Касиери/ки - Скопје

За компанијата: „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 30 години.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте.
Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи.  Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме.
Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чивечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!

Поради зголемениот обем на работа имаме потреба од:
Касиери/ки за продажно место Алфи Техноцентар, Скопје 

Доколку сте:

  • Амбициозни,
  • Енергични,
  • Посветени во работењето,
  • Претпазливи и внимателни во процесот на работа,
  • Сакате да научите повеќе и континуирано да се усовршувате,
  • Позитивни и подготвени за тимска работа

Тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме да ни се придружи во тимот и заедно да остваруваме успеси!

Обезбедуваме:

  • Редовни месечни примања
  • Професионален амбиент
  • Обука за воведување во работен процес
  • Редовни обуки согласно стандардот ISO 9001:2015
  • Можност за кариерен развој 
  • Бонусна програма за остварени таргети на месечно ниво
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Дополнителни бенефиции за вработените

Вашето резиме (CV) доставете ни го на [email protected]k со ознака „Касиери/ки (Скопје)“
Можете да не исконтактирате и на телефонскиот број 076 448 505 

* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »