За компанијата: Групата АСУРА е најголемиот независен давател на решенија за управување, логистика и работа.
повеќе за компанијата »Asura Group е независен регионален лидер во давање услуги на одржување на објекти. На пазарот во Македонија работиме повеќе од 12 години. Во моментот бараме личност со тимски дух и со искуство во надзор, контрола и управување со одел на техничко одржување.
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- раководи (планира, организира, води, контролира) со работата на оделот за техничко одржување
- одговорен за насочување на работните задачи на вработените, известување, постигнување на планираните цели, контрола на трошоци
- учествува во креирање на потребите, одбирање и набавки на материјали за работа како и алати и средства работа
- организира и контролира работи поврзани со одржување на електричнa опрема, инсталации и системи во склопот на објектот
- превзема и со тимот на електричари и хаусмајстори спроведува превентивни мерки на одржување на објектот и планира тековно одржување и редовни сервиси на машини и опрема
- редовно контролира и ја оптимизира потрошувачката на енергенсите и потрошните материјали
- контолира и прави потребни интервенции на електричните уреди и инсталации во склад со прописите и упатствата на производителите
- обезбедува висок степен на правовремено и квалитетно отклонување на грешките во работата на надгледуваните системи
- елиминирање на недостатоци – идентификувани при секојдневен надзор или на било кој друг начин.
- учество во планирањето на безбедноста како и во тековната контрола на безбедноста при работа
- ги обучува вработените во оделот, врши евалуација на нивната работа
- носител е на процедурата за одржување на опремата и инсталациите и одговорен за нејзиното правилно спроведување
- ќе се смета за предност предходно искуство на работно место одржување на техничка опрема во трговски центар или сл
- други должности по наредба на Работодавачот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- минимално средна стручна спрема од електро насока, високо образование се смета за предност при вработување и влијае на висината на платата
- за предност се смета познавање на основи на БМС
- најмалку 5 години работно искуство на иста или слична работна позиција
- понавање на МЦ Офис
- добри организациски способности, одговорност, проактивност, носење на одлуки