Промовирани огласи »

Создадете циклус на управување со перформансите, ангажирање и персонализирано учење што го поттикнува задоволството на вработените и ја одржува мотивацијата високаМотивираноста треба да ви биде приоритет, затоа што само така ќе останете на вистинскиот пат кон успехот. 

Следниве совети ќе ви помогнат да ја зголемите вашата мотивација:

  • Дефинирајте ги своите цели.
  • Очекувајте дека нема сè да оди како подмачкано.
  • Размислете за причините поради коишто работите.
  • Создајте си пријатна работна атмосфера.
  • Направете си визуелен потсетник.
  • Поставете си крајни рокови.
  • Дружете се со мотивирани луѓе.
  • Бидете желни да научите повеќе.

Системот на мотивација е клучна компонента во организационата структура, на која треба да му се придаде соодветно вниманиеи од страна на вработените и од страна на менаџерите. Исто така трба да се потенцира дека секоја од стимулациите треба да се прилагодат на индивидуална основа, односно на она што менаџерите го осознале во текот на комуникацијата со своите вработени.

Промовирани огласи »

„Нептун Македонија“ - Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

Следењето на најсовремените трендови во продажбата и прилагодување на потребите на клиентите, е основата врз која компанијата „Нептун“ ги креира и реализира своите развојни планови. Како лидер во малопродажбата и дистрибуцијата на електроника и бела техника, „Нептун“ во секојдневното работење воведува најнапредни технолошки иновации, меѓу кои и вештачката интелигенција, со цел да ги унапреди своите услуги и во најкраток рок да ја прилагоди понудата кон современите трендови, барања и очекувања на клиентите.      

Вештачката интелигенција го трансформира секој аспект на бизнисот, вклучувајќи ја и продажбата и искуството на клиентите. Затоа „Нептун“ ги користи современите технологии за да ги предвиди трендовите во малопродажбата и да ги мапира корисничките искуства, со што ќе испорача персонализирани услуги за секој клиент. Во исто време, ги детектира идните трендови во понудата на бела техника и електроника и во соработка со своите долгогодишни партнери ги обезбедува новите технологии во најбрз рок, правејќи ги достапни за своите потрошувачи кратко време по официјално претставување на новитетите на водечките светски пазари. Со помош на алатките на вештачката интелигенција, „Нептун“ ги оптимизира процесите на продажба и им помага на своите продажни тимови да работат побрзо и поефикасно.

Плановите за развој на „Нептун“ во најголема мера се поврзани со натамошното унапредување на корисничкото искуство.

Компанијата континуирано вложува во нови технологии кои ја олеснуваат е-трговијата, како и во развој на апликации и платформи кои овозможуваат максимално уживање во пазарувањето. Покрај технолошките иновации, тимот на „Нептун“ развива и нуди бројни дополнителни услуги кои нудат додадена вредност во потрошувачкото искуство, како што се услуги за инстант-финансирање, дополнително осигурување на купените производи, различни начини на испорака прилагодени на потребите на потрошувачите и многу други бенефиции. Крајната цел е да создадеме врвно искуство за нашите клиенти преку обезбедување широк спектар на платформи и канали – истакнуваат од „Нептун“.

Од компанијата нагласуваат дека во нардениот период пред „Нептун“ постојат големи предизвици во поглед на создавање нови можности за клиентите, партнерите и соработниците, со што компанијата ќе продолжи да го следи ритамот на модерното работење.

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје – Дирекција

Прод. Нептун Ист Гејт Мол

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на АПТИВ СЕРВИСЕС МАКЕДОНИЈА!

Аптив е глобална технолошка компанија која развива безбедни, незагадувачки и решенија поврзани со околината кои ја овозможуваат иднината на мобилноста. Присутни сме во 44 земји, меѓу кои и Македонија каде работиме во Скопје - Технолошко индустриска развојна зона, Бунарџик.

Фабриката во Македонија е отворена во 2016 година, со 500 вработени. Нашето портфолио на производи вклучува: боди компјутер во внатрешноста на возилото, модул за генерирање на звук на мотор кај електричните возила, модули за контрола на лед светла на фарови, модули за амбиентално светло во автомбилот, модули за пренос на сигнализација од автомобил на приколка, алармни уреди за автомобили. Испорачуваме до најголемите брендови во автомобилската индустрија.

Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и развивање на своите продукти, секојдневно се стреми и кон проширување и усовршување на својот тим!

Моментално како активни се следниве работни позиции:

ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ (М/Ж)
ОПЕРАТОР ЗА ФИНАЛНА ДОРАБОТКА НА ГОТОВ ПРОИЗВОД (М/Ж)

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Немање перспектива, лоша општа клима, ниски плати, кршење на работничките права... - ова се само дел од двигателите на се помасовното иселување на младите и образовани луѓе од Балканот. Сепак има и земји од Балканот кои се атрактивни за жителите на посиромашните балкански земји, па младите заминуваат на работа таму.

Според деталната анализа, во Хрватска во првите седум месеци се издадени над 100.000 работни дозволи за странци. Во набљудуваниот период, најмногу дозволи се издадени на државјани на Босна и Херцеговина - 25.213. Граѓаните на Србија се на второ место со 17.395 издадени одобренија, додека на трето место се Непалците - 13.325. На четврто место се граѓаните на Македонија на кои им се издадени 10.322 работни дозволи. 

Според статистиката, во Хрватска во седумте месеци од годинава нов дом нашле 8.242 Индијци, а нешто помалку од Индијците во соседна Хрватска пристигнале косовски државјани. Издадени им се 6.524 лиценци за различни работни места. Меѓу 10-те земји од кои работниците решија да се иселат и да најдат подобра иднина во Хрватска се Филипините, Бангладеш, Турција и Албанија.

Водечка гранка за која се издадени дозволи е градежништвото со издадени 39.146 одобренија, додека на второ место е секторот туризам и угостителство со 37.022 одобренија. Нови работни места во индустријата нашле 13.260 странски работници, во транспортот и врските 5.742, додека во трговијата во Хрватска се вработени 3.094 странци.

Како што е прикажано во инфографикот на Pixsell, од вкупниот број издадени дозволи, 20 отсто се продолжени, додека дури 64,6 отсто се издадени по основа на нови вработувања. Во вкупниот сооднос на сезонски работници тој изнесува 15,3 отсто.

Поради брзото иселување и работодавачите во Македонија се принудени да увезуваат работна сила, а според податоците на Заводот за вработување, само во јуни годинава биле доделени 179 работни дозволи на странски државјани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »