
За компанијата:
Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »
EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови.
Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
Со цел зајакнување на секторот за маркетинг, објавуваме оглас за вработување на
МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР ЗА ЗАКУПЦИ
Одговорности и работни задачи:
- Развива маркетинг стратегија за друштвото во согласност со целите на друштвото;
- Координира комуникација со закупците за кампањи и нивни потреби;
- Го надгледува буџетот за маркетинг на друштвото за поддршка на закупците во трговскиот центар;
- Менаџира објавување на сите маркетинг материјали од страна на закупците во согласност со маркетинг плановите;
- Планира и спроведува промотивни кампањи за закупците;
- Управување и подобрување на кампањите на трговскиот центар;
- Подготовка на онлајн и печатени маркетинг кампањи;
- Создава широк спектар на различни маркетинг материјали;
- Блиска соработка со маркетинг агенции и агенции за дизајн;
- Одржува ефективна внатрешна комуникација со цел да се осигура дека сите соодветни службени лица во друштвото се информирани за маркетиншките цели;
- Анализа на потенцијалните стратешки односи со партнерите за маркетинг на друштвото;
- Ги координира активностите на Маркетинг агенцијата за проектот Трговски центар
- Развива оперативна стратегија за маркетинг за Трговскиот центар;
- Преговара со потенцијални клиенти/огласувачи во трговскиот центар
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Висока стручна подготовка од областа на економски, општествени науки
- Минимум 3 годишно работно искуство во маркетинг, или на слична работна позиција
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет
- Одлично познавање на англиски јазик
- Изразени аналитички способности
- Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг
- Способност за планирање, преговарање и координација на симултани таскови, креативно размислување и ориентираност кон детали
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Развиено чувство за работна етика
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за самостојна и тимска работа
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 19.04.2025.
Слични огласи »