Промовирани огласи »

Неделава повторно продолжен викенд. Имено, согласно Законот за празници, неработен ден за сите граѓани ќе биде овој петок, кога се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија. 

Следниот неработен ден за сите граѓани е во првата половина на следниот месец. Поточно неработен ќе биде 11. октомври - Ден на народното востание. 

Промовирани огласи »

Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ.

Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања што ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, што ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, информираа од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар. 

Промовирани огласи »

Во второто тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места е 1.62 %, односно нивниот број изнесува 8 059, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.33 % има секторот Б - Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.25 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.25 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.66 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 688, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

АВТОНОВА ДОО Скопје е ексклузивен увозник на возила за марката Citroën на пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија која веќе 20 години успешно работи.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР - АМСМ СПИ НА ПАТ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ГОРИВО - АМСМ УСЛУГИ ПЕТРОЛ

Витек е италијанска компанија специјализирана за производство на висококвалитетни хидраулични цевки и приклучоци.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР
OПЕРАТОР НА МАШИНА

Axapta Masters е Microsoft Partner фокусиран на дизајнирање, управување и доставување на Microsoft Dynamics 365 имплементации, интеграции, развој, поддршка, надградба и услуги за миграција на податоци.

Моментално вработува:

MARKETING ASSISTANT

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Сите активни работни позиции во Кромберг и Шуберт можете да ги најдете ТУКА.

УНИКА ЛАЈФ АД Скопје е друштво за осигурување на живот кое на македонскиот пазар на осигурување постои уште од 2011 година и е дел од UNIQA GROUP AUSTRIA која е лидер на Австрискиот осигурителен пазар уште од 1811 година.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13 години и Алфи Техноцентар Скопје која постои 3 години.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ
ВОЗАЧ / ДОСТАВУВАЧ (B КАТЕГОРИЈА) ЗА СКОПЈЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »