Промовирани огласи »

Податоците за економијата на анкетата на ИРИ покажува дека само 4 отсто од македонските граѓани имаат доволни примања, додека 64 отсто едвај врзуваат крај со крај.

Тоа што е различно од претходните години е дека пред три ипол години дури 9 отсто од граѓаните имале доволни примања, а во најтешката категорија биле само 17 отсто, за разлика од оваа година кога бројката се зголемила на 29 отсто.

Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1.204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард - 25 проценти одговориле така.

Промовирани огласи »

Во Македонија минатата година влегле странски инвестиции во вкупна вредност од 794 милиони долари, покажуваат податоците на Агенцијата на Обединетите нации за економска и трговска организација (УНЦТАД), а пренесува Инвестор.

Според извештајот, Србија е на врвот, а Босна и Херцеговина е на дното меѓу балканските земји по износот на странски инвестиции во изминатата година. Лани во Србија биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари, а во Албанија со 1,4 милијарди долари и Црна Гора со 877 милиони долари. На крајот од листата е Босна и Херцеговина со 661 милиони долари. Косово не е вклучено во извештајот бидејќи не е земја членка на Организацијата на Обединетите нации.

Во пандемиската 2020-та година, Македонија имаше најголем пад на странски инвестиции во регионот. Податоците објавени од Конференцијата за трговија и развој на ОН тогаш покажаа дека странските инвестиции во регионот во 2020 година се намалиле за 14 отсто во однос на 2019 година, во Македонија падот е скоро три пати поголем. Најмногу инвестиции во 2020 влегле во Србија – 3,4 милијарди американски долари, што е намалување за една петтина во однос на 2019, па потоа следува Албанија со 1,1 милијарди долари што е намалување за 14 отсто во однос на годината претходно. Црна Гора имаше 529 милиони долари, што е 27 проценти повеќе во однос на 2019, падот во Босна и Херцеговина бил 7 проценти и 2020 ја завршувале со 371 милиони долари и Македонија имаше најмалку – 224 милиони долари странски инвестиции, што е за 38 проценти помалку во однос на годината претходно. Во 2021 година Македонија имаше нешто повеќе од 300 милиони долари странски инвестиции.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за работни односи работникот може да склучи договор за вработување со полно и неполно работно време. 

Работниците кои склучиле договор за вработување со полно работно време не смеат да работат подолго од 40 часа неделно, а не помалку од 36 часа, но во одредни случани во некои професии, како полно работно време може да се смета и работно време под 36 часа неделно.

За работните места кај кои постои поголема опасност од повреди или здравствени оштетувања, со колективен договор на ниво на работодавач, полното работно време може да трае помалку од 36 часа неделно.

На работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работна способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, во согласност со закон и колективен договор. При остварување право на плата и другите права од работен однос, скратеното работно време се изедначува со полното работно време.

Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се сметаат: особено тешка физичка работа; работа под зголемен атмосферски притисок; работа под зголемена бучавост; работа во вода или влага; работа изложена на јонизирачки зрачења; работа со болни од заразни болести и со заразни материјали; работа на хируршки интервенции во операциони сали; работа во областа на психијатријата; работа со лица со најтешки пречки во психичкиот развиток; работа во судска медицина и патолошка анатомија; работа со нагризувачки материјали; работа на летачки персонал; балетски изведби; музичари на дувачки инструменти;играорци и оперски солисти; работа во близина на напон или под напон и работа на височина или длабочина.

Одобрение за работа со скратено работно време  дава министерот надлежен за работите од областа на трудот, врз основа на претходно прибавено мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот.Барање за покренување на постапка за добивање на одобрение за работа со скратено работно време може да поднесе работникот или синдикалната организација до работодавачот. Здравствената установа која врши дејност медицина на трудот и инспекцијата на трудот мислењето  го доставуваат врз основа на претходно изготвен и доставен елаборат од работодавачот.

Барање за добивање одобрение за работа со скратено работно време поднесува работодавачот до министерството надлежно за работите од областа на трудот.Кон барањето за добивање одобрение  работодавачот доставува мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот. Доколку инспекцијата на трудот утврди дека постојат услови , со решение ќе му нареди на работодавачот да покрене постапка за утврдување на скратено работно време.

Работникот кој работи на работи кои се особено тешки, напорни и штетни по здравјето не смее да работи на тие работи прекувремено, ниту може да се вработи кај друг работодавач на истите работи, за времето за кое работи со скратено работно време.

Промовирани огласи »

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претствниците на синдикатите.

Договоривме дека новата методологија за прсметка на платио за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со сптемвриската полата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренчевска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »