Можеби на прв поглед делува смешно, меѓутоа на модерните принцези воопшто не им е лесно.
Тие не работат и не одат на работа, меѓутоа имаат огромна листа на обврски и правила по кои го живеат кралскиот живот.
Наредниот пат кога ќе посакате да бидете принцеза, потсетете се што прочитавте подоле:
Принцезата мора да научи што е можно повеќе странски јазици
Современите принцези мора да знаат колку што е можно повеќе странски јазици како, кога ги посетуваат дипломатите од странските земји, поголемиот дел од разговорите би биле водени токму на нивниот мајчин јазик.
Се откажува од правото на глас
Или така е барем во Англија. И иако за тоа не постои официјален службен закон, жителите на Англија сметаат дека е противуставно за кралското семејство да учествува во изборите, бидејќи тие треба да ја претставуваат целата земја.
Значи, кога една жена ќе стане принцеза, за неа нема повеќе гласање на политичките избори ако таа сака нејзиниот народ да ја сака.
Засекогаш се откажуваат од нивната “дива страна”
Жената која што ќе стане принцеза веројатно и не е некој голем бунтовнички тип,но дури и ако имала било каква “дива страна”, таа ќе мора од тој животен стил засекогаш да се откаже кога ќе влезе во кралското семејство. Ниту таа, ниту нејзиното семејство не смеат да си дозволат никакви скандали.
Подготвеност за живот полн со формалности
Прекарите никако не се дозволени во кралската палата. А една принцеза секако треба да се навикне на тоа за другите да ја именуваат со “нејзиното кралско височество принцезата...”.
Секогаш беспрекорен изглед
Врвните стилисти барем три пати неделно ја фенираат косата на Кејт Мидлтон, но таа мора редовно и да се потстрижува и негува. Кејт во јавност е невозможно да ја видиме во несредено издание и таа е одличен пример за тоа што значи совршено негувана и дотерана принцеза.
Да се биде принцеза дефинитивно не е за некој којшто сака често да се облекува во лежерна и опуштена облека.
Живот според правилата на кралицата
Кралицата одредува мноштво од ситниците коишто се случуваат во животот на едно кралско семејство. На пример, едно од правилата вели дека вечерата завршува кога кралицата ќе заврши со својот оброк.
Посетување на најдобрите училишта и најпрестижните општествени случувања
За една жена да стане принцеза, таа мора најпрво да го запознае својот принц. Најголема веројатност за нешто такво да се случи постои на престижните институции за високо образование, како и на гала вечерите, баловите или хуманитарните случувања.
За една принцеза е исто така важно да биде добро образувана бидејќи таа има важно место во општеството.
Откажување од било каква кариера
Да се биде принцеза е работа со полно работно време и така и треба да остане. Па дури и ако одела во најпрестижните училишта и стекнала завидни дипломи, принцезата ќе мора да се откаже од својот сон за да изгради своја кариера.
Кетрин Мидлтон на пример има диплома по историја на уметност, но воопшто не се занимава со тоа во својот живот.
Не смее да биде членка на никаква политичка организација
Принцезата никогаш не би смеела да се кандидира за било каква политичка позиција поради слични причини коишто исто така не дозволуваат гласање на изборите. Принцезата ја претставува целата земја, а кандидирањето за ангажман во некоја политичка партија би создало поделеност.
Занимавање со хуманитарна работа
Голем дел од своето време принцезата го минува занимавајќи се со хуманитарна работа, при што треба да претставува грижлива и мајчинска фигура. Поголемиот дел од принцезите се определуваат за една или две хуманитарни цели и работат на подобрувања во тие одредени подрачја.