Промовирани огласи »

Почнувањето на работа по породилното отсуство може да биде вистински хорор. Се чини како никогаш да не сте работеле во таа компанија.

Многу работи се промениле во изминатите 9 месеци додека вие се гушкавте со бебето или пак имавте безброј непреспиени ноќи заради стомачни грчеви или пак заради растење на првите запчиња.

KARIERA.mk со вас ги споделува најиритантните коментари при вашиот почеток на работа по породилното отсуство:

Зошто имаш деца, ако некој друг ти ги чува?

Добро размислете пред да кажете нешто вакво. Сите жени сакаат да бидат најдобри мајки на светот. Сепак освен мајки тие сакаат да бидат и кариерно остварени. Оваа изјава имплицира на тоа дека жената е лоша мајка која се впуштила в мајчинство без претходно размислување.

Тоа што жените со деца работат и одат на работа не значи дека не се грижат за своите деца. Поточно, веројатно го прават тоа токму поради своите деца, односно за да можат да им овозможат квалитетен живот.

Ајде почни на работа, ти треба малку одмор од децата!

Вработената мајка која има деца не оди во канцеларија за да се одмори од своите деца. Таа работи од љубов, потреба или поради пари, но никако за да земе оддишка. 



Мораш ли да работиш? Сега најмногу му требаш на детето!

Децата често ги чуваат тетки, вујни, баби и дедовци. Всушност, живееме во модерни времиња и сите можности се допуштени. Не предизвикувајте грижа на совест кај мајките кои се одлучиле да се вратат на работа.

Да, децата ужасно им недостигаат во секоја секунда мината на работното место меѓутоа истовремено и истата таа мајка навистина ужива остварувајќи се како добар адвокат/кувар/цвеќар/туристички водич/продавач или било што.

Промовирани огласи »

Флексибилното работно време често знае да се претвори во вистински ноќен кошмар за работниците, затоа што тогаш се 24 часа достапни.

Многу врботени посакуваат да работат од дома вмрежени во компјутерскиот систем на фирмата, но постојат два проблеми, многу малку фирми нудат таква работна можност, а оние кои тоа и го нудат настојуваат максимално да ги искористат работниците.

Во денешно време кога електронската пошта е достапна и преку мобилните телефони, дури и кога сте на одмор сигурно сте се фатиле себе си како ја проверувате службената пошта.

Истражувањата покажуваат дека голем број на вработените ја посакуваат можноста да работат од дома, но само 11 отсто од претпријатијата даваат вакви можности.

Ваквиот вид на работа особено е добар за мајките со мали деца.

Сепак, работа од дома најчесто подразбира прекувремена работа за да се исполнат сите барања на работодавачот.

После осум часа работен ден, некои работодавачи очекуваат работникот секогаш да им стои на располагање, да е „вклучен“ во мрежата и работните процеси, резултатите од истражувањата спроведени се во Германија.

Некои експерти од областа на работничките права се залагаат во договорот и законот да содржи клаузула за правото на недостапност, односно право на работникот да биде ослободен од работа после завршување на работниот ден.

Промовирани огласи »

Секој претприемач греши, а ова се најчестите грешки. 

Ако сте само еден основач, тогаш сами ќе морате да ги завршите сите обврски. 

Не е сеедно каде имате канцеларија, дуќан, продавница. 

Ако добиете работа, а при тоа ја завршите брзо и ефикасно иако сте мала компанија, ќе бидете на добар глас и ќе имате многу клиенти. 

Не копирајте и на пазарот не нудете потрошени идеи. 

Ако постојано одложувате и не почнувате бизнис, прашајте се зошто е тоа така. 

Можеби имате добар производ, но ако штедите на реклама, нема да го имате полниот потенцијал. 

Но, од друга страга  не смеете да трошите премногу пред да реализирате приходи. 

Сакате работите да ги решавате по телефон и по мејл, но важен е и личниот контакт. 

Промовирани огласи »

Последните години интересот за добивање на бугарски пасош расте, вели посредник од внатрешноста на Македонија.

Според него, 70% од граѓаните земаат бугарски пасоши  за да најдат работа во земјите од ЕУ, а 30% со помош на овој пасош си заминуваат заради подобар живот во странство.

Се чека 2 до 2.5 години во глобала,  но сега можеме да ја забрзаме постапката за 5 до 7 месеци, со доплата нормално. За критериуми,  мора да си македонски државјанин, да обезбедиш документ посмртница, од некој што е роден пред 1920 година, дедо, прадедо, па извод од татко, извод од барателот и копија од македонски пасош. Тоа е за самиот старт, а потоа треба документ за неосудуваност, лекарско, потеклото го обезбедуваме ние. Нема некој регион посебно да се издвои, нè  контактираат од цела Македонија – вели посредникот.

Објаснува дека во 2015 година имало мал застој со постапката за вадење на пасоши, а дел од посредниците вели дека кога ќе запнат со процедурата  веќе стануваат недостапни за луѓето кои аплицирале за бугарски пасоши. Според посредникот, бројката на македонски граѓани кои поседуваат бугарски пасош е над  50.000 или 60.000.

За да се добие пасош, се плаќаат околку 400 евра, плус некои ситни трошоци како што е одењето во Софија, вели тој.  Во земјава има и луѓе кои веќе дваесетина години посредуваат за бугарски пасоши. Но, за да запре појавата Македонци да земаат бугарски пасоши, мора да се подобри стандардот во Македонија.

Стандардот мора да е повисок. Основните плати мора да се зголемат. Да речеме на пример, чистачка да зема плата од 18.000 денари. Сите бегаат заради работа – додава нашиот соговорник.

Посредникот вели дека на Македонците на прво место им е егзистенцијата и затоа не размислуваат дали се работи за бугарски или пасош од друга земја. Додава дека наш државјанин може да добие и хрватски пасош, но патот до добивање пасош од Хрватска е посложен. 

Извор Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »