Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,50 ден/лит. 

Промовирани огласи »

Германскиот производител на автомобили Фолксваген се надева дека побарувачката за електрични возила ќе се зголеми по неодамнешното забавување и продолжува да се фокусира на нив, изјави извршниот директор Томас Шефер пред саемот за автомобили IAA.

Продажбата на електрични автомобили опадна, но Фолксваген не се откажува

До 2027 година ние како бренд на пазарот ќе претставиме 11 нови електрични модели, изјави Шефер за германската агенција dpa.

Побарувачката неодамна се намали, но VW ќе продолжи да го фокусира своето внимание на електричните возила, рече тој.

Претпоставуваме дека уделот на е-автомобилите во Европа значително ќе се зголеми во наредните години, рече Шефер, кој неодамнешниот пад на побарувачката го нарече „привремен“.

Желбата за електрични автомобили, особено во Германија, се намали на почетокот на годината поради инфлацијата и до неодамна долгото чекање за испорака. Тоа значеше дека VW мораше да го намали производството во Емден на одреден период.

Сепак, ситуацијата сега е подобрена, изјави Шефер.

Од мај повторно бележиме растечки тренд на нови нарачки, појасни тој.

Нема да ги намалат цените

Шефер ја отфрли можноста за намалување на цената, иако американскиот производител на електрични автомобили Тесла ги намали цените за да ја зголеми побарувачката.

Целта на VW е до 2030 година да го зголеми уделот на електрични возила на 80 отсто, а потоа на 100 отсто три години подоцна.

Продажбата на електрични возила сочинуваше само 7,3 отсто од вкупната глобална продажба во првата половина на 2023 година, но Шефер вели дека тоа најмногу се должи на земјите како Бразил, каде што бизнисот е во зародиш.

Во Европа уделот на е-автомобилите е веќе значително поголем во споредба. На крајот на првата половина од годината бевме на 15,1 отсто, само во Германија на дури 15,4 отсто“, додаде тој.

Тоа значи дека во Германија VW успеа да ја престигне Tesla и да стане бренд број еден кога се во прашање електричните возила.

(Индекс)

Промовирани огласи »

Неделава повторно продолжен викенд. Имено, согласно Законот за празници, неработен ден за сите граѓани ќе биде овој петок, кога се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија. 

Следниот неработен ден за сите граѓани е во првата половина на следниот месец. Поточно неработен ќе биде 11. октомври - Ден на народното востание. 

Промовирани огласи »

Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ.

Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања што ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, што ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, информираа од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »