Промовирани огласи »

Ако некогаш сте позајмиле автомобил од пријател или сте го изнајмиле од агенција за рент а кар, сигурно сте имале енигма при посета на бензинска пумпа – на која страна е капачето на резервоарот?

Кај некои автомобили отворот за гориво е лево, а кај некои десно, а има неколку причини зошто е тоа така.

При дизајнирањето нов модел, инженерите имаат слобода да го постават отворот за гориво на која било страна што сметаат дека е најпрактична. Фактори кои влијаат на оваа одлука се дизајнот, локацијата на компонентите како што се моторот и резервоарот, но и самата шасија.

Различните компоненти сместени во шасијата и погонската група често ги ставаат инженерите во различни ограничувања при дизајнирањето нов автомобил во обидот да ги насочат линиите за гориво на истата страна на секое возило.

Ако треба да се погледне географијата, логиката е дека Европејците и Американците имаат капаче на резервоарот на левата страна на автомобилите, бидејќи полесно се паркира поблиску до пумпата за гориво, а самиот процес на полнење е поедноставен. Од друга страна, можно е возачите од Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Кина да го претпочитаат полнењето за гориво од десната страна, но често се случува британските и јапонските модели да го имаат капачето на резервоарот лево, а европските и американските од десната страна.

На позицијата на капачето за полнење гориво воопшто не влијае претпочитањето на возачот, и иако постојат прописи за тоа каде треба да се стави капачето за гориво, тие исто така не прецизираат на која страна треба да биде. Правилата што ги регулираат системите за гориво во автомобилот бараат капачето на резервоарот да се наоѓа на најширокиот дел од автомобилот, подалеку од зоните на „гужвање“ на лимот при судар и да не капе на топли делови од издувниот систем или електрични жици.

Сега, исто така, би било бесмислено сите автомобили да имаат отвор за гориво на иста страна, бидејќи тоа би создало метеж на бензинските пумпи бидејќи повеќето возачи би сакале пиштолот за гориво да им биде на страната каде што е капачето на резервоарот.

И за крај, една интересна работа: ако не можете да се сетите на која страна од автомобилот што го возите се наоѓа капачето на резервоарот, само погледнете ја стрелката на таблата со инструменти што го покажува нивото на горивото. Повеќето автомобили имаат индикатор на контролната табла што може да ве спаси да се вратите во автомобилот и да се префрлите на другата страна.

Промовирани огласи »

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто. Договорот во МОН го потпишале претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 отсто. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, напиша на Фејсбук синдикалниот лидер.

Вработените во образованието со септемвриската плата добиваат 10 отсто согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН.

Неделков неодамна за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД.

Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.

Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков во изјава на почетокот на учебната година.

Притоа посочи дека СОНК успеал да издејствува 10 проценти покачување на платите за просветарите во 2020 година и 18 проценти во 2022.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Сите огласи од Кромберг и Шуберт ќе ги најдете ТУКА.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА ВО ТЕТОВО
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ (10 ИЗВРШИТЕЛИ)

НЛБ Груп е водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион – Југоисточна Европа. Покрај НЛБ д.д., главен субјект во Словенија и јавно претпријатие, НЛБ Груп се состои од шест банки-ќерки и неколку компании за помошни услуги меѓу кој е и НЛБ Банка С.Македонија.

Моментално вработува:

СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМПЕНЗАЦИИ, БЕНЕФИТИ И УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИ НА ВРАБОТЕНИ

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ЗА БИЛИНГ СИСТЕМ

Рамстор Македонија е ланец од 25 маркети, еден онлајн маркет „Рамстор до дома” и еден трговски центар Рамстор мол кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Сите активни работни позиции во Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.

Моментално вработува:

ОПШТИ РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа и Поло маркет.

Сите активни работни позиции во TОЛЛАКС ДОО можете да ги најдете ТУКА.

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.

Моментално вработува:

ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ - 3 СМЕНИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите огласи од А1 Македонија ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска од Охрид упати сериозно предупредување дека што поскоро треба да се надмине проблемот со цевководот за топлинска енергија под мостот „Беласица“, кој неодмна беше опожарен и кој е витален за снабдување на поголем дел од градот. Тој предупреди дека без овој цевковод може да се случи „ценовно цунами“ за парното во Скопје, но и дека РКЕ, „нема да дозволи било какви ценовни шокови.

Додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот на мостот ‘Беласица’, Регулаторната комисија за енергетика нема да донесе одлука за цената на парното. Доколку не се постави цевководот ќе имаме проблем со произведената количина на топлинска енергија од ТЕ-ТО која што е три пати пониска отколку цената од Топланите, рече Бислимоски одговарајќи на прашања на новинарите по работилницата која се оддржува вчера и денес во Охрид посветена на повеќе теми од енергетиката.

Овој цевковод е битен и поради тоа што овозможува системот да ја користи и топлинската енергија од когенеративната централа ТЕ-ТО, која е два ипол пати поевтина од онаа која што ја даваат топланите Исток и Запад. Во случај да не профункционира оваа топлинска врска, Топланата Запад ќе мора да работи во полн капацитет што ќе ги зголемува значително и трошоците за производство на топлинска енергија.

Тој објасни дека во крајната цена за парното, вкупниот трошок на топланите што го плаќаат граѓаните е 52 проценти, а трошокот за ТЕ-ТО е 36 проценти. Од друга страна има обратна ситуација во однос на произведената топлинска енергија која ТЕ-ТО ја обезбедува со 60 проценти, а топланите 40 проценти.

Доколку не се постави овој цевковод тогаш ќе се случи ценовно цунами. Од тие причини додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот нема да донесеме одлука. Доста беше заради препирки тоа да оди на грбот на граѓаните. Цена не носиме додека не добиеме цврсто уверување дека цевководот повторно ќе се постави и ќе биде целосно во функција, нагласи Бислимоски.

Тој додаде дека во однос на цената на гасот и неговото влијание врз конечната одлука на РКЕ за цената за парното, ќе зависи која цена ќе се добие на тендерот кој што го распишува ЕСМ производство на топлинска енергија.

Во овој момент цената за топлинска енергија во градот Скопје е триесетина проценти субвенционирана и одговара на далеку пониска цена на гасот од таа што е во моментот, рече Бислимоски, посочувајќи дека цената на гасот во последните три години била зголемена за пет пати, а цената за топлинска енергија во Скопје, вклучувајќи ги субвенциите, во период од две и пол години се зголеми за 26 проценти.

Што и да се случи нема да дозволиме било какви ценовни шокови. Треба да се знае дека при носењето на оваа одлука треба да се вкалкулираат и 6 милиони евра позајмица од Владата и дали ќе се врати наеднаш или во период од две три години. Затоа не можам во моментов да кажам колкава би била цената на парното, а треба да се знае дали ќе продолжат субвенциите и во колкав износ, рече Бислимоски.

Според него, логично е тој што е сопственик на мостот да даде дозвола на ЕСМ дистрибуција за топлинска енергија да ги постави цевките. Според информациите помеѓу двете институции, ЕСМ дистибуција на топлинска енерргија и Градот Скопје има комуникација и верува дека цевководот ќе биде поставен.

Инаку на работилницата во Охрид меѓу другото беше посочено дека граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе плаќаат иста цена за парното греење без оглед на кој од трите системи за греење се приклучени, дали оној кој е дел од ЕСМ, или во Железара или во Скопје Север.

Инаку, во Охрид во фокусот на еден од панелите беше новата Методологија за пресметка на топлинската енергија.

Како што посочи Бислимоски има еден концепт на методологија кој што функционира за сите енергетски дејности, како за електрична енергија, така и за природен гас и за топлинска енергија, во економскиот дел: во делот на трошоци, во делот на поврат на капиталот односно профит, во дел на амортизација, во дел на признавање на инвестиции.

Тоа е заедничка карактеристика за сите и тука има одредени детали кои што се карактеристични за секоја енергија и за секој енергент, рече Бислимоски.

Во делот на топлинската енергија, во регионот нема друг регулатор кој што определува цени за топлинска енергија. Тоа, како што вели Бислимоски е комунална дејност и вообичаено цените ги кажуваат единиците на локалната самоуправа.

Наплатниот систем за топлинска енергија од кој што се снабдуваат 60-тина илјади потрошувачи во градот Скопје единствено го има во Скопје, во останатите општини во државата го нема. Во Скопје има три субјекти кои што ја извршуваат оваа дејност, тоа се компаниите кои што произлегуваат од ЕСМ, потоа Скопје Север и ЕСМ во делот на Железарница.

Околу 58-59 илјади потрошувачи се приклучени на делот каде што е ЕСМ производство на топлинска енергија, ЕСМ дистрибуција и ЕСМ снабдување, во делот на Општина Гази Баба сега се само уште 1.900 и во Скопје Север се 400, вели Бислимоски.

Одлуката која ќе ја носиме во тек на месец октомври најверојатно ќе биде одлука каде што ќе важи иста цена за сите, додава тој.

Според него нема логика да се носи одлука посебно за 1.900 потрошувачи во Железара и во мал дел од Автокоманда, посебна одлука за Скопје Север за 400 потрошувачи затоа што трошоците на компаниите во тој дел се далеку повисоки и би претставувало проблем на потрошувачите Бислимоски исто така вели дека во наредните две години мора да се заврши интегрирање на мрежата, односно таа целосно да се обедини меѓу себе. Во делот на Железара недостасува уште сосема мал дел каде што треба да ги поврзе, а за да се поврзе со Скопје Север потребен е вод од два километри што релативно брзо се прави. На тој начин во овие делови на Скопје каде што не е поранешна Топлификација, ќе се привлечат и нови потрошувачи.

Идејата е да имаме што е можно поголем број нови потрошувачи затоа што на тој начин фиксните трошоци се распределуваат на повеќе потрошувачи и на крајот цената ќе биде поповолна за сите, вели Бислимоски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »