Промовирани огласи »

Начинот како да се мотивирате за работа е чест проблем, без разлика дали ја сакате или не вашата работа. Ако не ја работите вашата омилена работа, се подразбира дека не е лесно да се пронајде начин да добиете мотивација. Сепак, дури и ако сте ја избрале вистинската работа, постојат утра кога се „фаќате со канџи“ по ѕидовите за да станете од кревет.

Лесно е да заглавете во истата рутина, со тоа желбата за работа се губи. Меѓутоа, ако постојано се мотивирате на работа, ќе искусите:

  • Зголемено ниво на енергија.
  • Повеќе ентузијазам.
  • Подобри одржливи резултати.

Наместо да зависите од работодавецот за да најдете мотивација, еве неколку начини како да бидете мотивирани и да одите позитивни на работа секој ден.

  • Потсетете се себеси „Зошто“ работите

Премногу често, вработените ја засноваат својата мотивација на надворешни извори како признанија, бонуси и унапредување на работа. Овие можеби ги прави вработените да се чувствуваат добро, но тие само представуваат лажна мотивација.

  • Превземете контрола

Многу е лесно да дозволите првите неколку часа од вашата работа да ви бидат исполнети со состаноци. Почнете со планирање и закажување на вашите први неколку интеракции во денот за да ги имате во предвид. Излезете на кафе со некој од вашите колеги кој е почесто со оптимистичка мисла  и креативен. Со ова вие ќе имате низок стрес на работа бидејќи вклучува интеракции со други.

  • Прoславете ги вашите големи и мали достигнувања.

Ако имате потешкотии како да се мотивирате на работа, можеби е време да се наградите за вашите успеси. Дали навреме ја завршивте таа презентација од 30 минути? Би можеле да се почестите со убава вечера како награда за исполнување на таа голема цел.

Сите имаме свои подеми и падови, исто така  имаме моменти кога едноставно немаме желба да правиме нешто продуктивно. Ова е нормална појава но можете да ја подобрете. Користете било кој од горенаведените совети за подобра  мотивиција на  работа и со ова  да ја подобрите вашата продуктивност.

Промовирани огласи »

За прв пат по пет години, Јапонија повеќе го нема најмоќниот пасош на светот. На новото глобално рангирање на прво место е Сингапур, неговите граѓани без визи можат да посетат 192 земји, а Србија е на 34. место.

Германија, Италија и Шпанија го делат второто место со безвизен пристап до 190 земји, додека Јапонија сега е трета, заедно со Австрија, Финска, Франција, Луксембург, Јужна Кореја и Шведска. Граѓаните на овие земји можат да посетат 189 дестинации без визи.

На четвртото место се Обединетото Кралство, Ирска, Данска и Холандија. САД, кои заедно со Обединетото Кралство ја заземаа првата позиција во 2014 година, сега се на осмото место. Граѓаните на САД можат да посетат 184 земји без виза, но САД, од друга страна, дозволуваат безвизен режим само за 44 земји.

Рангирањето на најмоќните пасоши го прави Индексот за пасоши на Хенли, врз основа на податоците на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

Во однос на регионот, најдобро рангирана е Словенија, која го зазеде 9-тото место, со 193 земји кои можат да се посетат без виза. По неа следи Хрватска, која е на 14. место, бидејќи нејзините граѓани без пасош можат да посетат 175 дестинации во светот. За Хрватска тоа е најдобриот пласман во последните 18 години колку што постои ова рангирање.

Србија е на 34. Место, без виза можат да се посетат 137 земји, Македонија е на 43 позиција, без виза се влегува во 125 земји, граѓаните на Црна Гора, која е на 44. место, можат да посетат 124 земји. Босна и Херцеговина е на 47 место со 118 земји, Албанија на 48 место, со 117 земји кои може да се посетат без виза

На последно место е Авганистан, чиј безвизен пасош важи во 27 земји, а нешто подобри се Ирак и Сирија.

ФОТО: Unsplash/Markus Winkler

Промовирани огласи »

Секоја личност има индивидуални потреби, ставови и надежи, а креирањето можности тие да се реализираат се основата на сосема новиот пристап кон придобивките за вработените што го практикува софтверската компанија Singular. Повеќе од 25 бенефити кои покриваат широк опсег на сфери и интереси се дел од пакетот на придобивки за вработените. Меѓу нив се можност за работа на глобални проекти во интернационални тимови, 30 дена платен одмор, породилно отсуство за двата родители, онлајн-вебинари низ кои се овозможува развој во различни делови од животот и модерни канцеларии во Скопје се само дел од тие поволности.

Singular е наградувана софтверска компанија која наскоро ќе прослави двегодишнина како бренд на Flutter Entertainment Plc, светскиот лидер во онлајн спортско обложување и гејминг. Оттогаш, пакетот за вработени во компанијата е збогатен со придобивки кои не само што ги поттикнуваат луѓето да се усовршат професионално работејќи на исклучително квалитетните продукти, туку и ги охрабруваат да искусат различни работни средини патувајќи и соработувајќи со колеги од Flutter низ целиот свет.

Овој пристап е целосно инкорпориран во компаниската култура на Singular како дел од Positive Impact Plan на Flutter. Планот на целата групација е базиран на три столба, а еден од нив - Work Better - е фокусиран на позиционирање на луѓето и нивната индивидуалност во самиот центар. Во Singular, сепак, приказната секогаш е поширока, бидејќи пакетот на придобивки е поголем од едноставно обезбедување можности за напредок во кариерата и професионален раст.

„Со вработените негуваме односи засновани на доверба, взаемна добивка и опкружување што нѝ овозможува на сите да напредуваме во секој аспект. Нашиот извонредно поврзан тим посветува големо внимание да се осигура дека секој се чувствува комфорно и може да го искористи својот целосен потенцијал. Фокусот е ставен на најсовремените технологии и иновативни решенија, а воедно им овозможуваме на нашите вработени да останат во првите редови на технолошката индустрија. Работниот живот без предизвици може да биде досаден и демотивирачки. Од друга страна, секој член на нашиот тим има простор и време кое може да го помине со своето семејство, со своите најмали и најмили, да патува и да го најде балансот што го прави среќен“, вели Дарко Гацов, Director of Operations во Singular во Скопје.

Суштината на пристапот што компанијата го практикува на планот на придобивките е дека тие се конципирани за да ја продлабочуваат поврзаноста на тимот, но и да креираат можности за секоја личност да се развива според сопствените потреби. Една од придобивките која што овозможува подобрување на тимската комуникација и соработка е компанискиот тим билдинг. Во 2022, сите три канцеларии на Singular се собраа во Кипар, каде што имаа прилика да се сретнат со своите стари колеги, но и да ги запознаат новите членови на тимот. Дополнително, овие патувања нудат забава и релаксација, но и го зголемуваат степенот на енергија, инспирација и лично задоволство. Поради тоа, во пакетот на придобивки, Singular ја вклучува и програмата Take 20, со која што вработените можат да работат од која било дестинација во странство во времетраење од 20 дена.

Креирањето можности за вработените е инвестиција не само во поединците туку и во најблиските, особено во рамки на нивните семејства. Тимот на Singular има приватно здравствено осигурување, како и денови коишто вработените може да ги земат во случај на настинка, главоболка и други болести. Компанијата, исто така, верува дека родителството е тимска работа и од тие причини, покрај задолжителното мајчинско породилно отсуство, пакетот вклучува платено татково отсуство во времетраење од четири недели, како и дополнителни 12 недели доколку е потребна дополнителна грижа за малечките што се родени предвреме.

Дополнително, Singular овозможува премиум-претплати на апликациите за медитација и личен развој Headspace и Mind Tools, организира канцелариски настани и работилници кои покриваат разни теми за подигнување на свеста за менталното здравје на работното место, а и има простори за одмор за секој вработен да има простор за релаксација во моментите кога тоа е најпотребно. Сето ова придонесува кон визијата на Singular - да креираат можности коишто ќе им овозможат на вработените личен и професионален развој, но ќе ги поттикне воедно и да ги споделуваат своите вредности, искуства, и инспирации. Со други зборови, да дознаат како да станат добар „фит“ и да го искористат тоа знаење за да растат заедно на работното место.

„Голем предизвик и задоволство е да се биде дел од Singular во текот на растот од стартап до глобален бренд. Успехот на компанијата континуирано создава можности за кариерен развој за вработените преку градење взаемни односи во кои никој не чувствува дека дава повеќе отколку што добива, и работодавачот и вработените чувствуваат почит и посветеност, создавајќи средина каде што се охрабруваат идеи и споделување на знаења. Низ годините, тие развија во насока која не само што ги адресира нашите цели во кариерата, туку и личните аспирации. Со гордост можеме да кажеме дека во секоја канцеларија градиме тимови that FIT“, вели Елена Михајлоска Димоска, Head of Communications and Employer Branding.

Приказната на Singular не само што е исклучителна, туку е и инспиративна. Софтверската компанија изминативе 14 години изгради силен интернационален кредибилитет преку развој на компетитивни продукти, а потврда за нивниот врвен квалитет се наградите освоени на интернационално ниво. Флексибилност и иновативност се само дел од карактеристиките на производите на Singular кои се изградени од тим од повеќе од 170 луѓе во сите три канцеларии во Македонија, Грузија и Малта.

Во 2021 година, Singular стана дел од Flutter Entertainment Plc., водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет. Носечки дел на овој пристап е почитта што компанијата ја има за секој член на својот тим, но и довербата во нивните индивидуални вредности и квалитети. На тој начин Singular не само што креира услови кои што секому ќе овозможат да напредува и да се развива, туку и ќе воспостави нови стандарди во индустријата и ќе отвори ново поглавје во својата уникатна приказна.

За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk.

Промовирани огласи »

Плажата Навагио или Брегот на бродот, е изложен залив, понекогаш наречен „Залив на шверцери“, на брегот на Закинтос, на Јонските острови во Грција. Плажата Навагио првично била позната како Агиос Георгиос.

Има карактеристичен изглед кој е многу препознатлив во споредба со многу други плажи. Навагио ја опкружуваат високи карпи со ситен бел песок и чиста вода со тиркизно сина боја.

До Навагио се стигнува само по воден пат, па вреди да се закаже тура со брод и да се посети. Најдобро е да се оди таму многу рано наутро, кога има помалку туристи.

Сезоната на празници започнува во мај и достигнува врв во јули-август: има премногу туристи, а температурата на јужните острови достигнува 40 степени. Така, најдобро време за одмор во Грција е крајот на пролетта-почетокот на летото или септември-октомври.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »