Промовирани огласи »

Се очекува на 12 септември компанијата Apple да го претстави долгоочекуваниот, а судејќи според се и најскап  iPhone досега. 

Од информациите кои протекоа, моделот нема да се вика iPhone 8, туку  iPhone X, а цената ќе биде 999 долари. 

Ако се точни овие информации, ова ќе биде најниска цена досега. 

Претходно беа презентирани модели со цени од 1.099 и 1.199 долари, пренесе Н1. 

Промовирани огласи »

Германците се најзадоволниот народ во Европската унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации.

Анкетата на фондацијата “Bertelsman” покажува дека 59 отсто од Германците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока. Околу 77 отсто од испитаниците истакнуваат дека нивната лична економска ситуација е подобрена или останала иста во последните две години, а 80 отсто се опишале како гласачи на политичкиот центар.

Италијанците се најмалку задоволни. Само 13 отсто од испитаниците веруваат во насоката на движење на нивната земја. Во Франција и Обединетото Кралство, 36% и 31% се задоволни, додека во цела ЕУ, задоволни се 36%.

Меѓу големите европски земји, Франција е политички најполаризирана – 51 отсто се анкетирани за политичкиот центар, 24 проценти се левичари или екстремни левичари, додека 25 проценти се опишуваат како десничари или екстремни десничари.

Промовирани огласи »

Стариот распоред со возен ред на автобусите, на сајтот на ЈСП „Скопје“ повторно ќе се врати.

Голем број граѓани се жалеле во претпријатието дека новиот начин бил многу комплициран, не можеле да се снајдат и дека многу повеќе време им треба за да ја добијат информацијата која им е потребна.

Ќе го вратиме стариот распоред. Имавме голем број поплаки за новиот дека е комплициран. Сакавме да им олесниме на корисниците на јавниот превоз и да ги подобри услугите. Во новата апликација имаме точно време во колку часот автобусот доаѓа на секоја постојка, додека во стариот само тргнувањето од последните станици. Но бидејќи граѓаните не се задоволни, од сега на нашиот сајт ќе стојат двата распореда, вели Игор Јанушев, директор на ЈСП „Скопје“.

Промовирани огласи »

Градежен инвеститор од Дубаи планира да ги прифати криптовалутите во своето работење и секој кој е заинтересиран за купување на нов стан тоа може да го направи со плаќање на 50 биткоини. 

Ако се пресмета моменталната вредност на биткоинот се стигнува до сума од околу 225 илјади долари што е релативно ниска сума за атрактивниот Дубаи каде недвижностите вредат и по десетина милиони долари. 

Aston Plaza and Residences инвеститорот за да се заштити од постојаните флуктуации на вредноста на биткоинот ја „заклучува“ сумата 15 минути откако ќе биде извршен договорот за купопродажба на станот со заинтересираниот купувач. 

Исто така од Aston Plaza and Residences кои градат две атрактивни кули со надворешно кино, базен и шопинг центар велат дека тие не тргуваат со биткоини и штом уплатата биде завршена ќе ги конвертираат во долари за да гарантираат дека нивниот буџет за градба нема да биде загрозен. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »