Промовирани огласи »

На 17 септември, недела по втор пат се оддржа трката Kolorrun во партнерство со атлетскиот клуб Атомик. Оваа година беа пријавени над 1500 учесници кои трчаа по булеварите долж градот, голем број индивидуални учесници, компании со своите вработени и голем број на деца.

Најдолгата патека од 10 километри започна пред Ист Гејт Мол со вртење на раскрсницата кон булеварот Илинден со ул. ,,Манапо”, трката на 2,5 километри исто така со старт пред Ист Гејт Мол со полукружно вртење кај подвозникот прeд мостот ,,Гоце Делчев” и трите трки за дечиња од 100, 200 и 500 метри на булеварот ,,Гоце Делчев” и ул. ,,Беласица” во зависност од возраста.

Како и минатата, така и оваа година сите натпреварувачи добија медал, богат стартен пакет и бесплатна колекција на фотографии преку системот Pic2go.

На крајот, сите учесници и поддржувачи беа присутни на забавата и прогласување на победниците односно најуспешните тимови, компаниски тимови и индивидуални учесници. Овој пат забавата беше пред влезот на трговскиот центар каде што се случи спектакл со бои по што е познат овој настан и оваа трка.

Главните спонзори во соработка со атлетскиот клуб Атомик озбезбедија одлични парични награди и голем број на подароци.

Трговскиот центар Ист Гејт Мол како општествено одговорна компанија со огромно задоволство го поддржа овој настан кој е мотивација за спортување и градење на спортски навики кај луѓето.

Овој настан полека, но сигурно станува скопска традиција за сите возрасти и оние кои имаат желба за спорт и рекреација. На трката беа пријавени учесници од главниот град, но имаше учесници и од целата држава и регионот.

Промовирани огласи »

Во врска со објавените податоци од страна на Стејт департментот дека процентот на одбиени визи за Северна Македонија во 2022 година изнесувал 26,29%, Министерството за надворешни работи информира дека започнало процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program).

Имено, со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД.

Условите се однесуваат на различни области, но еден од клучните е процентот на одбиени визи да изнесува најмногу 3%.

Во тој контекст, нагласуваме дека високиот процент на одбиени визи од безмалку 30% се должи на несоодветните апликации, за што планираме наскоро да започнеме кампања за едуцирање на граѓаните за процесот на аплицирање и условите кои треба да бидат исполнети, со цел добивање виза за САД.

Процесот на укинување визи за влез на државјаните на Северна Македонија во САД е долгорочен и комплексен процес, што налага континуирани активности на што посветено работиме. Воедно, приклучувањето на Северна Македонија во Програмата за безвизен режим стана дел од Стратешкиот дијалог со САД и е меѓу проектите во Акцискиот план, што беше усвоен на владина седница во февруари оваа година.

Постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за економскиот развој на земјава, а ќе внесе и дополнителен импулс за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство, како и доближувањето на народите од двете земји, се вели во соопштението од МНР. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 14.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,060%, кај дизелот за 1,541% , кај екстра лесното масло за 1,405% и кај мазутот зголемувањето е за 0,656%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,023%

Од 16.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 47,304 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.9.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

Приватно здравствено осигурување за сите вработени, регрес за годишен одмор (за 2023 година исплатен во висина од 39.000 МКД), месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење како и годишни бонуси за успешност во работата и перформансот се само дел од поволностите врзани со работната позиција во компанијата Макстил.

Како компанија што е дел од глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во челичната индустрија може да понуди безбедни  услови за работа, можност за следење на најдобрите практики во оваа индустрија, како и технолошко знаење и обука со ментор.

Како потврда дека во Макстил во континуитет се работи на подобрување на безбедноста е ангажирањето на професионален експерт според чии препораки се имплементирани бројни безбедносни протоколи и стандарди.

Компанијата обезбедува дополнителен надомест за превоз за вработените со место на живеење надвор од покриеноста на ЈСП, како и целосен оброк за време на работниот процес.

Како компанија што покажува проактивност кон вработените, тие добиваат ваучери за роденден, а исто така обезбедува и дополнителни поволности за децата на вработените  како за почеток на школската година, така и за новогодишните празници.

Заради големината и обемот на работа компанијата има постојано отворени работни позиции со кои следат сите овие погодности и бенефиции. Од профилите кои најчесто се бараат во Макстил се издвојуваат електричар, дигалкар, леар, машински техничар/заварувач, оператори во производство.

Повеќе информации за отворените работни позиции се достапни на следниот линк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »