Промовирани огласи »

Најранливите категории граѓани, пред се пензионерите, примателите на загарантирана социјална помош, младите, односно студенти и средношколци ќе добијат државна помош со прераспределбата на Буџетот кој е доставен до Собранието, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи ригорозни мерки за зголемувањето на цените во малопродажбата.

Одговарајќи на новинарски прашања по направениот увид на градежните работи за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош тој ги потврди најавите на министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи дека веќе се издвоени финансиски средства за најранливите категории граѓани.

Сметам дека финансискиот антикризен пакет треба да биде обемен за да опфати повеќе граѓани, кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства во текот на зимските месеци. Со оглед на тоа дека се работи за категорија граѓани кои не можат да остваруваат дополнителни приходи – изјави Ковачевски.

Тој информира дека вчера со министрите за економија и за финансии разговарале за движењето на цените во малопродажбата и оти забележале нивно нереално зголемување.

Она што го увидовме од статистичките анализи изработени од експерти во Министерството за економија, но и од надворешни експерти се забележува зголемување на цените и профитите во малопродажбата. Соодветно на тие анализи ќе бидат предложени ригорозни мерки од Владата и нема да има пардон. Сигурно ќе има негодувања, но нема да дозволиме во време на криза некој да ги зголемува своите профити во апсолутен износ на сметка на граѓаните, кои треба да врзат крај со крај – нагласи претседателот на Владата.

Посочи дека во опција е и замрзнување на цените, нагласувајќи дека мерките ќе бидат ригорозни.

Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

РАКУВАЧ СО МАШИНО - АЛАТ
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА
КОНТРОЛОР ЗА УЛТРАЗВУЧНО ИСПИТУВАЊЕ НА ЛИМОВИ

Се уште  невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Ограничувањето на брзината во градот е 50 km/h, а само во населени места чии сообраќајни и технички елементи го дозволуваат тоа, сообраќајниот знак може да дозволи брзина на возење и до 80 km/h.

Во училишната зона дозволената брзина е 30 км/ч, додека во училишната зона надвор од селото дозволената брзина е 50 км/ч.

На автопатите во Србија дозволената брзина е 130 km/h, додека минималната брзина на автопатот во нормални услови е 50 km/h.

Во зависност од тоа каде се врши пребрзо возење, казните може да чинат од 3.000 до 120.000 динари. Исто така, за некои прекршоци следува и затворска казна до 60 дена.

Покрај парична и затворска казна, може да добиете и заштитна мерка забрана за возење до 12 месеци, како и доделување до 17 казнени поени.

За забрзување до 10 km/h следува казна од 3.000 динари, додека за надминување од 11-20 km/h казната е од 5.000 до 10.000 динари.

Надминување на брзината од 21 км/ч на 50 км/ч подразбира парична казна од 6.000 до 20.000 динари, 4 казнени поени и забрана за возење од 30 дена.

За пречекорување на брзината од 51 до 70 км/ч, казната е од 15.000 до 30.000 динари, 7 казнени поени и најмалку 4 месеци забрана за возење.

Доколку ограничувањето на брзината е над 70 км/ч, тој чин се смета за насилно возење и следува 15 дена затвор или од 100.000 до 120.000 динари, 14 казнени поени и најмалку 8 месеци забрана за возење.

Се смета дека најарогантни возачи се токму во Белград, Нови Сад и Ниш, бидејќи во тие градови само поради неплатени казни во буџетот се слеале речиси 2,2 милијарди динари или 18,6 милиони евра. Ова е заклучено врз основа на табелата за наплатени сообраќајни казни објавена за минатата година од Секторот за трезор на Министерството за финансии.

Во секој случај, возачот е должен да ја прилагоди брзината на возење на сообраќајните услови во дадениот момент.

Промовирани огласи »

Создадете циклус на управување со перформансите, ангажирање и персонализирано учење што го поттикнува задоволството на вработените и ја одржува мотивацијата високаМотивираноста треба да ви биде приоритет, затоа што само така ќе останете на вистинскиот пат кон успехот. 

Следниве совети ќе ви помогнат да ја зголемите вашата мотивација:

  • Дефинирајте ги своите цели.
  • Очекувајте дека нема сè да оди како подмачкано.
  • Размислете за причините поради коишто работите.
  • Создајте си пријатна работна атмосфера.
  • Направете си визуелен потсетник.
  • Поставете си крајни рокови.
  • Дружете се со мотивирани луѓе.
  • Бидете желни да научите повеќе.

Системот на мотивација е клучна компонента во организационата структура, на која треба да му се придаде соодветно вниманиеи од страна на вработените и од страна на менаџерите. Исто така трба да се потенцира дека секоја од стимулациите треба да се прилагодат на индивидуална основа, односно на она што менаџерите го осознале во текот на комуникацијата со своите вработени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »