Промовирани огласи »

Претпоставките дека Саудиска Арабија и Русија би можеле дополнително да го намалат производството, предизвикаа еднонеделен скок на цените на нафтата, кој аналитичарите го споредуваат со оној од почетокот на годината, но и стравување дека во октомври ќе има дополнителен раст на цената.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,7 отсто, на 88,49 долари, што е највисоко ниво од крајот на јануари. На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 6,5 отсто, на 85,02 долари, што е највисоко ниво од почетокот на минатата година.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. зборувајќи за растот на цените на нафтените деривати, тој рече дека промената кај нас доаѓа како резултат на растот на цените на светската берза, на кој влијае геополитиката.

Тие не растат само овде, туку и насекаде низ светот. За мене оваа одлука е неразбирлива, но тоа е тоа, имаме одреден тренд на поскапување на нафтените деривати. Верувам дека ќе надвладее логиката, дека ќе се врати во нормала како пред еден месец и ќе се стабилизира состојбата, рече Бислимовски.

Промовирани огласи »

Минатата година на патиштата низ нашата земја имало 483 илјади автомобили, што е раст од 80 проценти за десет години, но огромен дел од нив се постари од 10 години, објави МИА повикувајќи се на податоци од МВР.

Просечната старост на возилата е во постојан раст и сега изнесува 19,5 години. Над 88 проценти биле постари од десет години. За десет години просечната старост се зголемила за околу 2,5 години, од 16,8 во 2012 година, на 19,5 во 2022 година.

Бројот на дизел возила на патиштата е зголемен за 200 проценти за десет години. Од над 115 илјади увезени возила во последните три години, две третини се половни дизел автомобили.

Бројот на увезени хибридни и електрични возила во структурата е речиси незначителен. Минатата година биле регистрирани 190 електрични возила.

Според Пописот од 2021 година вкупното резидентно население во земјава е 1 836 713 луѓе, додека бројот на регистрирани патнички возила е 477 820 или 260 на илјада жители.

Промовирани огласи »

Ако некогаш сте позајмиле автомобил од пријател или сте го изнајмиле од агенција за рент а кар, сигурно сте имале енигма при посета на бензинска пумпа – на која страна е капачето на резервоарот?

Кај некои автомобили отворот за гориво е лево, а кај некои десно, а има неколку причини зошто е тоа така.

При дизајнирањето нов модел, инженерите имаат слобода да го постават отворот за гориво на која било страна што сметаат дека е најпрактична. Фактори кои влијаат на оваа одлука се дизајнот, локацијата на компонентите како што се моторот и резервоарот, но и самата шасија.

Различните компоненти сместени во шасијата и погонската група често ги ставаат инженерите во различни ограничувања при дизајнирањето нов автомобил во обидот да ги насочат линиите за гориво на истата страна на секое возило.

Ако треба да се погледне географијата, логиката е дека Европејците и Американците имаат капаче на резервоарот на левата страна на автомобилите, бидејќи полесно се паркира поблиску до пумпата за гориво, а самиот процес на полнење е поедноставен. Од друга страна, можно е возачите од Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Кина да го претпочитаат полнењето за гориво од десната страна, но често се случува британските и јапонските модели да го имаат капачето на резервоарот лево, а европските и американските од десната страна.

На позицијата на капачето за полнење гориво воопшто не влијае претпочитањето на возачот, и иако постојат прописи за тоа каде треба да се стави капачето за гориво, тие исто така не прецизираат на која страна треба да биде. Правилата што ги регулираат системите за гориво во автомобилот бараат капачето на резервоарот да се наоѓа на најширокиот дел од автомобилот, подалеку од зоните на „гужвање“ на лимот при судар и да не капе на топли делови од издувниот систем или електрични жици.

Сега, исто така, би било бесмислено сите автомобили да имаат отвор за гориво на иста страна, бидејќи тоа би создало метеж на бензинските пумпи бидејќи повеќето возачи би сакале пиштолот за гориво да им биде на страната каде што е капачето на резервоарот.

И за крај, една интересна работа: ако не можете да се сетите на која страна од автомобилот што го возите се наоѓа капачето на резервоарот, само погледнете ја стрелката на таблата со инструменти што го покажува нивото на горивото. Повеќето автомобили имаат индикатор на контролната табла што може да ве спаси да се вратите во автомобилот и да се префрлите на другата страна.

Промовирани огласи »

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто. Договорот во МОН го потпишале претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 отсто. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, напиша на Фејсбук синдикалниот лидер.

Вработените во образованието со септемвриската плата добиваат 10 отсто согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН.

Неделков неодамна за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД.

Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.

Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков во изјава на почетокот на учебната година.

Притоа посочи дека СОНК успеал да издејствува 10 проценти покачување на платите за просветарите во 2020 година и 18 проценти во 2022.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »