Германците се најзадоволниот народ во Европската унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации.
![](/uploads/articles/vh0f7-germanija.jpg)
Анкетата на фондацијата “Bertelsman” покажува дека 59 отсто од Германците веруваат дека нивната земја се движи во вистинската насока. Околу 77 отсто од испитаниците истакнуваат дека нивната лична економска ситуација е подобрена или останала иста во последните две години, а 80 отсто се опишале како гласачи на политичкиот центар.
Италијанците се најмалку задоволни. Само 13 отсто од испитаниците веруваат во насоката на движење на нивната земја. Во Франција и Обединетото Кралство, 36% и 31% се задоволни, додека во цела ЕУ, задоволни се 36%.
Меѓу големите европски земји, Франција е политички најполаризирана – 51 отсто се анкетирани за политичкиот центар, 24 проценти се левичари или екстремни левичари, додека 25 проценти се опишуваат како десничари или екстремни десничари.