По неколку месеци надолна траекторија, кириите експлодираа овој месец. Најновиот извештај на порталот Некретнине.рс покажува дека речиси сите набљудувани општини и градови во Србија бележат поскапување на метар квадратен. На некои локации растот бил речиси 20 проценти!
Кога станува збор за Белград, кириите се зголемени во речиси сите општини, а во две останале на исто ниво како и претходниот месец, но пад на закупнината не е забележан во ниту една од набљудуваните општини во Белград.
И натаму најскапи се кириите во центарот на градот. Нивната цена е 16 евра за метар квадратен. Ова е општина каде цената остана непроменета во однос на месец јули. Во општина Нови Београд, кириите пораснале за 2,88 отсто, па цената во август изнесувала 14,3 евра.
Многу значително зголемување на кириите во претходниот месец имаше и во Мириево. Закупнините пораснале за 4,88 отсто и нивната цена во август изнесувала 8,6 евра за метар квадратен. Убедливо најголем раст од сите е забележан во општина Палилула од 18,27 отсто, киријата во август во оваа општина изнесувала 12,3 евра, се вели во извештајот на порталот nekretnine.rs.
Вождовац ги задржа кириите на исто ниво како во јули, нивната цена е 11,4 отсто. Во Врачар кириите поскапеа за 1,35 отсто, а во август цената им беше 15 евра за метар квадратен.
Повеќе детали на Блиц.рс