Промовирани огласи »

Секој отчукување на часовникот е момент што можеш да го искористиш за да ги следиш своите соништа, да изградиш нешто што те исполнува и да создадеш иднина во која ти ги поставуваш правилата. Но, што ако полека се губиме во 9 до 5 рутината, а да не сме ни свесни за тоа?

Токму ова го прикажува краткиот филм FULL TIME. Мајкл Такер е млад скејтбордер кој штотуку дипломирал и ужива во безгрижниот живот низ улиците на Њујорк. Еден ден, мистериозен бизнисмен му нуди работа – да стои на еден плоштад цел ден. Мајкл прифаќа, мислејќи дека е лесна заработка.

Но, колку повеќе заработува, толку повеќе останува заглавен во истиот квадрат. Одбива да се приклучи на пријателите во скатење и дури ја игнорира жената на која ѝ го крадат паричникот. Мајкл останува лојален на работата, додека животот полека му поминува пред очи.

FULL TIME е сурова, но реална метафора за тоа како лесно се навикнуваме на "сигурноста", додека ги жртвуваме своите соништа и слободата. Колку време ќе помине додека сфатиме дека парите не можат да го вратат изгубеното време?

Твојот живот вреди повеќе од еден распоред. Време е да излезеш од квадратот.

Тагови: работно време

Промовирани огласи »

Околу 1.300 новинари, продуценти и помошен персонал на Гласот на Америка добиле известување дека се испратени на принуден одмор, откако претседателот Доналд Трамп потпиша указ за укинување на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ). Оваа одлука ги засегна и Радио Слободна Европа/Радио Слобода, Канцеларијата за емитување за Куба и Радио Слободна Азија.

Мајкл Абрамовиц, директор на Гласот на Америка, изрази тага и загриженост на социјалните мрежи, истакнувајќи дека за прв пат по 83 години студијата и редакциите не функционираат. „ВОА има потреба од внимателна реформа, но денешната одлука го оневозможува извршувањето на животната мисија“, изјави Абрамовиц, потврдувајќи дека и самиот е меѓу тие 1.300 испратени на одмор.

Откажувањето на договорот за грант на Радио слободна Европа/РС е доживеано како подарување победа на непријателите на Америка. Стив Капус, претседател на Радио Слободна Европа, предупреди дека вакви потези ги зајакнуваат противниците на светската слобода, додека милиони луѓе ќе останат без надежни извори на информации. Среде оваа криза, студијата на Гласот на Америка емитуваат само музика, знак за неизвесната иднина на овие државни медиуми.

Промовирани огласи »

Во Македонија, денеска се забележува висока загаденост на воздухот, особено во неколку градови. Гостивар предничи со концентрација од 97 ПМ10 честички, следен од Кичево со 93 и Охрид со 81 честички, што укажува на високо ниво на загаденост.

Други значајни резултати се измерени во Битола, каде нивото е 59 честички и Лазарополе со 53. Овие бројки ги загрижуваат граѓаните и поттикнуваат на итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во државата.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 02ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

31µg/m3Ректорат
30µg/m3Лисиче
26µg/m3Гази Баба
25µg/m3Миладиновци
21µg/m3Карпош
21µg/m3Центар

Македонија

49µg/m3Струмица
39µg/m3Куманово
28µg/m3Гостивар
27µg/m3Велес
25µg/m3Тетово
24µg/m3Битола
21µg/m3Кичево
21µg/m3Гевгелија
20µg/m3Кавадарци
16µg/m3Охрид
6µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Над 160 веб страници за нелегално обложување ќе бидат забранети во првиот бран од стапувањето на сила на измените на Законот за електронски комуникации, информираше денеска во Штип, министерот за дигитална трансформација. Нелегалните приредувачи на игри на среќа ќе ги анализира Државна лотарија, од каде, до министерството ќе се испрати нотификација со табеларен приказ на веб страниците кои треба да се забранат.

Ние ја ажурираме, ја испраќаме како налог за забрана до Агенцијата за електронски комуникации, која ја забранува преку телеком операторите. Како што кажав и при носењето на Законот, оваа трка ќе биде постојана, нема само еднаш да го правиме тоа, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

На овој начин граѓаните се штитат и од злоупотреба на лични податоци, картички и сметки во банка, но и ќе се штити буџетот од излевање на средства, кои би требало да се слеат по основ даночна обврска. Измените веќе детектирале 160 страници кои нелегално приредувале игри на среќа, а се очекува таа бројка да расте со текот на времето.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »