Промовирани огласи »

Колкупати сте излегле и на крајот сте се вратиле дома со полни кеси? Без никаков план, потошивте пари кои не планиравте да ги потрошите и незнаете зошто и како го направивте тоа?

Нема да поверувате како големите компании несвесно не заведуваат и речиси без да почуствуваме ни вадат пари од новчаникот.

KARIERA.mk споделува со вас некои од нивните најпознати тактики:

Големина 
Производителите на облека често ги означуваат помалите броеви за да мислиме дека можеме да влеземе во помала големина и заради тоа сме среќни што купуваме.

Колички 
Колку работи ќе купиме зависи од големината на количката, па така ако е поголема, подложни сме да купиме за 37% повеќе.

Мириси од детството 
Мирисите се подеднакво важни. Благодарение на нив, на купувачите им се отвора апетитот, поттикнувајќи поголема потрошувачка на прехранбени продукти.

Музика и светло 
Дури 76% од купувачите на прехранбени продукти одлучуваат што ќе купат во продавница, без разлика на претходно подготвената листа, а експертите објаснуваат дека тоа е така бидејќи вниманието им го одвлекуваат и другите производи на рафтовите.

Исто така и музиката влијае на купувачите. Што погласна, тоа повеќе купувачот ја губи самоконтролата, со што се зголемуваат шансите за импулсивно купување.

Осветлување 
Дали некогаш сте се запрашале зошто овошјето и зеленчукот се секогаш во близина на влезните врати на големите маркети? Тоа е бидејќи тие изгледаат поздраво и посвежо на природно светло. На одделот за долна облека пак, осветлувањето е послабо отколку во останатиот дел од продавницата за да се добие чувство на интимна атмосфера.

Само пробајте… 
Презентациите на кои имате можност да го пробате производот ви даваат прилика да го „запознаете“, а така многу полесно ќе се одлучувате и за купување.

Промовирани огласи »

Алексеј Наваљин, лидер на руската опозиција, објавил тајни снимки од островот на границата со Финска, каде рускиот претседател Владимир Путин би требало да биде на одмор. Наваљин предупредува дека вилата на снимката е само уште една од недвижнините на Путин а која покрај другиот имот укажува на корпуција. Официјално е во сопственост на пријател на Путин.

Вилата, позната како вила Сегрен, се наоѓа на остров во Финскиот залив а исто така е прикажана во адаптација на серијалот за Шерлок Холмс, кој е снимен во Советскиот сојуз во средината на 80-тите.

Близу вилата се наоѓаат и мноштво други новоизградени куќи, како и хелиодром. Според Наваљин, областа е строго заштитена, а љубопитноста на локалните жители е ограничена со висока ограда.

Алексеј во видеото објаснува дека официјален сопственик на имотот е синот на близок пријател на Путин Сергеј Руднов, но дека со неа всушност се служи рускиот претседател.

Сите докази укажуваат на корупција. Неговиот личен имот е впишан под името на пријател кој многу се збогати во последните 17 години, објаснува лидерот на опозцијата во видеото кое има два милиони прегледи во првите 24 часа по објавувањето. Денес, ден подоцна, веќе има дополнителни 800 000 прегледи.

Слично на тоа, Алексеј Наваљин објавил во март извештај, наведувајќи дека премиерот Димитриј Медведев, според разни канали, е сопственик на згради, јахти и лози во вредности кои далеку ги надминуваат неговите официјални приходи.

Видео снимката која го открива премиерскиот луксузен имот, од тогаш го следат 24,5 милиони луѓе. Наваљин потоа побарал протести поради што заработил 15 дена во затвор и нешто помалку од 350 евра парични казни.

Промовирани огласи »

Почнувањето на работа по породилното отсуство може да биде вистински хорор. Се чини како никогаш да не сте работеле во таа компанија.

Многу работи се промениле во изминатите 9 месеци додека вие се гушкавте со бебето или пак имавте безброј непреспиени ноќи заради стомачни грчеви или пак заради растење на првите запчиња.

KARIERA.mk со вас ги споделува најиритантните коментари при вашиот почеток на работа по породилното отсуство:

Зошто имаш деца, ако некој друг ти ги чува?

Добро размислете пред да кажете нешто вакво. Сите жени сакаат да бидат најдобри мајки на светот. Сепак освен мајки тие сакаат да бидат и кариерно остварени. Оваа изјава имплицира на тоа дека жената е лоша мајка која се впуштила в мајчинство без претходно размислување.

Тоа што жените со деца работат и одат на работа не значи дека не се грижат за своите деца. Поточно, веројатно го прават тоа токму поради своите деца, односно за да можат да им овозможат квалитетен живот.

Ајде почни на работа, ти треба малку одмор од децата!

Вработената мајка која има деца не оди во канцеларија за да се одмори од своите деца. Таа работи од љубов, потреба или поради пари, но никако за да земе оддишка. 



Мораш ли да работиш? Сега најмногу му требаш на детето!

Децата често ги чуваат тетки, вујни, баби и дедовци. Всушност, живееме во модерни времиња и сите можности се допуштени. Не предизвикувајте грижа на совест кај мајките кои се одлучиле да се вратат на работа.

Да, децата ужасно им недостигаат во секоја секунда мината на работното место меѓутоа истовремено и истата таа мајка навистина ужива остварувајќи се како добар адвокат/кувар/цвеќар/туристички водич/продавач или било што.

Промовирани огласи »

Флексибилното работно време често знае да се претвори во вистински ноќен кошмар за работниците, затоа што тогаш се 24 часа достапни.

Многу врботени посакуваат да работат од дома вмрежени во компјутерскиот систем на фирмата, но постојат два проблеми, многу малку фирми нудат таква работна можност, а оние кои тоа и го нудат настојуваат максимално да ги искористат работниците.

Во денешно време кога електронската пошта е достапна и преку мобилните телефони, дури и кога сте на одмор сигурно сте се фатиле себе си како ја проверувате службената пошта.

Истражувањата покажуваат дека голем број на вработените ја посакуваат можноста да работат од дома, но само 11 отсто од претпријатијата даваат вакви можности.

Ваквиот вид на работа особено е добар за мајките со мали деца.

Сепак, работа од дома најчесто подразбира прекувремена работа за да се исполнат сите барања на работодавачот.

После осум часа работен ден, некои работодавачи очекуваат работникот секогаш да им стои на располагање, да е „вклучен“ во мрежата и работните процеси, резултатите од истражувањата спроведени се во Германија.

Некои експерти од областа на работничките права се залагаат во договорот и законот да содржи клаузула за правото на недостапност, односно право на работникот да биде ослободен од работа после завршување на работниот ден.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »