Претпоставките дека Саудиска Арабија и Русија би можеле дополнително да го намалат производството, предизвикаа еднонеделен скок на цените на нафтата, кој аналитичарите го споредуваат со оној од почетокот на годината, но и стравување дека во октомври ќе има дополнителен раст на цената.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,7 отсто, на 88,49 долари, што е највисоко ниво од крајот на јануари. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 6,5 отсто, на 85,02 долари, што е највисоко ниво од почетокот на минатата година.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. зборувајќи за растот на цените на нафтените деривати, тој рече дека промената кај нас доаѓа како резултат на растот на цените на светската берза, на кој влијае геополитиката.
Тие не растат само овде, туку и насекаде низ светот. За мене оваа одлука е неразбирлива, но тоа е тоа, имаме одреден тренд на поскапување на нафтените деривати. Верувам дека ќе надвладее логиката, дека ќе се врати во нормала како пред еден месец и ќе се стабилизира состојбата, рече Бислимовски.