Промовирани огласи »

Пред и потоа фотографија од малечката Чарли од Луизијана, САД на нејзиниот прв училишен ден го обиколи светот бидејќи го прикажува трудот кој мајките го вложуваат за нивните деца да изгледаат совршено во тој многу важен животен момент правејќи им тешки фризури или облекувајќи во најубавите алишта. 

Маркиша Симиен, мајката на Чарли, откако ја објави фотографијата на која се гледа најпрво уредно направената фризура за која и требало долго време и „хаосот“ по враќањето од училиште стана вистински хит на социјалните мрежи со коментари од целиот свет.

Маркиша за Чарли вели дека е многу храбро девојче кое иако има астма може сама да се справи со предизвиците.

Промовирани огласи »

Правата на работниците на регрес за годишен одмор или популарно наречен к15. Еве што велат упатените: кога и како се стекнувате со право на исплата на овој регрес.

Прашање: Доколку вработениот е пријавен на определено време со договор на еден месец, кој се продолжува секој месец (од почетокот на годината и сè уште трае повеќе од шест месеци континуирано), дали му следува К15?

Одговор: Според Законот за работни односи, право на користење на регрес за годишен одмор имаат сите вработени лица кои имаат остварено минимум шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавецот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определно време. Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи на РМ) и исплата на половина износ од утврдениот регрес. Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 ч. неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена годишен одмор, а најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес, кој е утврден со одлука во компанијата.

Извор - БизнисИнфо

Промовирани огласи »

Имате дилема дали треба да поставите цветни аранжмани или саксии во вашата канцеларија? Некои ќе речат цвеќињата бараат внимание, кој ќе се грижи за нив? Имаме премногу обврски не може да мислиме и на цвеќињата! 

Пред да одлучите за немање цвеќиња во канцеларијата прочитајте што има KARIERA.mk да ви каже во врска со оваа дилема:

Тие го прават вашиот персонал среќен
Цветовите се фантастични кога е тежок ден - тие загарантирано ќе измамат насмевка на лицето на секого и може да го осветлат досадното утро во понеделник. Гледајќи ги шарените цвеќиња, наместо празни зидови и агли во канцеларијата е одличен начин да го започнете денот, особено ако немате многу светлина во просторијата.

Цвеќињата ја подобруваат концентрацијата и меморијата
Повеќе истражувања покажуваат дека цвеќето може да му помогне на работникот да се сконцентрира на работното место и да ја подобри неговата меморија. Ефектот на природа во канцеларијата може да го унапреди умот и сетилата, што доведува до подобрување на менталните перформанси.

Тие ја подобруваат продуктивноста
Цветовите не се само убави и миризливи! Тие имаат и свои невидливи карактеристики кои ќе го освежат просторот и ќе ја зголемат способноста на работниците да работат подобро.

Едно истражување од Америка во изминативе 8 месеци покажа дека во смисла на иновации, генерирање на добри идеи и решавање на проблеми, има забележителни подобрувања и за мажите и за жените, кога се наоѓаат во средина украсена со свежо цвеќе.

Тие се лесен начин за преуредување и освежување на стариот простор
Цветовите се економичен начин за правење впечатливи промени во канцеларијата, кои нема да заземат многу време, работа и напор.

Големиот букет исполнет со бои и енергичност навистина може да ја осветли неутралната соба и да и даде позитивна атмосфера. Едноличноста на просторот многу често не прави меланхолични и мрзеливи па ова би било одлична промена!

Промовирани огласи »

Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат, и кои се некакви работници. Пари имаат повеќе отколку било каде во светот.

Швајцарскиот кантон Цирих објави водич за платите од кој може да се види колкава е заработката во поедини професии во таа земја. 

Порталот Swissinfo.ch објави колку во просек заработуваат некои професии во таа земја, со напомена дека платите се високи, но дека се високи и трошоците за живот.

Фризер– 2.601 CHF (2.426 евра)

Цвеќар– 3.800 CHF (3.545 евра)
Графички дизајнер – 3.800 CHF (3.545 евра)
Столар– 4.018 CHF (3.749 евра)
Работник во пошта – 4.031 CHF (3.761 евра)
Пекар– 4.051 CHF (3.800 евра)
Автомеханичар– 4.450 CHF (4.152 евра)
Кондуктер во воз – 4.558 CHF (4.253 евра)
Softver developer – 4.608 CHF (4.299 евра)

Возач на автобус – 4.858 CHF (4.533 евра)
Новинар– 5.551 CHF (5.179 евра)
Социјален работник – 6.246 CHF (5.828 евра)
Учител– 7.398 CHF (7.000 евра)
Офицер во војска – 8.142 CHF (7.600 евра)
Јавен обвинител – 10.400 CHF (9.704 евра)
Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF (11.966 евра)

Во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договораат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал.

Цената на греење е двапати пониска од земјите во регионот, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци исклучиво во август. Интересно е тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработеност е на ниво статистичка грешка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »