“, се вели во објавата на блогот на „Мета“.

Познавачите велат дека главната предност на „Тредс“ може да биде поврзаноста со „Инстаграм“ и неговите корисници, како и рекламниот простор.

Тајмингот е поволен за Цукерберг, бидејќи месециве на хаотичното однесување и одлуки на Маск „го размрдаа“ Твитер.

Но, од друга страна, историјата е донекаде против Мета. Компанијата на Цукерберг претрпе неуспеси во лансирањето свои апликации, како што е „Ласо“ (Lasso), што се натпреваруваше со соперникот за куси видео – „Тикток“.

Промовирани огласи »

Според новата анализа објавена од WSJ, извршните директори на Pinterest, Peloton и Hertz заработуваат повеќе од шефот на Apple, Тим Кук.

WSJ ја објави својата листа на најплатени извршни директори во 2022 година, која се базира на податоците од менаџментот на C-Suite во компаниите низ Америка. Анализата на податоците вклучува компензација на извршните директори на речиси 4.000 американски компании со кои се тргува јавно.

Нивното рангирање се заснова на платите на извршните директори, бонуси, бенефиции и опции за акции, меѓу другите фактори. Директорите често добиваат ограничени акции или опции - како значаен дел од нивната компензација, чија вредност може да варира.

Просечната плата за извршните директори на S&P 500 падна на 14,5 милиони долари минатата година, за разлика од 14,7 милиони долари во 2021 година. За споредба, во 2022 година, просечниот американски работник заработувал околу 56.000 долари, според Бирото за труд статистика.

1. Извршниот директор на Blackstone, Стивен Шварцман, се најде на врвот на листата на најплатени директори со вкупен пакет компензација од 253 милиони долари.

2. Следниот извршен директор на листата, Сундар Пичаи од Alphabet, „зел“ 226 милиони долари во 2022 година.

3. На третото место е Стивен Шер од Херц, со плата од 182 милиони долари, додека на четврто е Бери Мекарти од Пелотон, со заработени 168 милиони долари.

4. Мајкл Рапино (Live Nation) е на петтата позиција на листата на најплатени извршни директори во САД, со заработка од 139 милиони долари.

5. Сафра Катц го зазема 6то место, таа е извршен директор на Oracle, а заработува 138 милиони долари годишно.

6. Даглас Инграм од Sarepta Therapeutics е на седмата позиција со 125 милиони долари заработени минатата година.

7. Осмото место оди на Бил Реди од Pinterest неговиот хонорар е 123 милиони долари. Киви Камара, ЦС Диско, се најде на претпоследната позиција со 110 милиони долари,

8. Тим Кук го зазеде 10-то, последното место.Тој е на чело на Apple и во 2022 година заработил 99 милиони долари.

ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Промовирани огласи »

За околу десетина дена се очекува да имаме конечен став на кој датум ќе почне новата учебна година во септември, односно кој од трите предлози што ги има МОН е прифатлив, најави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Предлозите кои ги има МОН се новата учебна 2023-2024 година да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Вториот предлог е да остане почетокот на вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Третиот предлог е учебната година да почне на 1 септември и да заврши како и досега на 10 јуни.

Според Шаќири, наредната недела пред Комисијата за човечки ресури, каде се разговараат темите за образование, ќе бидат образложени трите предлози за почеток на учебната година.

Ние како Министерство за образование и наука (МОН), за трите предлози, ги собравме сите мислења почнувајќи од учениците, родителите, наставниците и од синдикатите. Наредната недела, на Комисијата за човечки ресурси, каде се разговараат темите за образование, јас како министер ќе ги дадам сите три предлози.

Во истата комисија ќе бидат вклучени од Унијата на средношколци, но и синдикатите за да го дадат своето мислење за делот за почеток на учебната година и мислам дека за 10 дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе се прифати, вели Шаќири.

Промовирани огласи »

Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ – Подружница КШМК-Ил Илинден го зголемува бројот на вработени и за таа цел им дава шанса на сите невработени лица да работат во најдобрата производствена компанија во државата.

Веќе 11 години по ред нашата компанија придонесува за стабилност на повеќе од 5300 семејства во Пелагонискиот регион, а пред 1 година започнавме со работа и во Илинден и до овој момент во тој регион придонесуваме за стабилноста на дополнителни 980 семејства.

Бидејќи го прошируваме производството во Илинден - Скопје, нашата компанија ќе му даде можност на секој кој е чесен, трудољубив и има енергија и желба да биде дел од една успешна приказна како нашата. 

Придружи се на тимот кој постојано расте и се зголемува! 

  • Најдобри плати и бонуси
  • Приватно здравствено осигурување
  • Бенефиции за вработените
  • Можност за професионална надоградба
  • Интернационална компанија
  • Можност за работење и патување во странство

Голем повик за работната позиција „Оператор во Производство”.

  • Почетна основна нето плата од 23.000 МКД
  • Просечна нето плата со дополнителни додатоци и бонуси на плата: 30.000 МКД
  • Обезбеден превоз и храна од страна на компанијата
  • Приватно здравствено осигурување за сите вработени од прв работен ден
  • Можност за професионална надогрдаба и интерни унапредувања
  • Можност за патување и работа во странство
  • Дополнителни бенефиции за вработените согласно мотивациона програма

За најголеми плати!
За најдобрите колеги!
За вкусна храна!
За нови пријателства!
За најубавите забави!
За многу изненадувања!

Нашите луѓе се нашата најјака страна!
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »