Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,80% во однос на одлуката од 3.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,783%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,207%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,401% и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,296%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, велат од РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,755 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се додава во соопштението на РКЕ.

Промовирани огласи »

Засега во многу земји од Европската Унија е дозволено возење со 0,05 промили, но Европскиот парламент бара тоа да се сведе на нула.

Според парламентот, 23.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во ЕУ во 2021 година. И парламентот на ЕУ сака да лобира максималната брзина на движење на возилата во населените места да биде 30 километри на час во земјите членки.

Ова ограничување го воведоа Брисел, Париз, Лион, некои градови во Шпанија итн. Истото ограничување на брзината треба да се воведе и таму каде што се движат голем број велосипедисти и пешаци, пишува магазинот ХАК.

Европскиот парламент во Стразбур побара од земјите од ЕУ да вложат поголеми напори во однос на безбедноста во сообраќајот.

Промовирани огласи »

Скопјани утре повторно ќе останат без јавен превоз бидејќи дел од вработените во ЈСП од 4.30 часот наутро ќе започнат со штрајк кој ќе трае до 12.30 часот и ќе се одржи пред дирекцијата на Јавното претпријатие во Автокоманда.

Како што нѐ информираа од штрајкувачкиот одбор, овој чекор го преземаат бидејќи нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години – изјави синдикалецот Маријан Поповски за ПлусИнфо.

Тој истакнува дека штрајкот е законски најавен, бидејќи претходно испратиле предупредувале до раководството на ЈСП „Скопје“ и до в.д. директорот Крсте Петревски, но како што додава, за жал, никој досега не ги послушал нивните барања веќе подолго време.

Раководството на ЈСП е должно по закон да преговара со нас, но од нивна страна немаме никаква повратна реакција. Ние утре ќе излеземе на штрајк кој ќе започне пред управната зграда и ќе трае до 12.30 часот, а дел од него ќе бидат возачите во сите смени, а тоа е бројка од околу 200 луѓе. Доколку никој не се удостои да нѐ прими и да разговара со нас, по 12.30 часот сите си заминуваме дома и во Скопје пак ќе нема автобуси – изјави Поповски.

Целиот текст прочитајте го на ПлусИнфо

Промовирани огласи »

Поевтините патарини низ Македонија за српските граѓани започнаа пред неколку дена, а истиот уред за ознака ќе важи и за патувања низ Северна Македонија и Србија, дознава „Блиц Бизнис“. Возачите добиваат две поволности - побрзо, но и поевтино ќе ја поминат наплатната рампа.

Српскиот означен уред почнува да важи на наплатните пунктови во Северна Македонија

Како што за колегите од Блиц бизнис потврдиле од ЈП „Патишта Србија“, заедничкиот систем за електронско плаќање успешно ги поминал сите тестови. Тоа практично значи дека секој што патува со автомобил до морето во Грција може да ја користи брзата лента низ Северна Македонија, односно со српска патарина да помине низ соседната земја речиси без застанување.

На овој начин патарината е за шест отсто поевтина во однос на редовното плаќање, со оглед на тоа што патарината неодамна се зголеми за 14 отсто, а за возачите кои користат ознака за 8 отсто.

Сега ќе биде многу побрзо преку Македонија и Србија, но и поевтино. Уредот за ознаки може да се купи на многу места, и во пумпи и во пошта. Чини 2.022 динари - изјавил Зоран Дробњак, в.д. на ЈП Патишта Србија.

Со српскиот таг, наскоро преку Албанија

На самитот одржан во Охрид во јуни 2022 година, беше договорено да се воспостави единствен електронски систем за наплата во Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија, а подоцна и во другите земји кои се приклучуваат на иницијативата.

На овој начин, во еден момент граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да плаќаат патарина во сите три земји без да застанат со ист уред за електронска наплата. Со тоа ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе се намали метежот на автопатите и ќе се олесни протокот на возила на наплатните пунктови, а граѓаните побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

Блиц.бизнис

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »