Промовирани огласи »

Колку улоги и да има зад себе, сите ние ја знаеме како отворената и помалку нападна Саманта, а Ким Катрал вели дека токму оваа улога ѝ го упропастила животот...

Улогата на Саманта на почетокот ме чинеше колку мојот брак, бидејќи јас едноставно никогаш не бев дома. Токму поради тоа, мојот сопруг беше осамен и љубоморен.

Откако се развела, улогата на Саманта продолжила да ја прогонува, бидејќи сите мажи со коишто излегувала едноставно очекувалe таа да биде како девојката којашто ја гледале на телевизиските екрани.

- Тоа е меч со две острици. Мислам дека тоа што ме доживуваат како Саманта, во една рака е комплимент, но од друга страна е сосема погрешно бидејќи јас воопшто не сум таква, вели Ким, додавајќи дека и покрај сè, таа го сака ликот на Саманта бидејќи таа е “повозрасна и полна со искуства”.

Беше навистина, ама навистина тешко, изјавила славната актерка (60), којашто беше омажена за еден аудио инженер во периодот од 1998-та до 2004-та година, токму во времето на снимањата и емитувањата на една од најпопуларните серии на сите времиња.

Ким инаку, во времето кога го преземала ликот на Саманта, имала 41 година, а и ден денес работи под полна пареа, иако, судејќи според сè, токму ликот на Саманта ќе ја одбележи целата нејзина кариера!

Промовирани огласи »

Можеби на прв поглед делува смешно, меѓутоа на модерните принцези воопшто не им е лесно.

Тие не работат и не одат на работа, меѓутоа имаат огромна листа на обврски и правила по кои го живеат кралскиот живот.
Наредниот пат кога ќе посакате да бидете принцеза, потсетете се што прочитавте подоле:

Принцезата мора да научи што е можно повеќе странски јазици

Современите принцези мора да знаат колку што е можно повеќе странски јазици како, кога ги посетуваат дипломатите од странските земји, поголемиот дел од разговорите би биле водени токму на нивниот мајчин јазик.

Се откажува од правото на глас

Или така е барем во Англија. И иако за тоа не постои официјален службен закон, жителите на Англија сметаат дека е противуставно за кралското семејство да учествува во изборите, бидејќи тие треба да ја претставуваат целата земја.

Значи, кога една жена ќе стане принцеза, за неа нема повеќе гласање на политичките избори ако таа сака нејзиниот народ да ја сака.

Засекогаш се откажуваат од нивната “дива страна”

Жената која што ќе стане принцеза веројатно и не е некој голем бунтовнички тип,но дури и ако имала било каква “дива страна”, таа ќе мора од тој животен стил засекогаш да се откаже кога ќе влезе во кралското семејство. Ниту таа, ниту нејзиното семејство не смеат да си дозволат никакви скандали.

Подготвеност за живот полн со формалности

Прекарите никако не се дозволени во кралската палата. А една принцеза секако треба да се навикне на тоа за другите да ја именуваат со “нејзиното кралско височество принцезата...”.

Секогаш беспрекорен изглед

Врвните стилисти барем три пати неделно ја фенираат косата на Кејт Мидлтон, но таа мора редовно и да се потстрижува и негува. Кејт во јавност е невозможно да ја видиме во несредено издание и таа е одличен пример за тоа што значи совршено негувана и дотерана принцеза.

Да се биде принцеза дефинитивно не е за некој којшто сака често да се облекува во лежерна и опуштена облека.

Живот според правилата на кралицата

Кралицата одредува мноштво од ситниците коишто се случуваат во животот на едно кралско семејство. На пример, едно од правилата вели дека вечерата завршува кога кралицата ќе заврши со својот оброк.

Посетување на најдобрите училишта и најпрестижните општествени случувања

За една жена да стане принцеза, таа мора најпрво да го запознае својот принц. Најголема веројатност за нешто такво да се случи постои на престижните институции за високо образование, како и на гала вечерите, баловите или хуманитарните случувања.

За една принцеза е исто така важно да биде добро образувана бидејќи таа има важно место во општеството.

Откажување од било каква кариера

Да се биде принцеза е работа со полно работно време и така и треба да остане. Па дури и ако одела во најпрестижните училишта и стекнала завидни дипломи, принцезата ќе мора да се откаже од својот сон за да изгради своја кариера.

Кетрин Мидлтон на пример има диплома по историја на уметност, но воопшто не се занимава со тоа во својот живот.

Не смее да биде членка на никаква политичка организација

Принцезата никогаш не би смеела да се кандидира за било каква политичка позиција поради слични причини коишто исто така не дозволуваат гласање на изборите. Принцезата ја претставува целата земја, а кандидирањето за ангажман во некоја политичка партија би создало поделеност.

Занимавање со хуманитарна работа

Голем дел од своето време принцезата го минува занимавајќи се со хуманитарна работа, при што треба да претставува грижлива и мајчинска фигура. Поголемиот дел од принцезите се определуваат за една или две хуманитарни цели и работат на подобрувања во тие одредени подрачја.

Промовирани огласи »

Жените се посклони кон расправии на работното место со друга жена, отколку со колега, тврдат резултатите од едно истражување.

Мажите и жените се подеднакво склони кон проблематични односи со колегите, но жените се тие кои почесто се караат меѓу себе.

Од друга страна, жените кои имале пријателки на работното место полесно ги решавале проблемите и не влегувале во кавги, покажала студијата објавена во списанието “Organization Science”.

Џенифер Мерлузи, професорка на Универзитетот во Вашингтон испитувала 145 вработени на највисоките позиции во менаџментот во две големи компании. Одговорите подразбирале дека жените се оние кои имале повеќе проблеми меѓу себе, за разлика од нивните машки колеги.

Мерлузи истакнува дека познавањето на меѓусебните социјални односи на вработените може да помогне да се спречат потенцијалните кавги и проблеми на работното место.

Инаку, сосема спротивно на оваа студија, посебна студија објавена во списанието “INFORMS” покажала дека жените кои го истакнуваат своето деколте се многу подобри шефови бидејќи изгледаат помоќно.

Промовирани огласи »

Денес е петок, уште еден крај на работната недела.

Токму заради тоа, KARIERA.mk ве советува вечерва да посветите внимание на вашите стапала за се почувствувате целосно релаксирани:

1 чекор: Ревитализирачка купка

Отстранете го лакот од ноктите и потопете ги стапалата во ревитализирачка купка, пет до десет минути. Купката за стапала можете и сами да ја подготвите. Наполнете поголем леген со еднакво количество млеко и вода и додајте неколку капки масло од лаванда.

2 чекор: Обликување на ноктите

Втријте малку средство за заноктици во коренот на ноктите и потиснете ја здебелената кожичка во тој дел – тоа направете го со специјалната алатка од педикир-сетот, направена од природно дрво. Со турпија обликувајте ги ноктите за да спречите нивно враснување.

3 чекор: Пилинг

Наполнете го легенот со чиста вода и добро истругајте ги стапалата со турпија или со камен за петици, за да го отстраните мртвиот слој клетки од кожата.

4 чекор: Маска

Откако ќе ги измиете со чиста вода, во стапалата и во потколениците втријте хидратантна маска. Почекајте десетина минути и измијте ги нозете под млаз вода.

5 чекор: Хидратација

Избришете ги стапалата со крпа (никако со енергично триење!) и намачкајте ги со хидратантен крем, нежно масирајќи ги. Потоа, раширете ги прстите со мек сепаратор, отстранете ги остатоците од лосионот со памукче и намачкајте ги ноктите со основниот слој од лакот.

6 чекор: Лакирање

На секој нокт лакот нанесувајте го во три ленти – централна, и по една од секоја страна – и тоа од коренот до врвот на ноктот. По две минути, нанесете втор слој од лакот, па трет, завршен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »