Singular свет низ објективите на Филип Галевски и Дејан Колевски
Секој од нас е комплексен мозаик од различни интереси и пасии со кои од ден во ден растеме и се надградуваме, а таква е приказната и на Дејан Колевски и Филип Галевски кои вчера отворија заедничка изложба на фотографии во Македонска опера и балет во Скопје.
Двајцата се колеги во софтверската компанија Singular и нивната работа во најголем дел е врзана со иновативни решенија на различен тип на задачи, но своите креативни визии ги изразуваат и низ уште еден медиум - фотографијата. Со апсолутна поддршка од нивниот тим, тие претставија сeлекција од дела под насловот “Going places” кои ќе може да се погледнат и во арт-кафулето „Концепт 37“ до 21 октомври. .
Тековната кампања, WeBenefit, компанијата Singular ја создаде со цел да креира платформа преку која ќе се раскажуваат уникатни приказни низ призмата на вработените.
Дополнително, се направи простор каде секој од луѓето може да се прeтстави во поинакво светло и да ги сподели своите интереси и вештини кои ги надополнуваат нивните професионалните квалитети. Токму во рамки на тие активности беше организирана и изложбата, а од тимот посочуваат дека Talent Expo програмата, која и понатаму ќе се надградува, е континуирана активност каде вработените ќе имаат поддршка од компанијата да ги истакнат своите таленти.
- Во Singular негуваме култура на заедништво, дружење и постојано организираме бројни настани. Но, она што особено ме радува и ме прави горда е што овие настани се фокусирани на теми кои се од значење за колегите. Заеднички создаваме дополнителни вредности и не се позиционираме во една рамка како само луѓе од софтверската индустрија туку имаме простор да се изразиме како комплексни личности со различни афинитети кои се дел од нашето „јас”.
Настаните од ваков тип каде се запознаваме со една поинаква страна на колегите креираат нови канали на комуникација меѓу нас и на природен начин се врзуваме во едно милје каде секој може да стави фокус на својата индивидуалност и да ја добие потребната поддршка од тимот - вели Елена Михајлоска – Димоска, Head of Communications and Employer Brand во Singular.
Дејан Колевски е вработен на позицијата Head of Customer Service во Singular, а секој слободен момент ја следи и својата пасија – фотографијата. Член е на Фото-сојузот на Македонија каде што се има здобиено со титулата Мајстор на фотографија. Има учествувано на многу национални и интернационални натпревари и досега има организирано неколку индивидуални изложби.
- Голем дел од мојата професионална кариера беше исполнет со чести патувања, а тоа ми овозможи да видам и фотографирам многу интересни места и настани. Би рекол дека занимавањето со фотографија е комплементарно со мојата професија, но истото најверојатно важи и за било која друга професија. Балансот помеѓу приватните и работните обврски како и кога станува збор за било кое друго хоби е многу важен и потребно е да се најде. Една компанија може да биде успешна само ако вработените се на централно место во компаниските вредности. Тоа е клучен фактор за мотивација и постигнување добри резултати.
Од тој аспект, кампањата WeBenefit го поддржува личниот развој на секој вработен во Singular, но позитивно влијае и на градење на здрава компаниска култура и вредности – вели Дејан Колевски.
Неговиот колега Филип Галевски пак е DevOps инжинер во Singular кој покрај фотографијата, се занимава и со музика. Во најголем дел е фокусиран на „ловење“ на природните убавини или само навидум вообичаените моменти од секојдневниот живот.
- Интересот се јави додека бев мал и го гледав татко ми како се занимава со фотографија. Многу години подоцна сфатив дека фотографијата е хоби со кое сакам да се занимавам и пред повеќе од една година го купив мојот прв фотоапарат. Технологијата отсекогаш била моја пасија. Иако самиот процес на фотографирање навидум е креативна работа, обработката на фотографиите која следи, бара користење на модерни алатки. На прв поглед, фотографирањето нема директна врска со мојата професија, но многу лесно би можело да се стави во корелација со ИТ технологијата.
Воедно, ова е моја прва изложба и сум особено среќен дека по кусо време добив можност моите фотографии да бидат изложени пред поширока јавност. Кампањата WeBenefit е одлична можност за поттик и поддршка на вработените во нивните интереси кои се надополнување на нашата професија – посочува Филип Галевски.
Singular функционира веќе 14 години, а во 2021 стана дел од Flutter Entertainment Plc., водечката светска компанија за онлајн спортско обложување и игри, придружувајќи се на дел од најпознатите брендови во индустријата, како PokerStars, FanDuel, Paddy Power, Betfair, Sisal, Blip и Sportsbet. Со поддршка од Flutter, Singular создава широк спектар на можности за кариерен развој и притоа го негува сопствениот идентитет на секој вработен.
За повеќе информации за Singular, пакетот на придобивки и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk