Промовирани огласи »

Секоја личност има индивидуални потреби, ставови и надежи, а креирањето можности тие да се реализираат се основата на сосема новиот пристап кон придобивките за вработените што го практикува софтверската компанија Singular. Повеќе од 25 бенефити кои покриваат широк опсег на сфери и интереси се дел од пакетот на придобивки за вработените. Меѓу нив се можност за работа на глобални проекти во интернационални тимови, 30 дена платен одмор, породилно отсуство за двата родители, онлајн-вебинари низ кои се овозможува развој во различни делови од животот и модерни канцеларии во Скопје се само дел од тие поволности.

Singular е наградувана софтверска компанија која наскоро ќе прослави двегодишнина како бренд на Flutter Entertainment Plc, светскиот лидер во онлајн спортско обложување и гејминг. Оттогаш, пакетот за вработени во компанијата е збогатен со придобивки кои не само што ги поттикнуваат луѓето да се усовршат професионално работејќи на исклучително квалитетните продукти, туку и ги охрабруваат да искусат различни работни средини патувајќи и соработувајќи со колеги од Flutter низ целиот свет.

Овој пристап е целосно инкорпориран во компаниската култура на Singular како дел од Positive Impact Plan на Flutter. Планот на целата групација е базиран на три столба, а еден од нив - Work Better - е фокусиран на позиционирање на луѓето и нивната индивидуалност во самиот центар. Во Singular, сепак, приказната секогаш е поширока, бидејќи пакетот на придобивки е поголем од едноставно обезбедување можности за напредок во кариерата и професионален раст.

„Со вработените негуваме односи засновани на доверба, взаемна добивка и опкружување што нѝ овозможува на сите да напредуваме во секој аспект. Нашиот извонредно поврзан тим посветува големо внимание да се осигура дека секој се чувствува комфорно и може да го искористи својот целосен потенцијал. Фокусот е ставен на најсовремените технологии и иновативни решенија, а воедно им овозможуваме на нашите вработени да останат во првите редови на технолошката индустрија. Работниот живот без предизвици може да биде досаден и демотивирачки. Од друга страна, секој член на нашиот тим има простор и време кое може да го помине со своето семејство, со своите најмали и најмили, да патува и да го најде балансот што го прави среќен“, вели Дарко Гацов, Director of Operations во Singular во Скопје.

Суштината на пристапот што компанијата го практикува на планот на придобивките е дека тие се конципирани за да ја продлабочуваат поврзаноста на тимот, но и да креираат можности за секоја личност да се развива според сопствените потреби. Една од придобивките која што овозможува подобрување на тимската комуникација и соработка е компанискиот тим билдинг. Во 2022, сите три канцеларии на Singular се собраа во Кипар, каде што имаа прилика да се сретнат со своите стари колеги, но и да ги запознаат новите членови на тимот. Дополнително, овие патувања нудат забава и релаксација, но и го зголемуваат степенот на енергија, инспирација и лично задоволство. Поради тоа, во пакетот на придобивки, Singular ја вклучува и програмата Take 20, со која што вработените можат да работат од која било дестинација во странство во времетраење од 20 дена.

Креирањето можности за вработените е инвестиција не само во поединците туку и во најблиските, особено во рамки на нивните семејства. Тимот на Singular има приватно здравствено осигурување, како и денови коишто вработените може да ги земат во случај на настинка, главоболка и други болести. Компанијата, исто така, верува дека родителството е тимска работа и од тие причини, покрај задолжителното мајчинско породилно отсуство, пакетот вклучува платено татково отсуство во времетраење од четири недели, како и дополнителни 12 недели доколку е потребна дополнителна грижа за малечките што се родени предвреме.

Дополнително, Singular овозможува премиум-претплати на апликациите за медитација и личен развој Headspace и Mind Tools, организира канцелариски настани и работилници кои покриваат разни теми за подигнување на свеста за менталното здравје на работното место, а и има простори за одмор за секој вработен да има простор за релаксација во моментите кога тоа е најпотребно. Сето ова придонесува кон визијата на Singular - да креираат можности коишто ќе им овозможат на вработените личен и професионален развој, но ќе ги поттикне воедно и да ги споделуваат своите вредности, искуства, и инспирации. Со други зборови, да дознаат како да станат добар „фит“ и да го искористат тоа знаење за да растат заедно на работното место.

„Голем предизвик и задоволство е да се биде дел од Singular во текот на растот од стартап до глобален бренд. Успехот на компанијата континуирано создава можности за кариерен развој за вработените преку градење взаемни односи во кои никој не чувствува дека дава повеќе отколку што добива, и работодавачот и вработените чувствуваат почит и посветеност, создавајќи средина каде што се охрабруваат идеи и споделување на знаења. Низ годините, тие развија во насока која не само што ги адресира нашите цели во кариерата, туку и личните аспирации. Со гордост можеме да кажеме дека во секоја канцеларија градиме тимови that FIT“, вели Елена Михајлоска Димоска, Head of Communications and Employer Branding.

Приказната на Singular не само што е исклучителна, туку е и инспиративна. Софтверската компанија изминативе 14 години изгради силен интернационален кредибилитет преку развој на компетитивни продукти, а потврда за нивниот врвен квалитет се наградите освоени на интернационално ниво. Флексибилност и иновативност се само дел од карактеристиките на производите на Singular кои се изградени од тим од повеќе од 170 луѓе во сите три канцеларии во Македонија, Грузија и Малта.

Во 2021 година, Singular стана дел од Flutter Entertainment Plc., водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет. Носечки дел на овој пристап е почитта што компанијата ја има за секој член на својот тим, но и довербата во нивните индивидуални вредности и квалитети. На тој начин Singular не само што креира услови кои што секому ќе овозможат да напредува и да се развива, туку и ќе воспостави нови стандарди во индустријата и ќе отвори ново поглавје во својата уникатна приказна.

За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk.

Промовирани огласи »

Плажата Навагио или Брегот на бродот, е изложен залив, понекогаш наречен „Залив на шверцери“, на брегот на Закинтос, на Јонските острови во Грција. Плажата Навагио првично била позната како Агиос Георгиос.

Има карактеристичен изглед кој е многу препознатлив во споредба со многу други плажи. Навагио ја опкружуваат високи карпи со ситен бел песок и чиста вода со тиркизно сина боја.

До Навагио се стигнува само по воден пат, па вреди да се закаже тура со брод и да се посети. Најдобро е да се оди таму многу рано наутро, кога има помалку туристи.

Сезоната на празници започнува во мај и достигнува врв во јули-август: има премногу туристи, а температурата на јужните острови достигнува 40 степени. Така, најдобро време за одмор во Грција е крајот на пролетта-почетокот на летото или септември-октомври.

Промовирани огласи »

Вработените во јавниот сектор ќе земаат повисоки плати. Потпишан e Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор и тоа е системско решение кое гарантира постојан раст на платите. 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов официјално го потпишаа Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор. Потпишувањето на Општиот колективен договор беше единствена точка на денешната 12 седница на Економско-социјалниот совет. 


Премиерот  Димитар Ковачевски истакна дека Владата успеа во она што беше недостижно досега, успеа да сврти нова страница на историјата и за прв пат по 15 години на иста маса со синдикатите и со сите засегнати, заеднички најде одржливо решение за платите во јавниот сектор.

 
Денеска, овде во просториите на Владата треба да се потпише нов Општ Колективен договор кој е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите, со којшто се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, решение коешто гарантира раст на платите. Заеднички со синдикатите дојдовме до прифатливо решение кое нема да зависи од волјата и желбата на ниедна политичка партија и сега и во иднина!, истакна Ковачевски.


Тој вели и дека вработените во разни агенции, фондови, во општините, училиштата, градинките и сите други вработени во институциите од јавниот сектор, од септември, оваа година, ќе добијат 10 отсто раст на постојните плати, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.


Утврдивме и нова Методологија на плата која ќе се спроведува од март 2025 година. Во новиот општ Колективен договор предвидовме исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата. Покажавме дека се грижиме за сите, се грижиме за нашите граѓани, нивниот труд треба да е соодветно вреднуван и ценет. Токму затоа обезбедивме решенија на долг рок, со коишто овозможивме континуиран раст на платите, потенцираше Ковачевски.


Министерката Тренчевска на прес-конференцијата за медиумите посочи дека Општиот колективен договор кој се потпишува после 15 години претставува значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен. 


Како Влада и како Министерство надлежно за прашањата во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво. Затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Заедно, низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензиите, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите на вработените во јавен сектор и не само тоа, туку и методологија која обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права и вреднување на трудот на работникот, истакна Тренчевска.

 
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи посочи дека повисоките плати во јавната администрација се клучни за подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иновативноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредност и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес. 

Со обезбедување конкурентна плата, градиме силен и професионален јавен сектор кој ефикасно и ефективно ќе им служи на граѓаните и активно ќе учествува во создавањето на поволна деловна средина за одржлив економски раст и развој, истакна Битиќи.


Министерот за финансии Фатмир Бесими, го поздрави потпишувањето на овој Договор кој е резултат на подолг процес на преговори и консултации и претставува заеднички успех и на двете страни, кои имаа сериозен пристап во изнаоѓање на ова системско решение кое овозможува континуиран раст на платите и заштита на стандардот на вработените.

 
Ова што денеска го потпишуваме и стартува веќе од септември со исплатата на платата во октомври, е продолжение на оној раст на платите што се случува во изминатите пет години. Покрај растот на платите во март и септември годинава, цела администрација имаше раст на платите во 2019 година. Во образование платите имаа раст во 2018, 2019, 2020, 2022 и 2023 година, во високото образование раст во 2021, 2022 и 2023 година. Зголемување од 20 отсто и 18 отсто имаа вработени во културата. Детската и социјална заштита по 10 отсто и 15 отсто во 2019 и 2022 година. Минатата година 15 отсто раст имаа платите на вработени во судството, вработените во здравство во три наврати добија зголемување на платите од 10, 25 и 5 отсто, а зголемување на платите имаше и Армијата, МВР,  во ИПА структурите и слично, рече Бесими.


Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу изрази задоволство од потпишувањето на договорот кој е само почеток на заедничката работа за подобрување на работничките права.

Промовирани огласи »

Ана Јовановска, DevOps-инженер од нашиот тим во Северна Македонија, имаше клучна улога во еден проект за давател на дигитални услуги за клиентско искуство (CX) од-крај-до-крај. Компанијата имплементира Amazon Connect на глобално ниво во сите контакт центри. Ова овозможува различни степени на интервенции и оптимизации на DevOps што им помага на овие центри да ги искористат сите придобивки понудени од ова иновативно “cloud” базирано решение од Амазон. Во оваа статија, Ана зборува за сложеноста од работење за компанија која што работи со клиенти од целиот свет и дава детален преглед на техничкиот пристап што таа и нејзиниот тим го примениле во проектот.

Содржина

  • Вовед
  • Зошто е DevOps денес од особена важност?
  • Клиентско искуство и како DevOps културата е дел од тоа
  • Фокус на проектот
  • Што е Amazon Connect
  • Успешна приказна
  • Како се постигна тоа
  • Добро завршена работа

Вовед

Во сржта на секој бизнис, покрај приходите, постои и друг посакуван резултат: позитивни повратни информации од клиентите. Со текот на времето, еден факт станува сè повеќе очигледен — не може да зборуваме за добро клиентско искуство (CX) во контекстот на ИТ, без да се даде важност на улогата што ја има DevOps.

Со воведувањето на нови пристапи кон технологијата и светот којшто ја прифаќа DevOps културата, обемот на развој на софтверот, којшто може да направи директно влијание, се шири доста брзо.. Софтверските инженери низ целиот свет стануваат сè повеќе агилни и развиваат начини на размислување, чијашто главна цел е доближување на тимовите со цел да постигнат подобри бизнис резултати.

Зошто е DevOps денес од особена важност?

DevOps израсна од пристапот на Lean management концептот, долгорочна стратегија која се стреми кон постигнување мали, постепени измени во процесите, со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот. Ова е причината зошто Agile, како методологија за развој на софтвер, се спојува со DevOps културата. Двете може да се интегрираат со помош на Управување со животниот циклус на апликациите (ALM - Application Lifecycle Management) за да се овозможи тимовите поефикасно да оработуваат при животниот процес на испорака на целосен производ. Резултатот е во зголемениот квалитет за клиентот.

DevOps пристапот за развојот на софтвер претставува повторлив процес, бидејќи проектите се движат од етапите на развој (планирање, дизајн, програмирање и тестирање) преку етапите на операции (пуштање во употреба, распоредување, работење и следење), па назад во етапите на развој заради постојано подобрување.

Клиентско искуство и како DevOps културата е дел од тоа

Клиентското искуство (CX) се дефинира како секаква интеракција што ја имаат клиентите со една компанија во сите етапи од патот на клиентот — дури и ако ниту една не резултира со купување. Се фокусира на односот помеѓу бизнисот и крајните корисници.

DevOps за клиентско искуство ги зема DevOps практиките и се фокусира на уникатните аспекти на софтверот за CX, овозможувајќи брзина и квалитет. Фокус на клучни области во DevOps за клиентско искуство е перспективата на клиентот. Ако една компанија научи како да ги интегрира барањата на нејзините клиенти преку нејзината DevOps култура, тогаш побрзо ќе ги задоволи тие барања.

До неодамна, DevOps сè уште немаше вкрстување со клиентското искуство. Меѓутоа, во последните неколку години стана многу повообичаена пракса, бидејќи компаниите се принудени да воведуваат разновидност во нивното работење со цел да бидат пред конкуренцијата. За да се разбере начинот на размислување што го носи DevOps за CX, ИТ-провајдерите мора да сфатат дека CX не е ограничено само на изгледот и интерфејсот на софтверскиот производ.

Веќе забележуваме дека DevOps се прифаќа речиси универзално поради способноста брзо да ја доведе ефикасноста во преден план. Компаниите може да користат DevOps за надминување на деловните пречки и да осигурат непречени работни процеси помеѓу сите засегнати во SDLC (животен процес за развој на софтвер). Може да поставуваат појасни цели, да ги подобрат комуникациите, да развијат иновативна култура, како и да креираат план за развој насочен кон клиентите.

Фокус на проектот

DevOps тимот на Scalefocus работеше за компанија која е лидер во дигитално клиентско искуство со фокус на дизајн на услуги, стратешко консултирање и технолошки платформи што испорачуваа трансформација на дигиталното CX. Компанијата се истакнува во испорачување решенија законтакт-центри на компаниите базирани на cloud, помагајќи им на бизнисите да го подобрат ангажирањето со клиентите, притоа зголемувајќи ги cloud придобивките. Компанијата е експерт во интеграција на CTI за Amazon Connect, cloud базирани компаниски решенија за контакт-центри .

Што е Amazon Connect?

Amazon Connect претставува cloud базирано компаниско решение за контакт-центри . Им овозможува на претставниците од службата за корисници да одговараат на телефонски повици или на барања за писмен (chat) разговор од крајните корисници, исто како инфраструктурата на контакт-центарот физички да е поставена и да работи. Овозможува дури и малите компании да имаат сопствени повикувачки центри без да инвестираат огромни буџети. Amazon Connect нуди искуство со омниканал бизнис стратегија за подобро клиентско искуство, што значи дека клиентите што се јавуваат може да изберат помеѓу гласовен или писмен разговор за да ја добијат потребната помош. Било кој разговор може да се одржи низ овие два канала и повикувачите може лесно да префрлуваат меѓу нив, без да биде потребно да го рестартираат разговорот од почеток.

Amazon Connect има можност за интегрирање со други сервиси, како што се RDS, DynamoDB,

Lambda, Kinesis и Lex. Исто така, нуди поддршка за опцијата наречена Contact Lens која нуди анализа на сентиментот на самиот разговор, транскрипции и можност да се обработатчувствителни информации од записите и транскрипциите. Решението, создадено во 2017 г., ги револуционизираше искуствата за традиционалните контакт-центри, како за агентите, така и за клиентите.

Успешна приказна

Приспособувањето на технологиите во и надвор од Cloud-от беше полно со предизвици за компанијата за која работеше Scalefocus, бидејќи се соочуваше со различни клиенти со разновидни барања. DevOps тимот ја олесни соработката помеѓу тимовите, ги подобри постојните структури и нудеше насоки и советување за иновациите. Нашиот главен фокус беше користење на најдобрите практики при градењето на Infrastructure as Code (IaC)) со Terraform. Решението го користи Amazon Connect како public cloud contact center service - која нуди услуга исто како и услугите на Public Cloud (pay as you go/shared infrastructure).

Amazon Connect може да врши интеракции со системите и динамично да го следи дејствието како се одвива една конекција при разговор. За да се постигне ова, инженерите вршеа повикување на AWS Lambda фукции во самата насока на конекцијата, ги преземаа резултатите и ги повикуваасервисите на компанијата или комуницираа со други AWS податочни складови или сервиси.

Ова значи дека самиот процес на егзекуција беше целосно автоматизиран, а кодот може повторно да се употреби во различни околини.

Примарните ресурси креирани со Terraform беа:

  • DynamoDB
  • Lambda
  • AWS Connect

Ресурсот Lambda Function овозможува извршување на код како одговор на настани во AWS Connect. Lambda Function сама во себе вклучува изворен код и runtime конфигурација. Интеграцијата со AWS Connect и DynamoDB беше направена целосно преку користење на Terraform(IaC).

Важно е да се напомене дека користењето на AWS Developer Tools како што се CDK и SAM, како и имплементацијата на повеќе Lambda функции преку користење различни програмски јазици, како на пример, Typescript и Python. CI/CD системите се разликуваат според барањата на различните клиенти, започнувајќи од native AWS CodeBuild, CodeCommit, CodeDeploy и CodePipeline, па сè до Jenkins или GitHub Actions.

DevOps тимот ја преработи целата инфраструктура на Terraform од 4000 линии код во само 200линии, од што произлезе можноста за повторно користење и интеграции на други интеракции во конфигурацијата, без нарушување на сето она што веќе беше создадено во една или повеќе постоечки околини. Ова беше постигнато благодарение на усвојувањето на Development како дел од DevOps циклусот , со што секој може да придонесе кон оваа инфраструктура без да има опширно познавање од Terraform.

Како беше сето тоа постигнато?

Некои од корисничките податоци беа мапирани во CSV-датотеки. Наместо нивно имплементирање директно како локални вредности во конфигурацијата на Terraform, каде соодветните ресурси ги апсорбираат, сето тоа беше постигнато благодарение на соработката помеѓу програмерите и DevOps, се креираше скрипта во JavaScript која ги чита и претвора внесовите од CSV како JSON[1]објекти, сето ова беше постигнато со повик на една фунција која ги чита овие податоци директно во Terraform. На овој начин, секогаш кога ќе пристигне нов сет на податоци и програмерите ќе може да учествуваат, не само Девопс.

Сепак, инженерите не секогаш програмираат или го поправаат она што е наследено, туку и ја исполнуваат својата улога како посредувач, најчесто при фазата на планирањето. Зошто? Затоа што при еден проект може да се појават многу скриени ризици, како на пример, ограничување во регионот на достапните услуги или немањето поддршка за некои алатки во таа област. Затоа нашите експерти однапред направија многу (Proof of concepts) за да осигурат дека тоа што му го нудат на клиентот е 100 % оптимално.

Брзото прифаќање на културата на компанијата е најнеопходното нешто за агилните инженери во DevOps тимот на Scalefocus. Ние учиме како да го разбереме клиентот и на тој начин се трудиме даобезбедиме брзи и веродостојни решенија. Присуствуваме на состаноците на нашите клиенти за да осигураме дека фазата на дизајн и она што треба да се испорача, се синхронизирани. Покрај тоа што сме експерти во нашето поле, постојано се обучуваме од клиентска страна, за подобро да ја разбереме културата и да изградиме средина што го отсликува нивниот карактер.

Добро завршена работа

Како резултат на имплементацијата на Amazon Connect, којашто ја изврши нашиот DevOps тим, за голем број контакт центри, сите тие станаа агилни и сега може да превземаат зголемен обем на повици. Благодарение на карактеристиките како што се: автоматизирано снимање повици и интегриран повратен повик, агентите може побрзо да им помогнат на луѓето, додека истовремено го подобруваат квалитетот на услугата. Преку анализата на разговорот помеѓу агентот и клиентотна Amazon Connect, контакт-центрите сега може да генерираат конзистентни и објективни резултати при анализирањето на мислењата од корисниците.

Тимот на Скеил Фокус исто така помогна во програмирањето на дизајни за разговори, што претставува двонасочна интеракција помеѓу корисник и систем, најчесто бот за разговор (chatbot). Добрите дизајни за разговор прават клиентите да се чувствуваат дека некој ги разбира и овозможуваат контакт центрите да добијат подобар увид во она што навистина им е потребно на нивните клиенти. Scalefocus исто така асистираше контакт-центар за нивната дигитализација на CX преку поставување виртуелен телефонски систем заснован на веб-прелистувач, со што овозможи да се отстранат аналогните телефонски линии и со тоа го направи полесно и поефикасно процесирањето на повици од целиот свет.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »