Промовирани огласи »

Приватно здравствено осигурување за сите вработени, регрес за годишен одмор (за 2023 година исплатен во висина од 39.000 МКД), месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење како и годишни бонуси за успешност во работата и перформансот се само дел од поволностите врзани со работната позиција во компанијата Макстил.

Како компанија што е дел од глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во челичната индустрија може да понуди безбедни  услови за работа, можност за следење на најдобрите практики во оваа индустрија, како и технолошко знаење и обука со ментор.

Како потврда дека во Макстил во континуитет се работи на подобрување на безбедноста е ангажирањето на професионален експерт според чии препораки се имплементирани бројни безбедносни протоколи и стандарди.

Компанијата обезбедува дополнителен надомест за превоз за вработените со место на живеење надвор од покриеноста на ЈСП, како и целосен оброк за време на работниот процес.

Како компанија што покажува проактивност кон вработените, тие добиваат ваучери за роденден, а исто така обезбедува и дополнителни поволности за децата на вработените  како за почеток на школската година, така и за новогодишните празници.

Заради големината и обемот на работа компанијата има постојано отворени работни позиции со кои следат сите овие погодности и бенефиции. Од профилите кои најчесто се бараат во Макстил се издвојуваат електричар, дигалкар, леар, машински техничар/заварувач, оператори во производство.

Повеќе информации за отворените работни позиции се достапни на следниот линк.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Групацијата (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето повеќе годишно искуство, Инфософт Групацијата опфаќа компании на пазарите на Албанија, Косово и на Македонија. Компанијата се занимава со дистрибуција на IT производи (сервери, софтвер, компјутери, лаптопи, компоненти, IT додатоци...), дистрибуција на хартија и графички производи (хартија, картон, канцелариски материјали, тонери и кертриџи).

Моментално вработува:

PRODUCT MANAGER

Либрос Копи е компанија која е присутна на нашиот пазар повеќе од 20години со печатење на книги, скрипти и продажба на книжарски материјали и канцеларски прибор.

Моментално вработува:

ПЕРСОНАЛ ВО КНИЖАРА

Бонитетната куќа CompanyWall д.о.о. е една од најголемите деловни платформи за проверка на финансиските податоци.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО CALL CENTER

Винарија Тиквеш е предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Успешна приказна која започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ХОРЕКА ГОСТИВАР И ТЕТОВО

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика.

Сите огласи од Revija Bar & Food ќе ги најдете ТУКА.

ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

LEAR CORPORATION компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

СУПЕРВИЗОР ЗА ДЕКОРАТИВНО ШИЕЊЕ
СУПЕРВИЗОР НА СМЕНА ЗА ДЕКОРАТИВНО ШИЕЊЕ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ќе ги најдете ТУКА.

Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа.

Моментално вработува:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА
ШЕФ НА ТЕХНИЧКА СЛУЖБА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Факултет за применети социјални студии (https://www.fuds.si/sl/)

  • Искористете ја можноста за студирање во Словенија. Неколку слободни места за додипломски и постдипломски студии. 
  • Пријавете се и учете потполно бесплатно. 
  • Дополнително, имате можност за студирање од далечина.

Повеќе информации можете да побарате на [email protected]

Промовирани огласи »

Од денеска на српските патишта можно е возачите да останат без своите автомобили, бидејќи стапи на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот, според кој 18 прекршоци можат да бидат причина надлежните на несовесните учесници во сообраќајот да им го одземат автомобилот, јави дописникот на МИА од Белград.

Со новиот Закон, регулирана е и областа на користење на електричните тротинети, кои досега беа законски „невидливи“, а предвидена е можноста и многу млади возачи да седнат зад воланот на камион.

Како што изјави директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот, Бранко Стаматовиќ, возилата ќе им бидат одземени на оние возачи кои ќе бидат фатени како вршат тешки прекршоци и се утврдува дека во изминатите две години се законски осудени за најмалку два тешки прекршоци.

Во такви случаи полицискиот службеник ќе може привремено да го одземе возилото со кое е сторен прекршокот на лице место до завршување на постапката пред надлежниот суд, која може да трае и до една година, понекогаш и повеќе, објасни Стаматовиќ. .

Меѓу 18 прекршоци поради кои на возачите би можело да им се одземат возилата се возење под дејство на алкохол со повеќе од 1,2 промили; одбивање на алкотест или тест за дрога; надминување на брзината за повеќе од 80 km/h надвор од населено место; надминување на брзината за повеќе од 70 km/h во населено место; надминување на брзината за повеќе од 60 km/h во училишна зона; надминување на брзината за повеќе од 50 km/h во зоната со бавен сообраќај; превоз на дете до 12 години на возачко седиште; превоз на дете до 12 години на место кое не е наменето за седење (багажник, табла со инструменти, задна полица, надворешни делови на возилото и сл.); поминување на најмалку два црвени семафори за помалку од 10 минути; престигнување колона возила преку полна линија; возење без ниту една положена возачка дозвола; возење ноќе по неосветлен пат без запалени светла на возилото; престигнување на возило што застанува или застанало за да дозволи пешак да помине на пешачки пешачки премин.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »