Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Сите огласи од Кромберг и Шуберт ќе ги најдете ТУКА.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА ВО ТЕТОВО
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ (10 ИЗВРШИТЕЛИ)

НЛБ Груп е водечка банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во нашиот матичен регион – Југоисточна Европа. Покрај НЛБ д.д., главен субјект во Словенија и јавно претпријатие, НЛБ Груп се состои од шест банки-ќерки и неколку компании за помошни услуги меѓу кој е и НЛБ Банка С.Македонија.

Моментално вработува:

СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
СЕНИОР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМПЕНЗАЦИИ, БЕНЕФИТИ И УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИ НА ВРАБОТЕНИ

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ЗА БИЛИНГ СИСТЕМ

Рамстор Македонија е ланец од 25 маркети, еден онлајн маркет „Рамстор до дома” и еден трговски центар Рамстор мол кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Сите активни работни позиции во Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.

Моментално вработува:

ОПШТИ РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа и Поло маркет.

Сите активни работни позиции во TОЛЛАКС ДОО можете да ги најдете ТУКА.

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.

Моментално вработува:

ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ - 3 СМЕНИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите огласи од А1 Македонија ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска од Охрид упати сериозно предупредување дека што поскоро треба да се надмине проблемот со цевководот за топлинска енергија под мостот „Беласица“, кој неодмна беше опожарен и кој е витален за снабдување на поголем дел од градот. Тој предупреди дека без овој цевковод може да се случи „ценовно цунами“ за парното во Скопје, но и дека РКЕ, „нема да дозволи било какви ценовни шокови.

Додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот на мостот ‘Беласица’, Регулаторната комисија за енергетика нема да донесе одлука за цената на парното. Доколку не се постави цевководот ќе имаме проблем со произведената количина на топлинска енергија од ТЕ-ТО која што е три пати пониска отколку цената од Топланите, рече Бислимоски одговарајќи на прашања на новинарите по работилницата која се оддржува вчера и денес во Охрид посветена на повеќе теми од енергетиката.

Овој цевковод е битен и поради тоа што овозможува системот да ја користи и топлинската енергија од когенеративната централа ТЕ-ТО, која е два ипол пати поевтина од онаа која што ја даваат топланите Исток и Запад. Во случај да не профункционира оваа топлинска врска, Топланата Запад ќе мора да работи во полн капацитет што ќе ги зголемува значително и трошоците за производство на топлинска енергија.

Тој објасни дека во крајната цена за парното, вкупниот трошок на топланите што го плаќаат граѓаните е 52 проценти, а трошокот за ТЕ-ТО е 36 проценти. Од друга страна има обратна ситуација во однос на произведената топлинска енергија која ТЕ-ТО ја обезбедува со 60 проценти, а топланите 40 проценти.

Доколку не се постави овој цевковод тогаш ќе се случи ценовно цунами. Од тие причини додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот нема да донесеме одлука. Доста беше заради препирки тоа да оди на грбот на граѓаните. Цена не носиме додека не добиеме цврсто уверување дека цевководот повторно ќе се постави и ќе биде целосно во функција, нагласи Бислимоски.

Тој додаде дека во однос на цената на гасот и неговото влијание врз конечната одлука на РКЕ за цената за парното, ќе зависи која цена ќе се добие на тендерот кој што го распишува ЕСМ производство на топлинска енергија.

Во овој момент цената за топлинска енергија во градот Скопје е триесетина проценти субвенционирана и одговара на далеку пониска цена на гасот од таа што е во моментот, рече Бислимоски, посочувајќи дека цената на гасот во последните три години била зголемена за пет пати, а цената за топлинска енергија во Скопје, вклучувајќи ги субвенциите, во период од две и пол години се зголеми за 26 проценти.

Што и да се случи нема да дозволиме било какви ценовни шокови. Треба да се знае дека при носењето на оваа одлука треба да се вкалкулираат и 6 милиони евра позајмица од Владата и дали ќе се врати наеднаш или во период од две три години. Затоа не можам во моментов да кажам колкава би била цената на парното, а треба да се знае дали ќе продолжат субвенциите и во колкав износ, рече Бислимоски.

Според него, логично е тој што е сопственик на мостот да даде дозвола на ЕСМ дистрибуција за топлинска енергија да ги постави цевките. Според информациите помеѓу двете институции, ЕСМ дистибуција на топлинска енерргија и Градот Скопје има комуникација и верува дека цевководот ќе биде поставен.

Инаку на работилницата во Охрид меѓу другото беше посочено дека граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе плаќаат иста цена за парното греење без оглед на кој од трите системи за греење се приклучени, дали оној кој е дел од ЕСМ, или во Железара или во Скопје Север.

Инаку, во Охрид во фокусот на еден од панелите беше новата Методологија за пресметка на топлинската енергија.

Како што посочи Бислимоски има еден концепт на методологија кој што функционира за сите енергетски дејности, како за електрична енергија, така и за природен гас и за топлинска енергија, во економскиот дел: во делот на трошоци, во делот на поврат на капиталот односно профит, во дел на амортизација, во дел на признавање на инвестиции.

Тоа е заедничка карактеристика за сите и тука има одредени детали кои што се карактеристични за секоја енергија и за секој енергент, рече Бислимоски.

Во делот на топлинската енергија, во регионот нема друг регулатор кој што определува цени за топлинска енергија. Тоа, како што вели Бислимоски е комунална дејност и вообичаено цените ги кажуваат единиците на локалната самоуправа.

Наплатниот систем за топлинска енергија од кој што се снабдуваат 60-тина илјади потрошувачи во градот Скопје единствено го има во Скопје, во останатите општини во државата го нема. Во Скопје има три субјекти кои што ја извршуваат оваа дејност, тоа се компаниите кои што произлегуваат од ЕСМ, потоа Скопје Север и ЕСМ во делот на Железарница.

Околу 58-59 илјади потрошувачи се приклучени на делот каде што е ЕСМ производство на топлинска енергија, ЕСМ дистрибуција и ЕСМ снабдување, во делот на Општина Гази Баба сега се само уште 1.900 и во Скопје Север се 400, вели Бислимоски.

Одлуката која ќе ја носиме во тек на месец октомври најверојатно ќе биде одлука каде што ќе важи иста цена за сите, додава тој.

Според него нема логика да се носи одлука посебно за 1.900 потрошувачи во Железара и во мал дел од Автокоманда, посебна одлука за Скопје Север за 400 потрошувачи затоа што трошоците на компаниите во тој дел се далеку повисоки и би претставувало проблем на потрошувачите Бислимоски исто така вели дека во наредните две години мора да се заврши интегрирање на мрежата, односно таа целосно да се обедини меѓу себе. Во делот на Железара недостасува уште сосема мал дел каде што треба да ги поврзе, а за да се поврзе со Скопје Север потребен е вод од два километри што релативно брзо се прави. На тој начин во овие делови на Скопје каде што не е поранешна Топлификација, ќе се привлечат и нови потрошувачи.

Идејата е да имаме што е можно поголем број нови потрошувачи затоа што на тој начин фиксните трошоци се распределуваат на повеќе потрошувачи и на крајот цената ќе биде поповолна за сите, вели Бислимоски.

Промовирани огласи »

Ако почувствувате стагнација во вашиот професионален живот потребно е да размислите како да напредувате на вашата тековна позиција, да направите промена на работното место или да започнете нешто свое.

Многумина од нас во текот на работниот век се соочиле со она тешко чувство на стагнација кога секој ден е ист, а работата престанува да биде предизвик. Но и покрај тоа, повеќето луѓе избираат сигурни околини и силно и се спротивставуваат на промената, дури и кога тоа е штетно за нивната кариера. 

Еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат во напредокот:

  1. Бидете примерен модел на вработен. Правило број еден за да се биде добар вработен, секогаш треба да се биде на време и подготвен за работа;
  2. Решавајте ги проблемите, не само да ги идентификувате;
  3. Почитувајте го времето на вашиот шеф;
  4. Стремете се кон повеќе;
  5. Побарајте совет;
  6. Зборувајте! Искажете го своето мислење;
  7. Развијте ги вашите лидерски вештини;
  8. Дефинирајте го вашиот успех.

Успехот не се случува случајно. Всушност, истражувањата покажуваат дека успешните луѓе имаат многу повеќе заедничко отколку што мислите. Што и да работите, без разлика дали е тоа работата од вашите соништа или привремена работа што ќе ви помогне да се стекнете со посакуваната кариера, секогаш уживајте во она што го правите. На тој начин ќе се стекнете со повеќе самодоверба и професионално ќе ги извршувате работните задачи.

Промовирани огласи »

Singular свет низ објективите на Филип Галевски и Дејан Колевски

Секој од нас е комплексен мозаик од различни интереси и пасии со кои од ден во ден растеме и се надградуваме, а таква е приказната и на Дејан Колевски и Филип Галевски кои вчера отворија заедничка изложба на фотографии во Македонска опера и балет во Скопје.

Двајцата се колеги во софтверската компанија Singular и нивната работа во најголем дел е врзана со иновативни решенија на различен тип на задачи, но своите креативни визии ги изразуваат и низ уште еден медиум - фотографијата. Со апсолутна поддршка од нивниот тим, тие претставија сeлекција од дела под насловот “Going places” кои ќе може да се погледнат и во арт-кафулето „Концепт 37“ до 21 октомври. .

Тековната кампања, WeBenefit, компанијата Singular ја создаде со цел да креира платформа преку која ќе се раскажуваат уникатни приказни низ призмата на вработените.

Дополнително, се направи простор каде секој од луѓето може да се прeтстави во поинакво светло и да ги сподели своите интереси и вештини кои ги надополнуваат нивните професионалните квалитети. Токму во рамки на тие активности беше организирана и изложбата, а од тимот посочуваат дека Talent Expo програмата, која и понатаму ќе се надградува, е континуирана активност каде вработените ќе имаат поддршка од компанијата да ги истакнат своите таленти.

- Во Singular негуваме култура на заедништво, дружење и постојано организираме бројни настани. Но, она што особено ме радува и ме прави горда е што овие настани се фокусирани на теми кои се од значење за колегите. Заеднички создаваме дополнителни вредности и не се позиционираме во една рамка како само луѓе од софтверската индустрија туку имаме простор да се изразиме како комплексни личности со различни афинитети кои се дел од нашето „јас”. 

Настаните од ваков тип каде се запознаваме со една поинаква страна на колегите креираат нови канали на комуникација меѓу нас и на природен начин се врзуваме во едно милје каде секој може да стави фокус на својата индивидуалност и да ја добие потребната поддршка од тимот - вели Елена Михајлоска – Димоска, Head of Communications and Employer Brand во Singular.

Дејан Колевски е вработен на позицијата Head of Customer Service во Singular, а секој слободен момент ја следи и својата пасија – фотографијата. Член е на Фото-сојузот на Македонија каде што се има здобиено со титулата Мајстор на фотографија. Има учествувано на многу национални и интернационални натпревари и досега има организирано неколку индивидуални изложби.

-  Голем дел од мојата професионална кариера беше исполнет со чести патувања, а тоа ми овозможи да видам и фотографирам многу интересни места и настани. Би рекол дека занимавањето со фотографија е комплементарно со мојата професија, но истото најверојатно важи и за било која друга професија. Балансот помеѓу приватните и работните обврски како и кога станува збор за било кое друго хоби е многу важен и потребно е да се најде. Една компанија може да биде успешна само ако вработените се на централно место во компаниските вредности. Тоа е клучен фактор за мотивација и постигнување добри резултати.

Од тој аспект, кампањата WeBenefit го поддржува личниот развој на секој вработен во Singular, но позитивно влијае и на градење на здрава компаниска култура и вредности – вели Дејан Колевски.

Неговиот колега Филип Галевски пак е DevOps инжинер во Singular кој покрај фотографијата, се занимава и со музика. Во најголем дел е фокусиран на „ловење“ на природните убавини или само навидум вообичаените моменти од секојдневниот живот.

- Интересот се јави додека бев мал и го гледав татко ми како се занимава со фотографија. Многу години подоцна сфатив дека фотографијата е хоби со кое сакам да се занимавам и пред повеќе од една година го купив мојот прв фотоапарат. Технологијата отсекогаш била моја пасија. Иако самиот процес на фотографирање навидум е креативна работа, обработката на фотографиите која следи, бара користење на модерни алатки. На прв поглед, фотографирањето нема директна врска со мојата професија, но многу лесно би можело да се стави во корелација со ИТ технологијата.

Воедно, ова е моја прва изложба и сум особено среќен дека по кусо време добив можност моите фотографии да бидат изложени пред поширока јавност. Кампањата WeBenefit е одлична можност за поттик и поддршка на вработените во нивните интереси кои се надополнување на нашата професија – посочува Филип Галевски.

Singular функционира веќе 14 години, а во 2021 стана дел од Flutter Entertainment Plc., водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет на секој вработен.

За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »