Промовирани огласи »

Додека порано вработените мајки чувствуваа вина за тоа што го оставаат детето за да одат на работа, новите истражувања покажуваат дека работите на тоа поле се релативно променети.

Неодамнешно истражување покажа дека само 13 % од мајките чувствуваат вина што го оставаат детето додека одат да работат.

Всушност, ова истражувања покажува дека вработените мајки се далеку позадоволни од својот живот од оние кои некогаш останувале дома и чувале деца.



Од околу 900 испитани мајки, скоро половина (48%) изјавиле дека работата ги чини среќни и исполнети.

Иако, често се мисли дека вработените мајки се исцрпени и незадоволни бидејќи од канцеларија трчаат по своето дете и буквално немаат ниту секунда за себе, реалноста е малку поинаква. Поголемиот дел од модерните жени сакаат да работат и да живеат таков живот. 



Домаќинките кои беа меѓу испитаничките изјавиле дека се чувствуваат несреќно и неисполнети и воедно неценети во друштвото.

Промовирани огласи »

22-годишната Кери Ванардој, келнерка во ресторанот „WingHouse” на Флорида, добила бакшиш од 1.000 долари на сметка од 29 долари. Прво мислела дека станува збор за 10 долари, но потоа здогледала уште две нули.

Не сум навикната на тоа. Прво мислев дека станува збор за 10 долари, затоа што тоа беше добар бакшиш за таа сметка. Но, на банкнотата имаше уште две нули“, вели таа и признава дека се расплакала кога сфатила колкава сума на пари добила.

Оваа девојка која работи две работи веќе пет години е келнерка во овој ресторан. Досега живеела во мал стан, а сега со своето момче и синот ќе може да се всели во поголем стан благодарение на овој бакшиш.

Дарежливите странци во нејзиниот ресторан нарачале крилца, сок и сирење, а во истиот ресторан претходно оставиле бакшиш од 500 долари.

 Ми рече дека ќе биде мој ангел чувар ако некогаш ми притреба нешто, а јас не направив ништо за нив, па сето тоа ми беше само симпатично“, вели збунетата девојка.

Менаџерот на ресторанот Дејвид Ешенфелдер, кој со оваа работа се занимава веќе 25 години, вели дека никогаш не му се случило вакво нешто и дека ова му ја вратило вербата во луѓето.

Промовирани огласи »

Никол Бар, која има само 15 години, на тестот за интелигенција постигнала неверојатни 162 поени.

Kоефициент којшто е повисок и од оној на Ајнштајн (160) и Хокинг (160).

Токму тоа го променило нејзиниот живот целосно. Денес таа е ученик во престижната школа "Burnt Mill Academy" во Харлоу, а нејзината цел се студиите по медицина на Универзитетот Оксфорд.

Нејзината мајка открила дека Никол со само две години решавала прости математички задачи, а пред десеттата ги решавала и оние комплицираните. Денес нејзини омилени предмети се математиката и глумата, додека во слободното време таа го изучува мандаринскиот јазик.

Никол има и своја омилена книга, "A Brief History of Time", од Стивен Хокинг, а нејзиниот IQ е откриен на стандардното тестирање коешто го спроведува МЕНСА.

После онлајн тестирањето, нејзиниот татко ја одвел и на официјалниот тест, а нејзиниот резултат буквално ја воодушевил цела Велика Британија.



Никол, сонува за тоа да стане лекар. Неодамна таа го посетила и Универзитетот Оксфорд, но и Европскиот парламент во Брисел.

Никол била учесничка и на "Roma Youth Empowerment" конференцијата во Велика Британија, кадешто привлекла огромно внимание. Сите посакале да дознаат многу повеќе информации за Никол Бар.

Промовирани огласи »

Британски Економист пишува дека на Словачка и требаат 80.000 работници и дека овој јули над 9000 српски работници се регистрирани, што е мал број , но од јануари е раст за 61%. 

Тој број ќе расте. На малата Словачка со 5 милиони жители и фалат дури 80.000 работници - вели претседателот на Словачко- српската комора, Мирослав Кралиќ. 

Но, други тврдат дека тој број реално е поголем затоа што словачките фабрики очајно бараат работници и затоа се вртат кон Србија. 

Бидејќи Словачка е дел од ЕУ, Словаците многу лесно заминуваат во  Германија и Австрија. Таму заработуваат многу повеќе од дома. 

Србите во Словачка работат врз основа на тримесечна дозвола, која ја добиваат со посредство на агенции. 

Србин по име Дејан на возраст од 51 година од Зајечар кој работи во Словачка во фабрика за телевизори вели дека заработува од 450 до 750 евра, а во родниот град не може да заработи повеќе од 180 евра. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »