Промовирани огласи »

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85 денари за литар. Со одлуката на РКЕ не се менуваат цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС и тие и понатаму остануваат 90,5 денари за литар, односно 47,304 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,795 отсто, кај дизелот за 4,08, кај екстра лесното масло за 3,408 и кај мазутот за околу 0,562 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,475 отсто.

Промовирани огласи »

Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претставници на осум синџири на маркети што се одржа во Министерството за економија на која присуствуваа директорот на Државен пазарен инспекторат Горан Трајковски и претставници на Стопанската комора.

Имавме многу конструктивна дебата и заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените. Тоа како општествено одговорни претпријатија го прифатија и синџирите на супермаркети што значи дека ќе бие усвоена одлуката на Министерството за економија на владината седница во вторник и реализирана во делот на намалување на цените на прехранбените производи во сите синџири на супермаркети, изјави Бектеши по средбата и додаде дека очекува нивниот пример да го следат и увозниците и производителите на прехранбени производи.

Со тоа, како што кажа, за минимум 10 отсто ќе се намалат цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, а референтна цена ќе им биде цената од еден од претходните месеци.

Моментално Министерството за економија работи на дополнителни мерки за дистрибутерите и за производителите на прехранбени производи кои утре најверојатно ќе бидат свикани на состанок во Министерството. Со тоа потрошувачите нема да се чувствуваат измамени и нема дополнително да им се зголемат трошоците, рече Бектеши.

Најави дека Министерството во текот на следната недела ќе направи и измени и дополнување на Законот  за државен пазарен инспекторат (ДПИ) со кои ќе ги зголеми ингеренциите на инспекторите на ДПИ за да можат веднаш да постапат и да го затворат објектот без да поминат одредени судски постапки. Од среда, посочи, ДПИ со зголемен капацитет ќе биде на терен.

До крајот на наредната недела ќе го имаме и новото законско решение за нефер трговски практики со кое ќе се укинат над 20 отсто од одредени давачки во синџирот на трговија, почнувајќи од производство, па се до малопродажба што дополнително ќе влијае на намалување на цените. Со законското решение ќе се утврди начинот како треба да се направи договорот меѓу синџирот на супермаркети и нивните добавувачи или, пак, синџирот на супермаркети и производителите од државата, потенцира Бектеши.

Најави дека Министерството ги следи движењата на цените и во другите сектори и истакна дека фазно ќе оди со намалување на цените и во другите сектори ако има нарушување во делот на утврдување на цените. Додаде дека прехранбената индустрија е во првата фаза бидејќи се забележува нелогично зголемување на цените на прехранбените производи.

На маркетите, како што кажа, ќе им биде дозволено акциски да ги намалат цените само на производите на кои им истекува рокот. Во спротивно доколку спроведуваат акциски продажби до 30 ноември ќе им следат санкции.

Доколку стават забелешка дека намалувањето на производот е заради тоа што му истекува рокот за да знае потрошувачот дека не се работи за сеопфатна акција тогаш ќе им биде дозволено акциски да ја намалат цената. Ако нема таква назнака ќе бидат казнети, а казната може да биде и со затворање на субјектот, прецизира Бектеши.

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на НЛБ БАНКА!

НЛБ Груп е водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион – Југоисточна Европа. Покрај НЛБ д.д., главен субјект во Словенија и јавно претпријатие, НЛБ Груп се состои од шест банки-ќерки и неколку компании за помошни услуги меѓу кој е и НЛБ Банка С.Македонија.

Важен дел од мисијата – покрај грижата за клиентите со посветеноста, знаењето и иновативни решенија – е да создададат подобар живот, подобра иднина. Затоа одат по патот на интензивна интеграција на одржливоста во своето работење. Во најширока смисла, ја разбираат одржливоста за да ги задоволат потребите на оваа генерација и истовремено ги зачувуваат можностите на идните генерации.

Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и развивање на своите продукти, секојдневно се стреми и кон проширување и усовршување на својот тим!

Моментално како активни се следниве работни позиции:

СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМПЕНЗАЦИИ, БЕНЕФИТИ И УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИ НА ВРАБОТЕНИ

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто. 

Мислењата на граѓаните за оваа најавена мерка поделени, единствено во едно се согласни - дека цените се „до плафон“ и затоа мора убаво да ги загледуваат цените на производите кои ги купуваат.

Го забрануваат тоа на кое луѓето со мали примања се навикнати. 

Штета. Ние секогаш супуваме на акција низ околните маркети, затоа што е поисплатливо. Секако го гледаме рокот бидејќи станува збор за храна. Ова е тренд секаде во светот, а кај нас ќе се укинуваат акциите. 

Акција промоција = изминат рок. 

Никогаш не купувам производи на акција. Затоа што тоа е маркетинг трик за производ со лош квалитет. Дали несоодветно чуван,или не направен по стандарди и во крајна линија со рок пред истекување, вел иедна скопјанка. 

Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат да ги поскапат. 

Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи, рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат. 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и вчера порача дека во кризно време компаниите не треба да бидат една од причините за кризата да биде уште поголема.

Неетичкото однесување носи до поголеми последици кои можеби веднаш нема да ги видиме, но утре веќе ќе биде доцна, предупреди Битиќи, потсетувајќи дека се прават обиди да се докаже дека има договорање за цените во неколку сектори. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »