Неодамна се вработивте на седечка позиција и забележувате дека вашето тело почна да се однесува поинаку?
KARIERA.mk е тука да ви ги посочи трите најголеми промени кои се случуваат по една година работење во седечка позиција:
1. Вишок килограми
Долготрајното седење кое подразбира седечка позиција подолго од шест часа дневно го зголемува нивото на триглицеридите, лошиот холестерол и отпорноста на инсулонот. Мускулите не ги употребуваат мастите и нивотот на шеќерот во крвта расте, а со тоа се зголемува ризикот за прекумерно зголемување на телесната тежина.
Проблемот се состои и во тоа што мал број од вработените лица се хранат редовно и здраво.
Во контекст на овој проблем, едно истражување покажало дека поголемиот дел од луѓето се соочуваат со зголемување на телесната тежина за најмалку 10 килограми во просек, откако ќе се вработат.
Што да превземете?
Подготвувајте ги вашите оброци дома и планирајте однапред што ќе јадете, а пекарите и продавниците за брза храна потрудете се да ги избегнувате. Излезете од автобусот една станица порано или паркирајте го автомобилот малку подалеку и направете мала прошетка до работното место.
2. Проширени вени
Проширените вени се последица од прекумерно седење. Најчесто ги погодуваат жените и личностите кои што седат со прекрстени нозе. Освен што се видливи па на тој начин претставуваат естетски проблем, тие може да претставуваат и сериозен проблем, а проследени се со болки, отекување на нозете, особено стапалата и скочните зглобоци како и ноќни грчеви.
Што да превземете?
Најдобро би било да ги испружите нозете пред столчето секогаш кога имате можност и ако можете, правете кратка пауза на секој час и направете куса прошетка низ канцелариите.
3. Суви очи
Иако нашите очи претрпуваат многу, компјутерите во денешно време се нужност од која не можеме да побегнеме ниту на работното место, ниту во домот. Најчеста последица е чувството на суви очи и со текот на времето влошување на видот.
Што да превземете?
На секои 20 минути, во текот на 20 секунди, надлгедувајте предмет којшто е оддалечен од вас најмалку 6 метри. На тој начин ќе ги одморите зениците бидејќи кога се фокусирани очите на некој оддалечен објект, тогаш и се одмораат.
Исто така не е лошо и да си набавите очила со специјални леќи наменети за долготрајно седење пред монитор.