Промовирани огласи »

Силната меморија зависи од здравјето и благосостојбата на мозокот. Кога сте во ситуација во која заборавате информации кои би требало многу лесно да ги помните, тоа ја намалува вашата самодоверба и ви прави да се чувствувате како да го губите умот.  

Во продолжение неколку совети како да ја подобрите вашата меморија за поефективно извршување на работните задачи:

  • Вклучете физичка активност во вашата дневна рутина. Физичката активност го зголемува протокот на крв во целото тело, вклучувајќи го и мозокот;
  • Останете ментално активни;
  • Редовно дружете се;
  • Организирајте се;
  • Спијте добро;
  • Воведете здрава исхрана.

Постојат многу забавни, едноставни, па дури и вкусни начини за подобрување на вашата меморија. Вежбањето на умот и телото, уживањето во квалитетно парче чоколадо и намалувањето на количината на додаден шеќер во вашата исхрана се одлични техники како до подобра меморија и успешна реализација не само на работните задачи туку воопшто.

Промовирани огласи »

Интересна мапа споделена на страницата „Dalmatian Mapper“ покажува колку години и се потребни на секоја европска земја за да заработи милион евра, а таа бројка за Македонија е 201 година.

Заедно со мапата беше наведено дека е земена предвид просечната плата на секоја земја, а со сумирање се дојде до резултат колку години ќе треба да се работи за да се достигне милион евра.

На картата, земјите со најмалку години потребни за ова достигнување се означени со темно сина боја, додека оние со најмногу се претставени со темно црвена боја.

Кога станува збор за Македонија, таа е претставена со црвена нијанса и таа бројка е 140 години. Во Србија оваа бројка е 152 години, а во Хрватска е значително помала - 87 години.

Меѓу оние земји каде најбрзо се достигнува милионот се: Швајцарија - само 15 години, потоа Исланд со 22 години, Данска со 26 и Норвешка со 27 години.

На другиот крај се оние каде што е потребно многу повеќе - на пример, во Украина се потребни 230 години за да се заработат милион евра по просечна плата, потоа Турција со 214 и Албанија со 208 години.

Промовирани огласи »

Владата нана денешната седница, како што беше претходно најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при нивно ставање во промет.

Исклучок ќе бидат единствено алкохолните и безалкохолните пијалоци. 
Одлуката, објаснуваат од Владата, е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година.

Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи, соопштуваат од владината прес-служба.

Бектеши денес пред медиумите рече дека ќе може да се продаваат производи на акција единствено ако нивниот рок на употреба е пред истекување, но и дека тоа содржински ќе треба специјално да биде истакнато на продуктите.

Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ не се менуваат цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС и тие и понатаму остануваат 90,5 денари за литар, односно 47,304 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,795 отсто, кај дизелот за 4,08, кај екстра лесното масло за 3,408 и кај мазутот за околу 0,562 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,475 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »