Имате дилема дали треба да поставите цветни аранжмани или саксии во вашата канцеларија? Некои ќе речат цвеќињата бараат внимание, кој ќе се грижи за нив? Имаме премногу обврски не може да мислиме и на цвеќињата!
Пред да одлучите за немање цвеќиња во канцеларијата прочитајте што има KARIERA.mk да ви каже во врска со оваа дилема:
Тие го прават вашиот персонал среќен
Цветовите се фантастични кога е тежок ден - тие загарантирано ќе измамат насмевка на лицето на секого и може да го осветлат досадното утро во понеделник. Гледајќи ги шарените цвеќиња, наместо празни зидови и агли во канцеларијата е одличен начин да го започнете денот, особено ако немате многу светлина во просторијата.
Цвеќињата ја подобруваат концентрацијата и меморијата
Повеќе истражувања покажуваат дека цвеќето може да му помогне на работникот да се сконцентрира на работното место и да ја подобри неговата меморија. Ефектот на природа во канцеларијата може да го унапреди умот и сетилата, што доведува до подобрување на менталните перформанси.
Тие ја подобруваат продуктивноста
Цветовите не се само убави и миризливи! Тие имаат и свои невидливи карактеристики кои ќе го освежат просторот и ќе ја зголемат способноста на работниците да работат подобро.
Едно истражување од Америка во изминативе 8 месеци покажа дека во смисла на иновации, генерирање на добри идеи и решавање на проблеми, има забележителни подобрувања и за мажите и за жените, кога се наоѓаат во средина украсена со свежо цвеќе.
Тие се лесен начин за преуредување и освежување на стариот простор
Цветовите се економичен начин за правење впечатливи промени во канцеларијата, кои нема да заземат многу време, работа и напор.
Големиот букет исполнет со бои и енергичност навистина може да ја осветли неутралната соба и да и даде позитивна атмосфера. Едноличноста на просторот многу често не прави меланхолични и мрзеливи па ова би било одлична промена!